Околу наградава нема везе џабе се објаснувате, си гласале фанови и тоа е тоа. Можда Бастони да беше шпиц ќе ја земеше наградата, вака Тонали го гласале и тоа е тоа. Не ми треба мене одредена награда за да знам колкав е импактот на Бастони во Интер и на Тонали во Милан
Исхајпан беше Тонали до максимум бе, новиот Пирло, викнат од втора лига у репрезентација кај Манчини, каде дебитираше и заигра и шуто и рогато односно све што има италијанско државјанство и игра фудбал у прва или втора лига. 70% од тие што гласаат не го ни имаат гледано у Бреша ама дена некој од газета дело спорт им пишал дека е ко Пирло и ајде еве ќе го гласаме.
Заниоло од друга страна отиде у пакет договор за играч кој имаше висок рејтинг у калчото и сите очи беа вперени кон него, затоа и без притисок си изгази Заниоло, штета што ги испокрши колената и тоа може да му влијае на кариерата.
Тоа дека Интер се заеба е точно, од денешна перспектива, пред 3 години никој не го спомна тоа дека Интер го зема еден од најдобрите везњаци у калчото за 20 милиони плус Сантон и младинец.
Бастони па, купен од младинци од Аталанта, остаен таму на позајмица, пратен после у Парма на позајмица па некако му изгубија трага доека не се појави кај Конте лани у некоја полуротација-прва постава ама новинарите беа зафатени со други работи па така и неговите игри беа медиумски минимизирани со оглед на тоа што побитно беше да се пишува за писмото со куршуми што го добил Конте, за дали Малдини ќе даде оставка, дали Рагник ќе биде претседател на Милан, монструозната партија на Дибала кој подал на рандом играч кој потоа имал пред асистенција за асистентот на спектакуларниот гол на Роналдо со лева нога и слични небулози.
Ако. Нема потреба да се вртат ко стршлени околу Гери пики блајндерот, он комотно нека си жнее и доминира, ќе дојдат и неговите 5 минути. Сега за сега му е боље кога е у сенка, да не го изгорат мртвите медиуми.
Ова на Тонали уште додатен притисок ќе му накачи.