Ти си најконтрадикторниот член во ситуацијава. Оцени во ситуацијава дека Наинголан имал намера да го повреди овој, а очигледно е дека со левата нога се обидува да ја загради топката.
А неколку страни поназад пишуваш дека тоа на Бенатија било пенал али не требало жолт зашто немал намера Бенатија да игра со рака. Те молам погледни ја уште еднаш ситуацијата да видиш како со левата рака, поточно подлактицата, намерно ја поместува за да ја блокира топката. Уште па се вадиш немал намера зашто Шчезни ќе ја прифател топката, Бенатија појма нема во таа ситуација кај е Шчезни.
Не ме сфаќај погрешно, немам ништо против Јуве. Ама да не се лажеме, ова ти е исто ко ја да ти кажам дека Реал не добивал судиска помош во Ла Лига, или па Барса кога се мачи со екипи од долен дел на табелата. Разликата е што ја сум свесен за тоа и си го признавам, додека ти за секоја ситуација во корист на Јуве глумиш експерт и фрлаш правила од ракав.