Serie A 2020/21

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.055
Ај ај ај 6 страни за ќебапот во интер со хлавоспеви, мислиш де брујне го зеле :pos: Да речам дека сум разочаран ќе е overstatement, го чекавме 5 години да заигра и баш кога пркна колку толку, реши да напушти во сезоната кога ќе играме ЛШ. Што да очекуваш од човек што го изневери жената па го тешеа сите и накрај ѝ се врати со плачење ко тој да се огрешил. Многу ретко е кај некој во фан базата омилен или недајбоже незаменлив, еден натпревар игра четири дреме, ако треба да го опишам со еден збор тоа е неконзистентност, ако треба да го опишам со два тоа е прост ќебап, наместо загарантирана 10ка во еден клуб, ќе се бори за прв состав во директниот ривал.

Од ова единствено ќе бидам среќен ако Малдини ја научи лекцијата и му го продолжи договорот на Кеси кој истекува следна година, па нема да се доведеме во ваква ситуација. Но, од друга страна, играч кој не сака веќе да го носи дресот не сака, макар си му понудил и 10 мил. Пожално за мене е тоа што му се случи на Донарума, наместо да полага матура тој замина на Ибица, пет години подоцна му се деси перење мозок, така е кога бегаш од нашколо.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.730
Поени од реакции
11.565
Ако фејлне скроз догодина за 10тина милиона ќе му ги спакува Марота куферите и ни лук јал,ни лук мирисал...



Sent from my SM-G975U using Tapatalk
:icon_lol:

Каде бе жити се ќе продадеш 28 годишен Хакан Чалханоглу со 5м годишна плата?

6 месеци клубовите беа слободни да преговараат со него и да го донесат за 0 евра по што доби точно нула понуди од европски тимови, и тоа у јануари коа пак му беше тазе солидната форма што ја имаше у ланската сезона. Од јануари наваму е константно у пад и еден од полошите играчи у Милан и штотуку го заврши европското усран со срамен перформанс.

10м ќе му извадел Марота до година ако фејлнел. :pos:

Па уште и муабети има као Милан до лани можел да му извади 30м, страшна работа у пичку матер. Очигледно е дека поише од 8 минути хајлајтс на јутуб и опта статистика на твитер немате видено од Хакан.
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
38.168
Поени од реакции
107.649
10м ќе му извадел Марота до година ако фејлнел
Другар, за Мората се свртени преку 200м во светот на фудбалот, зошто побогу да не му извади некој на Хакан ебени 10м?
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.730
Поени од реакции
11.565
Другар, за Мората се свртени преку 200м во светот на фудбалот, зошто побогу да не му извади некој на Хакан ебени 10м?
Заради истото тоа што го напишав погоре, доколку Хакан како слободен агент со 27 години после солидно изиграна ланска сезона доби нула понуди зошто догодина доколку фејлне некој би понудил 10м за него?

Еве претпоставувам членот што го цитирав се надева на некој турски тим налик Трабзонспор. Истиот тој тим има луѓе што се задолжени за трансфери, свесни се дека Хакан Чалханоглу е слободен агент и дека Милан му нуди 4м. Значи тие луѓе у Трабзон можат да му понудат нешто над 4те милиони што ги нуди Милан и да го донесат Хакан на 27 години за 0 евра од јануари наваму, но се решаваат против таков чекор и не праќаат никаква понуда.

Фаст форвард една година Чалханоглу фејлнува во Интер, постар е една година и зема плата од 5м. Зошто сега истите тие луѓе во Трабзон би се решиле да платат 10м за него па уште и да треба да му дадат плата од минимум 5м?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.168
Поени од реакции
107.649
Заради истото тоа што го напишав погоре, доколку Хакан како слободен агент со 27 години после солидно изиграна ланска сезона доби нула понуди зошто догодина доколку фејлне некој би понудил 10м за него?

Еве претпоставувам членот што го цитирав се надева на некој турски тим налик Трабзонспор. Истиот тој тим има луѓе што се задолжени за трансфери, свесни се дека Хакан Чалханоглу е слободен агент и дека Милан му нуди 4м. Значи тие луѓе у Трабзон можат да му понудат нешто над 4те милиони што ги нуди Милан и да го донесат Хакан на 27 години за 0 евра од јануари наваму, но се решаваат против таков чекор и не праќаат никаква понуда.

Фаст форвард една година Чалханоглу фејлнува во Интер, постар е една година и зема плата од 5м. Зошто сега истите тие луѓе во Трабзон би се решиле да платат 10м за него па уште и да треба да му дадат плата од минимум 5м?
Сериозно?
Ериксен како беше земен? Рамос како ќе си оди од Реал? Донарума ако фејлне у ПСЖ нема ли да се најде некој што ќе кешира бар 50м? Многу безвезен муабет, прво шпекулираш со тоа дека не го барал никој, тоа не може да го знаеме јас и ти, второ и да не го барал секако дека Интер и Милан не се единствените што би го имале во тим и ниеден друг клуб на светот. Хипотетички ако фејлне, ако не Турција тука се Кина, Катар и СА, Америка. Не ме јеби дека не може 10-15м да му извадиш на играч ко Хакан, побогу Пинамонти е платен 19м евра. Глуп муабет тераш али ај.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.730
Поени од реакции
11.565
Сериозно?
Ериксен како беше земен? Рамос како ќе си оди од Реал? Донарума ако фејлне у ПСЖ нема ли да се најде некој што ќе кешира бар 50м? Многу безвезен муабет, прво шпекулираш со тоа дека не го барал никој, тоа не може да го знаеме јас и ти, второ и да не го барал секако дека Интер и Милан не се единствените што би го имале во тим и ниеден друг клуб на светот. Хипотетички ако фејлне, ако не Турција тука се Кина, Катар и СА, Америка. Не ме јеби дека не може 10-15м да му извадиш на играч ко Хакан, побогу Пинамонти е платен 19м евра. Глуп муабет тераш али ај.
Потврдено е и од неговиот агент и од луѓе многу блиски до Милан дека единствената понуда пред да се деси ова со Ериксен и Интер за Хакан беше од извесен Ал-Духаил од Катар, и тоа доста повисока од таа на Интер, што он ја одби заради тоа што сакал да остане во Европа. Не глеам зошто би се сменило тоа догодина и би се сложил да игра у Катар на 28. Значи доколку фејлне пак се враќаме на тоа горе.

Нема врска глуп е муабетов у право си, јас напротив сметам дека и солидно ќе се покаже во Интер со оглед на тоа што нема од него да се очекува да биде лидер и главен играч на терен. Само така у очи ми падна тоа дека ако фејлнел Марота ќе му извадел толку и толку милиони евра од шала.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.012
Поени од реакции
55.294
4.5 првата, а следните 2 години по 5 милиони ќе зима.

Има 27 години и одлична СУВА статистика. Лесно ќе се излаже некој директор на истанбулски Башакшекир. :icon_lol:
Плус, миланези, со вашите коментари божем се откачувате од Радета Круниќ не терате турчинов со сила да го праиме дека е Кака.

Полека малце, за 0 и со зборови нула евра е супер трансфер. Изиграл само пола сезона јако у Милан од кога е дојден. Па Милан самиот како клуб има изиграно само 6 месеци јако фудбал у последниве 4 години.
Има Интер јаки играчи не се секирајте дека турчинов ќе биде централен дел од играта.

Без пари го земавме од Милан, за понуда од пола милион-милион појака од нивната. Што вика бене, прајслес.
Пак ќе кажам, вие се тешите божем Дера Ниќкру ни го давате.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
Факт е дека нема да е лесно да се продаде Хакан у иднина со таа плата, у право е Хефест, ама па и Интер не губи многу од финансиски аспект. Платата не е многу ниска а и Хакан дефинитивно не ја заслужува ама секогаш фри играчите земаат поголеми плати, се компензира за трансфер цената од 0 евра. Да го потпишеа пред да му истече договорот помала плата ќе земаше.

Bottom line у ситуацијава е дека Интер зеде добар играч за малку пари. Перфектна замена за Ериксен, скрос идентичен тип на играч ми е ко данецот. Е сега фактот дека може да флопне си стои, има такви предиспозиции Хакан реално, не беше мн константен у Милан ама пак Интер не губи многу. 4,5 еве 5 мил годишно без трансфер сума не е лош дил. Од друга страна па мислам дека и Милан нема што да жали, не дека го губат Тео или Кеси за без пари у ривал. Повеќе е за жалење одењето на Доларума отколку ова, ама па по се изгледа добро се покрија на таа позиција. Сигурен сум дека и одењето на Хакан ќе го покријат.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.313
Поени од реакции
7.448
Ќе си кажи луѓе времето со резултатите на екипите...можеби Чаканоглу ќе испадни епски флоп или ќе се повреди (скраја да е) и ништо нема да бидни...како и да е од сегашна перспектива ќе биди интересна и изедначена сезона бидејќи Јувентус,Наполи,Лацио и Рома имаат посериозни тренери и ќе бидат консолидирани како екипи.
Дефинитивно ќе биде изедначена и интересна сезона помеѓу овие тимови што ги наброја плус Милан за 2 до 6 место, првото место е резервирано со коефициент 1.001... Интер ќе си издоминира...
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Како така на не завршено Меркато Милан лошо се покажал? Т.е не е ни почната. Донарума го сменија со сосема добар голман кој ги кошта помалце отколку Донарума да продолжеше. Донарума ќе зема 10м плата +2м бонуси и 20м провозија за Мино. 5 годишен договор ете ги 80 милиони. Не знам како да ви објаснам дека Хакан не е ништо wow и дека е лесно заменлив. Вадите некои безвезни статиски креирани шанса кај што може да влезе и ако му ја подал топката на некој и овој да шутне од 20 метри и ете креирана шанса. Воопшто не ми е криво Хакан мене лично. Точно едини лошо е што не искешираа на него и што треба пари за негова замена ама не е крај на свет и не го прави драстично послаб Милан. Ќе видиме со кој ќе го сменат и за која сума. Меркатото уште не е ни отворено така да нема потреба од паѓање во трансови.
Лошо си ме сфатил можеби.
Милан сега ќе има -2 играчи, позиции којшто ќе треба да ги покрива и да лупа пари. Покрај и останатите позиции којшто треба да се покриваат. А 0 евра инкасираа за тие 2 позиции. Муабет тука правевме како на Милан ќе му требале околу 50 м за да покрие се и да биде на "Ист" квалитет како и лани. Сеа рачунај барем уште 10 +. А кај се тука појачувањата?

Околу Донарума, стварно многу барал братот. Иако да бидеме реални предобар голман е, ептен млад и веќе прв избор за репка како Италија. Штета Мино што му е агент. Мислам дека појакиве клубови од Англија, Реал или Барса би му платиле и таква сума т.е 80м на 5 години, но јасно ни е во Италија како идат работите :)




Сфатете дека Хакан е земен за НУЛА евра, денари, динари, драхми, лева....
Никој не очекува Хакан да биде главна карика у тим, доволно е да е пристоен играч којшто ќе врши работа. Нема Интер ококу Хакан да гради тим туку Хакан ќе дојде во веќе готов тим.
Реално 15 милиона за 3 години, бонбона бизнис е тоа. Сигурно за 0 немаше да најдат биље играч. Е сеа ќе видиме како ќе се покаже.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.836
Поени од реакции
23.075
Интер прави класична Баерн Минхенка, им ги собира играчите на 'конкурентите'...

Лани Милан заврши второ место и оооооп им го лапнаа најдобриот везен играч и тоа без пари...

Да сигурно беше Хакан најдобриот везен играч на Милан :icon_lol:


Хакан ќе биде новиот Луис Алберто за Инзаги и ќе биде доста корисен за Интер во системот на новиот тренер.
Алберто трча на една утакмица колку што трча Хакан за полу сезона
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.012
Поени од реакции
55.294
Алберто трча на една утакмица колку што трча Хакан за полу сезона
hehe

Хакан (не рачунајќи го Габија кој има изиграно 602 минути) после Кеси ви е играч со највеќе истрчани километри у просек. 10.249км
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.313
Поени од реакции
7.448
Да сигурно беше Хакан најдобриот везен играч на Милан :icon_lol:




Алберто трча на една утакмица колку што трча Хакан за полу сезона
Искрено вие и самите не можете да се договрите кој ви е најдобар, прво Бенасер го споредувавте со Барела, па постиравте видеа после првиот натпревар како Бенасер го издоминирал 'најдобриот' Барела, после Бенасер откако се вратил од повреда не знаел да оди. Хакан бил најдобар во Корона периодот па после се изгубил почнал да не игра, Кеси имал моменти па немал.

Хакан сакале да признаете или не, беше главна карика во Милан, секоја сезона со најмогу асистенции. Најдобра средина ви беше кога играа сите здрави Кеси, Бенасер и Хакан.

Хакан ќе дојде во шампионски и консолидиран тим каде што Брозо и Барела трчаат како луди, каде ќе прави асистенции на Лукаку и Лаутаро, баш ме интересира каков импакт ќе има...
Автоматски споено мислење:

Исто така интересен факт Луис Алберто просечно трчал 9.621км по натпревар а Хакан 10.249км
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom