Serie A 2017/2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

Koj ќе биде шампион оваа сезона

  • Вкупно гласачи
    261
Статус
Затворена за нови мислења.
Голот на Јувентус е правилно досуден, односно признат. Во ситуацијата помеѓу Паволети и Бенатија ИМА фаул, но слепецот свиреше предност, и овие од Каљари продолжија да играат, па ја изгубија топката. Акцијата продолжува, Јувентус даваат гол. Не може да му текне после 15 мин да свирне фаул, а пред тоа дал предност.
Единствено што можеше да направи е да му залепи жолт на Бенатија, или црвен ако сака да изиграва шериф.

Единствена замерка останува играта со рака, ништо друго.
 
Гледам дека сите тука сте поборници за регуарно првенство па според тоа сигурно не би сакале Наполи да се одлепи нерегуларно (недосудениот пенал против Кротоне). Вака работите си се на свое односно продолжува регуларно борбата помеѓу овие две екипи.
Не се ама ич на свое место. Зашто побогу други екипи би губеле непотребно бодови на сметка на Јуве и Наполи? Значи стварно не се читате какви глупости трескате.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Голот на Јувентус е правилно досуден, односно признат. Во ситуацијата помеѓу Паволети и Бенатија ИМА фаул, но слепецот свиреше предност, и овие од Каљари продолжија да играат, па ја изгубија топката. Акцијата продолжува, Јувентус даваат гол. Не може да му текне после 15 мин да свирне фаул, а пред тоа дал предност.
Единствено што можеше да направи е да му залепи жолт на Бенатија, или црвен ако сака да изиграва шериф.

Единствена замерка останува играта со рака, ништо друго.
Далеку од тоа дека даде предност :D, едноставно не го свирна. А тоа беше фаул плус жолт, немаше основа за црвен.
 
Даде предност, крена рака. :)
Мене така ми делува, ако грешам нека поправа некој.

12345.jpg
 
Даде предност, крена рака. :)
Мене така ми делува, ако грешам нека поправа некој.

Можно е да ти кажам, не заебележав на прва. Е сега тоа кревање рака се може да му значи, обично предност треба со две раце да покаже напред.

@Џони Вајсмилер

Мислам дека еднаш го ставив видеото со објаснување за ВАР-от. На италјански е, ако знае некој како може да се преведе видео на јутуб, може да го направиме тоа, барем на најважните делови.
 
@Stefan-kobe

Еве ја таа на Феенорд. Дефанзивецот прави пенал, судијата не свири, топката за цело време од акцијата за голот останува во посед на Феенорд и нема никаков прекин.

Она сношти откако Бенатија направи фаул, топката заврши кај Каљари што значи една акција, па тие ја загубија и заврши кај играч на Јувентус, што тоа го прави сосема нова акција.

Еве оди види го поништениот гол на Манџукиќ против Аталанта. Лихштајнер прави фаул, топката си останува во посед на Јувентус, нема прекин, непречено се одвива до голот на Манџукиќ. Тоа му дава право на ВАР судијата да интервенира, бидејќи во зачетокот на истата акција има нерегуларен настан.
Според мене и ова на Феенорд е ретардирано, или прекинувај одма и проверувај, а не Феенорд дава гол, слават со навивачи и овој после 5 минути суди пенал за Витесе.

Многу, ама премногу маани има ВАР, очајна грешка направија што одма го пуштија во употреба без стопроцентно да го дефинираат.

Макарон, не мислам дека Интер ќе беше во борба за титула ако не беа грешките од ВАР-от, цело време алудирам на очајното користење на технологијата. Имам мислам веќе пишано, ВАР ми наликува на македонскиот народ, се ни е сервирано пред очите ама ние се правиме слепи и упорно ги гласаме ВМРО и СДСМ и се колеме околу политика. Исто и технологијава, се им е сервирано на тацна на судииве а они се срамат на овој начин.

Во право е Мондо за судијата вчера, ај што не покажа одма пенал ок тоа, може да не види судијата пошо е дел од секунда тоа, ама ликот покажа на гол аут од што беше изгубен а фудбалер на Јуве ја рогна во корнер топката. :pos: Според мене во ваква ситуација веднаш треба да отиде и самиот да гледа снимка а не некој од горе да му кажува што да суди, зашто можеби за тој горе судијата нема да биде пенал, а за главниот ќе е чист пенал.
 
Мислам дека еднаш го ставив видеото со објаснување за ВАР-от. На италјански е, ако знае некој како може да се преведе видео на јутуб, може да го направиме тоа, барем на најважните делови.

Разбирам 2 без 3 збора али поарно е со превод

Долу CC па Settings -> Subtitles - Autotranslate (јазик по желба)

НАПОМЕНА - Преводот не е дословен туку има шанси за многу грешки. Ако некој сака да сфати што отприлика се зборува доволно е ама за детали не се потпирајте дека рекол вака рекол онака ако не знајте италијански.
 
Не се ама ич на свое место. Зашто побогу други екипи би губеле непотребно бодови на сметка на Јуве и Наполи? Значи стварно не се читате какви глупости трескате.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
Абе "Мајки Терези", моментот кога Наполи беше помогнат си го преќутевте. Зошто баш колово се загриживте за губењето на бодови на другите екипи? Минатото коло немаше два поста поврзани со тоа а сега страници и страници се испишаа. И што го заболе навивач на Милан за уништувањето на Каљари?
 
Според мене и ова на Феенорд е ретардирано, или прекинувај одма и проверувај, а не Феенорд дава гол, слават со навивачи и овој после 5 минути суди пенал за Витесе.

Фејнорд не постигна гол,не знам зошто упорно се форсира оваа ситуација кога судијата јасно ја крева раката покажувајќи знак за офсајд..ако постигнеа гол тогаш навистина ќе беше скандал.
 
Според мене и ова на Феенорд е ретардирано, или прекинувај одма и проверувај, а не Феенорд дава гол, слават со навивачи и овој после 5 минути суди пенал за Витесе.

Многу, ама премногу маани има ВАР, очајна грешка направија што одма го пуштија во употреба без стопроцентно да го дефинираат.

Во право е Мондо за судијата вчера, ај што не покажа одма пенал ок тоа, може да не види судијата пошо е дел од секунда тоа, ама ликот покажа на гол аут од што беше изгубен а фудбалер на Јуве ја рогна во корнер топката. :pos: Според мене во ваква ситуација веднаш треба да отиде и самиот да гледа снимка а не некој од горе да му кажува што да суди, зашто можеби за тој горе судијата нема да биде пенал, а за главниот ќе е чист пенал.
Ретардирано е ама така е поставено да функционира. Затоа реков дека ќе се менува сериозно според мене, ама прво на удар ќе биде можноста вака ретроспективно да се свири пенал или поништува гол. Се губи суштината.

Најлошо е што судијата од сношти, ќе прележе една недела и после пак ќе си суди како ништо да не било. Да покажеш гол аут во ваква ситуација апсолутно покажува дека не си со мислите на теренот, едноставно немаш капацитет да судиш утакмица и чао.
 
Абе "Мајки Терези", моментот кога Наполи беше помогнат си го преќутевте. Зошто баш колово се загриживте за губењето на бодови на другите екипи? Минатото коло немаше два поста поврзани со тоа а сега страници и страници се испишаа. И што го заболе навивач на Милан за уништувањето на Каљари?
Не знам кој преќутел за тоа коа никој не го негираше. Немаше толку постови пошто немаше глупости од типот и друг тим беше помогнат така да се си е на свое место. И па ќе те прашам зашто други тимови да губат бодови на сметка на Наполи и Јуве? Или ќе си го преќутиш тоа и па некои смешни оправдуваеа ќе пишеш ?

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Абре луѓе, не е битно на кого му прави штета ВАР-от, (нормално дека за Јуве највеќе се скока, поише е и сеир), поентата е дека е воведен за да се намалуваат грешки, а не да се зголемат, особено шо цел свет глеа. Она со Лацио и Торино стварно беше епска брука.
 
Не знам кој преќутел за тоа коа никој не го негираше. Немаше толку постови пошто немаше глупости од типот и друг тим беше помогнат така да се си е на свое место. И па ќе те прашам зашто други тимови да губат бодови на сметка на Наполи и Јуве? Или ќе си го преќутиш тоа и па некои смешни оправдуваеа ќе пишеш ?

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
А зошто Јуве да губи бодови на сметка на Аталанта со поништен гол за 1-3 после 5 минути откога е постигнат?
 
А зошто све лично сфаќате, ете сам си кажуваш тоа шо го збориме, ВАР-от ваков како што е сега, недефиниран и оставен самите судии да си одлучуваат дали ќе го употребат или не, праи штета, а поентата не му е да праи штета, без разлика за кој тим се работи.
 
Jас веројатно воопшто немаше да се вклучам во препирките и само ќе читав да не беше постот на интерашот неколку страни поназад. Он напиша дека во вакви мечеви Јуве ги освојува титулите притоа занемарувајќи дека неговиот сегашен конкурент исто така земал нечесно бодови и од друга страна и на Јуве му биле скратени бодови на нечесен начин.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom