Serie A 2020/21

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 август 2010
Мислења
39.668
Поени од реакции
115.297
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.350
Поени од реакции
14.737
Мене ќе ми беше многу повеќе логично да бркаат некој тренер како Тухел, Нагелсман. Не баш нив, но некој таков тип... млади, талентирани, кои имаат знаење, а ќе го издигнат клубот по квалитет на игра, по атрактивност, но и ќе постават темели за иднина. Или на пример земи го Рангник кој ќе ти потсреди милион работи во клуб и после некоја сезона, веќе ќе се знае кој тренер ќе продолжи, што ќе биде со играчкиот кадар во иднина и слично.

Ова исто го мислам и за Милан, не само за Рома. Не се завршува ништо со влегување во ЛШ, особено кога не си на тоа ниво да си мирен дека потоа и во наредните барем три години ќе играш ЛШ. Кога не можеш да се натпреваруваш со трансфери, односно финансиски да доминираш над другите, мораш да понудиш некаков наратив, кој ќе издржи и одреден неуспех, затоа што ќе работиш на подолг период и ќе имаш темели од кои нешто ќе се развива.

Мурињо не ми е таква приказна. Добро, единствено да им донесе титула, но и тогаш ќе биде важно на кој начин, односно што ќе остане за утре. Но, сепак, титула е доволна и сама по себе, посебно за клуб кој освојува многу ретко.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.668
Поени од реакции
115.297
Нема тим Мурињо да направи нешто посериозно со Рома, али веројатно ќе биде доста подобар од неговите претходници и ќе се вмеша ако ништо друго во борбата за ЛШ. Мене ми е малце жал за него, Тотенхем и Рома му се очајнички обиди да си ја спаси кариерата али како што тргнал тешка работа.
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
Конечно конкуренција на Златан. Ќе биде интересно кој ќе има поочаен обид во битката да остане релевантен и да се претстави како некаков фактор во фудбалот.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
МУРИЊО ВО МИСИЈА ДА ОДИ КАЈ КОНКУРЕНТИТЕ НА СИТЕ ЕКИПИ ШТО ГО САКААТ :vozbud: :vozbud:
Ај, да не пишам по сто пати:

Мурињо свесно одбра да пропадне, почна да тренира дно од клубови како Тотенхем и Рома, господ да се симне не може да им освои трофеј. Не знам каде наоѓа мотивација да работи, 100 милиони има напакувано само од откази, земал Рома ќе ја тренира. За него најдобра опција е да си земе Португалска репрезентација или некоја друга, и да кулира малце.

Добро, барем италијанското ќе е позабавно со него а Рома не е никаков конкурент за ништо, така да во ред е од наша страна, иначе многу глуп потег.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.298
Поени од реакции
7.025
Ја мислам дека ептен погодена комбинација ќе биде.

Рома се заспани у последно време, нови газди, целосно нов проект и ги зема Мурињо, со веќе сериозно разнишано тренерско реноме по првичните успеси. Летово ќе може мислам сам да си бира играчи што ќе ги купи, башка во соблекувалната на Рома нема проблематични карактери или егоисти(како на пример Хазард во Челзи, Погба во Манчестер, Кејн и исхајпаниот Деле Али во Тотенхем итн.)..тука у соблекувална ги имаш мртвиот ЛореПеле, Џеко и Педро на 35 години, пар добри млади играчи сеуште што немаат ништо направено во кариерата(Виљар, Кумбула, Ибањез, Манчини).., мислам дека ќе нема (речиси) никаков притисок од медиумите бидеќи Рома не е медиумски експонирана како останатите тимови од Италија (Јуве, Интер, Милан итн.), така да мислам дека ова БИ МОЖЕЛО да излезе win-win ситуација за двете страни - Рома повторно да се етаблира во 4-ката во Италија, евентуално наредната сезона(2022-2023), по добро обработени 3 трансфер периоди(летово, зимото 2022 и лето 2022) да можат да се умешаат во посериозна борба за Скудето, некој Куп да улета успат итн, а Мурињо да се врати и за крај да обработи во ПСЖ или Баерн :icon_mrgr:
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Ако размислите подобро и во Тотенхем беше во неговата комфорна зона и ги имаше сите услови за да направи успех..плус можеби Топ 5 напаѓачи во светот и една дузина од копачи во тимот....блам допре...едноставно нешто што можи да има изговор е тоа што беше во ненормално јака лига со претешка конкуренција...вака во Италија конкуренцијата е дијаметрално спротивна од ПЛ и има многу смешни екипи...ама пак Рома се ептен бедни во составот....

Типувам просечни резултати и некое 5-6-то место..втората сезона клоца и то е то.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Секаков респект изгубив за Мурињо со потегов, а веројатно бев еден од последните негови фанови. Како и цела фан-база на Интер, последната што уште го третира со некаков reverence, и разбирливо го памети како бог. Веројатно и таа група на фанови ќе ја изнервира со некои глупи коментари и закачки, уште првите неколку недели по почеток на сезоната.
Јас бев со (тажен и погрешен) став дека во Тотенхем ќе направи нешто, зошто имаше релативно добар талент на располагање во ростерот и клуб кој не го пратат големи очекувања. Ама, типот комплетно се избламира. Со Рома, која е квалитативно цела класа под Тотенхем, не очекувам ништо подобар да биде.
Не знам што им се плановите на Рома, ама Рома ни по моментален квалитет на тимот, ни финансиски, ни по реноме е блиску до борба за трофеи. Посебно, во ситуација кога Интер и Милан се многу постабилни, Јуве е Јуве генерално, а Аталанта, Наполи, па дури и Лацио се подобри тимови во моментов. Рома и во годините кога работеше најдобро, имаше супер талентирани играчи и завршуваше на второ место позади Јуве, мораше да продава по еден играч секое лето, за работењето да им биде финансиски одржливо. Сега, гледам дека Мурињо го прават вториот најплатен тренер во лигата, а две сезони по ред не играат во ЛШ, најдобар играч им е 36 годишен Џеко, од чија плата пробуваат да се откачат. Не знам што тренер ко Мурињо, со толкава плата, може да придонесе за резултатите на клубот, што немаше да го добијат од Сари, или некој ко Де Зерби. Титули без 150-200 милиони евра инвестирање во играчи не гледаат, а ЛШ можат да обезбедат и споменатите. Мене ми е комплетно нерационален потег и за Рома и за Мурињо.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
5.112
Поени од реакции
6.512
Jas procitav na fb deka platata na murinjo vo roma bila 90% podmirena od totenhem????
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.933
Поени од реакции
8.821
Jas procitav na fb deka platata na murinjo vo roma bila 90% podmirena od totenhem????
Во Тотенхем зимал 16мил, а првата сезона во Рома ќе ги земе истите пари, само што Рома ќе му даде 7-8мил а рестото до 16мил Тотенхем ќе го даде, е веќе втората и третата сезона платата ќе му биде 7.5мил евра плус бонуси, барем така прочитав
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.518
Поени од реакции
8.042
1620233571518.png

За сега се само шпекулации, ама за симболична сума може да доста да ги подобри Рома. Ромеро е фри агент од летоска а е предобар играч, Мата иако е физички издишан, во Италија има што да понуди. Истото важи и за Матич. Со овие трансфери + Жиру + некој опасен играч во форот можат да изненадат позитивно.
Сигурно нема да пропушти прилика и Фелаини од Кина да ги со собере :D
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.298
Поени од реакции
3.339
Прегледај го приврзокот 294466

За сега се само шпекулации, ама за симболична сума може да доста да ги подобри Рома. Ромеро е фри агент од летоска а е предобар играч, Мата иако е физички издишан, во Италија има што да понуди. Истото важи и за Матич. Со овие трансфери + Жиру + некој опасен играч во форот можат да изненадат позитивно.
Сигурно нема да пропушти прилика и Фелаини од Кина да ги со собере :D
Доста е од такви истрошени играчи.. 1 е ок да земеш ама да се потпираш на нив никако.. Педро е жив пример, кој е дојден туристички во Рим.. Видовме што се случи и со Н'Зонзи кој е уште под договор со Рома.. Многу имиња се спомнуваат од Сабитцер, Андре Силва од Франкфурт, Иско, Мерет и итн..
За Рома ова ќе биде долго лето ќе треба одма да реагираат нарочито со продажба на шутот и така паралелно да носат засилувања.. Ќе се пишува уште за многу играчи,сѐ се тоа шпекулации и колку да се напише нешто зошто топ тема станаа Мурињо и Рома..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom