Да, пошо лани или полани Ливерпул имаше светска класа играчи на клупа, а не Ловрен и компанија. Не игра хартијата улога разберете го тоа више. Што сеа, лани Аталанта појак тим имаше од Интер? Не, ама си завршија место пред нив, поради икс причини.
Јас верувам во титула само поради Конте, типот е победник и може да всади победнички менталитет на играчите, нешто што фали веќе со години во Интер. Глеаш каков одговор имаше после мртвата утакмица со Славија Прага, го разнесоа Милан и изиграа перфектен меч. Ќе видиме што ќе биде на крај, секако улога играат и повредите на клучните играчи тука.
Автоматски споено мислење:
И кој глуп муабет ти е тоа со 10%, со слаба клупа и слично? Ај еве кажи лани кого имаше на клупа Јувентус во средниот ред. Бентакур, Емре Чан, ВОВОВОВОВОВОВОВО врвна и светска класа играчи нема што. И што го праиш Интер ти дека е Емполи, на клупа моментално се Санчез, Весино, Бираги, Гаљардини, Лазаро, Ранокија, Кандрева... Ако го тргнеме Дибала на страна кој не е за на клупа, нема ни Јувентус некои спектаклуарни измени, иако има подобар состав нема збор тука. Муабетот ми е дека не сме толку утепани како што пробуваш да кажеш, плус лигата е таква што има доста слаби тимови а против таквите се освојува титула.
Тоа со хипотетичките муабети не ме замарај, може и да немаме предност у јануари па да освоиме титула, може да имаме 15 бода па да не освоиме титула, неврзани работи се тоа.
Оваа година шансите Интер да освои скудето се нешто помалку од научна фантастика и тоа е така најмногу поради недоволно квалитетната клупа.
Треба да се случи светско чудо за да заиграат над своите можности играчите кои ќе влегуваат од клупа,а тука најмногу мислам на Кандрева,Ранокија,Лазаро,Гаљардини.
И јас сакам да освои Интер скудето,ама реалноста е едно,а желбите се сосема друго.
Се надевам дека оваа година Интер ќе биде рамноправен противник на Јувентус и порано ќе обезбеди учество во ЛШ,да не биде тресење до последното коло.
Па од другата сезона здравје напад на скудетото и негово освојување.
Прерано е за Интер да цели на Скудето. Што не значи дека е невозможно. 3 фаворит се зад Јуве и Наполи. Сеепак овие два тима имаа подлабок ростер од Интер и играат на поголемо ниво подолго време. Наредна сезона да додаде уште некој играч и се ослободи од некои канцер играчи како Дамбо и Кандрева па ќе може повеќе да се надева на скудето. Во овој момент малце потешко.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.