Пишав и во фк Интер за мене неочекувана победа со оглед на околностите пред мечот, но ете ме демантираа моите и докажаа дека се подобра екипа од Милан. Не знам кој му е проблемот на Гатузо ама чим дозволува тренер ко Спалети веќе неколку меча по ред да го моча на тактички план тогаш треба сериозно да се запраша за своето тренерско знаење. Не пратам, зошто Биља не му играше прва постава? Ако е повреда ок, ама ако бил спремен макар за 60 минути нека се убие Гатузо одма, едини играч од средњаците на Милан што знае со топка и овој не го игра...
Милан има проблем со изнесувањето топка првенствено, едно 10 пати денес Донарума или дефанзивците рогнаа панично во аут пошо немаше кој да ја прими топката и да ја пренесе до нападот, а второ и со организацијата на нападите, премногу старовремски и селски фудбал форсира Гатузо, преку нафрлувања од неизградени позиции на крилата или рогање долги топки од дефанзивците, фудбал кој умре пред 15 години што се вика.
Бакајоко денес им беше најдобар играч и еден од ретките со прелазна оцена, барем според мене. Ромањоли потфрли ептен, за првиот гол ако не се лажам он заспа, а и на првиот меч Икарди му избега и заби гол.
Околу судењето, генерално добро судеше судијата со исклучок на мали и ситни пропусти кои не влијаеа директно на резултатот. Пенал имаше за Интер, црвениот оправдано го поништи, исто добра работа направи што не свирна пенал за играта со рака на Кеси, реално врска немаше од пенал тоа, човекот ја избиваше топката накај центар свртен со грб према голот, нема никаква основа за пенал овде. Бакајоко требаше да добие жолт картон, 15 фаули само над Гаљардини направи, тука направи превид малце судијата и можеби за уште 2-3 ситни фаули, останатото беше супер.
Тоа е тоа, заслужена победа на Интер, да не беа фрките во екипа ќе бев и пред меч убеден во победа, вака испадна уште послатко, победа уз помали очекувања од обично.
