Живо ме занима како оваа преварантска држава ќе го реши проблемот со фудбалот и ќе излезе од хаосов кој сама го засили, а без да направи уште поголем хаос.
Има неколку варијанти, а ниедна не е прифатлива и нормална за сите.
Прво, да се доигра првентството без публика. Најверојатно, најприфатлива варијанта за сите иако играчите преку асоцијацијата на фудбалери више и почнаа да се бунат, после вакво коло зад нас мислам дека и нивните барања ќе се засилуваат. А и сега кога Ломбардија е во карантин, како екипите ќе патуваат на гости кај Милан, Интер, Аталанта и слично? Лично, оваа варијанта ми е најреална и најприфатилива и мене.
Втора, да се прекине првентството до 3ти април, па да се доигра во јуни со тоа што Европското би се одложило, дали подоцна оваа година или би се префрлило во 2021. Ова е чудна варијанта којашто ќе ги измести сите рокови во сезоната, одморите, меркатото, можда и Европското, тешка е за играчите затоа што ем ќе им скрати одмор, ем ќе им ја сецка кондицијата и ритамот за утакмици што би им била заебана работа. Следно што оваа варијанта би подразбирала организиран пристап и од другиве појаки лиги, затоа што ако ова се деси само во Италија, првенството се поместува само заради Серие А, само играчите од Серие А се во пауза, би се створила нееднаквост по многу основи, па ќе се бунат и играчи и тимови и репрезентации и све и свашта. Многу е тешко појше држави/лиги да се договорат за оваа варијанта затоа што условите секаде се различни, па според мене, многу тешко изводлива. Нема зошто Германија и Англија да се договараат за оваа варијанта кога проблемот со короната во оваа мера засега е само италијански проблем, тешко би прифатиле било што.
Трета е да се прекине и поништи првенството оваа сезона. Овој начин е наизглед најлесен, ама си носи многу заебанции. Прво, дали ако се поништи тоа значи дека ќе нема шампион? Ако е најфер да нема шампион тоа би значело дека оваа сезона ќе се поништи ко да не постоела. Затоа што не можеш да не прогласиш шампион, а другите пласмани да ги земеш предвид. Ако нема шампион тогаш ни Бреша не може да отпадне и да се третира ко последна. Ниту Наполи ко шести да оди во ЛЕ. Такво поништување би поништило све од оваа сезона, ко да не се играла и следната сезона би се играла во ист состав на Серие А. Во таква варијанта Лацио би биле нажалост најголеми губитници затоа што лани беа осмо место, другиве (од моментална перспектива и позиција на табела, оваа варијанта оберучки би ја прифатиле, гарант). Али ова би створило проблем и со Серие Б, не е фер ни спрема нив и мислам дека е варијанта која ќе проба да се протне, ама би било скроз чудно ако успее.
Второ, да се прогласи првенството за завршено и да се земат предвид моменталните бодови и позиции. Пред тоа, секако мора сите екипи да имаат ист број на изиграни утакмици. Е сеа и тоа е заебано. Дали ќе им дозволиш на екипите кои моментално се со помалку утакмици да ги доиграат (што има логика) или ќе го земеш предвид последното целосно изиграно коло како што викаат официјалните правила коишто некој назад ги постираше (што е више нефер и глупо, затоа што рецимо Џенова би отпаднала и џабе тепаа вчера)?
Во опасни гомна е лигава, ама и опасни гомна се таљаниве. Целава ситуација смрди на уште глупости и многу ме интересира што следно ќе видиме и чуеме. Познавајќи ја неспособноста и на државните и на фудбалските власти, па и тоа нивниот праварантски ум, све мислам дека од епилогот ќе се чудиме и ние и светот и векот. Све друго би ме изненадило.