Заглави момакот. Ако не напраи трансфер во подобар клуб на лето, ќе биде пропаст кариера. А добар играч е. Можам да најдам барем 10 полоши напаѓачи од него како Петања кои имале подобра кариера.
Но во Италија последниве години има голем број играчи кои не можат да најдат подобар ангажман. Изгледа ептен претеруваат со цените кога се во прашање продажба на ѕвездите во тие помали клубови. Јуве да не платеше за Киеза, сигурно ќе изгубеше уште година две во мртвата виола. Берарди исто со Сасуоло. Тој бар за балерината Кастиљехо е Меси.
За разлика од овие Киеза беше решен да направи трансфер и знаеше точно каде сака. Фиорентина мораше да попушти го пушти на двегодишна позајмица со откуп под посебни услови.
Белоти ми изгледа на играч кој нема побарано трансфер и е поврзан многу со клубот и навивачите. Потпиша договор и клаузула 100 мил за надвор од Италија сам се согласи на тоа. По онаа добра сезона ако сакаше можеше да направи трансфер ако не во екипа од Серија А во ПЛ. После тоа Каиро се фалеше дека не 100 туку 150 вреди.
Може ќе се освести и ќе направи чекор во кариерата.
Берарди ми е играч кој не може да се сноси со притисокот во голем клуб, а ептен ќе ни се најде на нас. Продолжи договор на 5 години уште 2 сезони ќе биде заглавен таму ако некој не плати 40 мил.
Исто важи и за Де Пол и СМС, ама Удинезе не е клуб кој може да задржи играч, после ова ковидот ќе мора да продава.
Кулибали може да го додадам и тој заглави кај гадниот Де Лаурентис.