Малку подоцна, али сега тек наоѓам време да пишам впечатоци за дербито. Отеков со слики од натпреварот на инстаграм ко да сум некоја инфлуенсерка на дегустација на вино во Стоби, ама прво одење на Сан Сиро ми беше и заврши депресивно ама што е тука е, барем еднаш бев дел од ова чудо и среќен сум за тоа.
Имавме карти погоре на трибините, и малку ми беше страв дека нема да се гледа убаво, јебига, не сум шетан фан на фудбалот ниту пак сум посетил стадион надвор од државава па да споредам, бевме на централната трибина кон корнер знаменцето кај курва Норд. Преку цел ден на Дуомо и било каде низ градот гледаш луѓе во дресови/шалови од Милан и Интер, па пеења во метро, па нормално тука се и некои смуртени фаци што велат „мене ова ми е секојдневие“, но да не звучам патетично како лајла грејс, имаше и онакви ликови кои цело возење во метро (пошо Сан Сиро да ти бил во курац периферија со предградие што практикува алтернативна медицина навечер) си пееја Икарди - Ванда - Јуве и така едно стопати, па пред стадион една смешна глетка, ама и језива - на една женска изгледа ѝ правеа девојачко и носеше дрес од Интер и бел вел на неа, изгледа ја мажија за Интер, па нормално уште една позабегана глетка а тоа беа цигани (нормално не оди општество/збиднување без циганите) кои на земја имаа послано ќебиња и на нив развиени слики од фото студио од Икарди и Пјонтек, и тоа сликиве недајбоже ко за некои умрени да беа, онака како некролози исполепени и ги продаваа.
Чекавме околу саат време за да влезиме, кон 7 ипол негде. Брзиот гол ептен не скина, потоа моментумот беше на навивачите на Интер, секој збор околу беше вафанкуло, најпцуени играчи беа Калабрија, Сусо и Родригез, па после кога даде Бакајоко гол одма се осети друга атмосфера, одма ко полжави изникнаа оние со голи дебели стомаци како покажуваат курови кон курва Норд. Многу гласно, многу еуфорично, додуша цел ден си викав и да изгубиме барем да дадеме гол, да го исфрлам лошото од себе, да не биде на пример како минатото дерби 0-0 и на крај 1-0 и да се убијам инстант после тоа.
Откако заврши натпреварот кога слегувавме по столбот од другата страна дури и стогодишни старци со дресови од Интер ни покажуваа курови и средни прсти, мислам дека ни крив ни должен имав едно дваесет пара мадиња упатени кон мене, јебига, тоа е ривалството и така треба да биде, нека се живи и здрави.
Ќе штедиш пари, ќе резервираш однапред се неколку месеци, ќе испокажеш на сите и на крај Милан ќе изгуби, ама неверојатно е искуството. Се надевам ќе одам пак со другарите што ми навиваат за Милан а немале досега прилика да присуствуваат на Сан Сиро затоа што она е доживување и му го посакувам на секој фан на Милан и Интер.