@Сладоледџија Следи сега шо ќе ти пишам, федерацијата со клубовите пред почеток на сезона договорија протокол што цело време го спомнуваш и истиот функционираше сѐ до утакмицата Наполи Јуве. Тогаш Наполи не се појави во Торино затоа што покраинските власти забранија излегување на било кој (тука спаѓаат и фудбалерите). Потоа федерацијата постапи по протоколот и им додели службена победа на Јуве. Ама Наполи се жалеше на сите инстанци и на крај стигна до последната, федерален олимписки комитет. Одлуката на овој комитет ги поништува сите одлуки на федерацијата, без разлика што се донесени тие одлуки во согласност со протоколот. Е откако се деси тоа, веќе нема уедначено постапување. И Лацио излезе на терен, Торино не се појави, ама не ни даваат три бода, заради претходно успешната жалба на Наполи. И сеа тоа е, нема тука третман мајка маќеа како што повторуваш, туку колизија на две инстанци, за жал таа шо не ни одговара има приоритет.