Serie A 2017/2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

Koj ќе биде шампион оваа сезона

  • Вкупно гласачи
    261
Статус
Затворена за нови мислења.
А како Јуве како клуб е крив за лошите одлуки на ВАР судиите и на главниот судија ?

Имало и погрешни контра Јуве одлуки па невидов некој од вас да ги брани овде или да ги напаѓа судиите во тие случаеви.
 
Јас лично пишував дека и Јуве го јадеше ради ВАР два пати, против Аталанта и против Џенова. Со тоа што против Аталанта веднаш добија непостоечки пенал после грешната одлука на нивна штета. :LOL:

Знаеш зашо се фаќаме за Јуве брат? Зашо за Јуве се замижува и покрај ВАР, не се гледаат очигледни игри со рака, фаули и све остало, а за Интер проверуваат дали топката искочила во гол аут, за Лацио проверуваат дали Имобиле го удрил Бурдисо итн итн. Капираш што сакам да ти кажам?
 
Излегов некаде 65та-70та минута и го пропуштив целото шоу :pos:

Прво за голот, чист фаул беше тоа од Бенатија, ама ВАР технички не може да интервенира затоа што поседот прво беше кај Каљари, па кај Јувентус. Не се споредува со ситуацијата против Аталанта кога топката си остана во посед на Јувентус и правилно се поништи голот.

Пеналот за Каљари си е чист како солза, без разлика што се обиде да ја удри со глава, ја промаши и топката му заврши во раката. Испружена беше, центаршутот доаѓаше од 14 метри оддалеченост, едноставно ги исполнуваше сите услови за пенал.

Она што го видов искрено срам ме фати од судијата, особено реакцијата кога беше раката. Не ни гледаше мислам, ако забележите после тоа откако играч на Јувентус очигледно ја рогна во корнер, овој на гол-аут покажа, до толку беше збркан, чекајќи што ќе му кажат. Нула капацитет за главен судија.

Многу пати реков и пак ќе кажам, не очекувам ВАР да ги среди наеднаш проблемите, се наоѓа што се вели во пилот фаза, прва сезона е. Сепак каква и помош да се воведе се е во рацете на судиите, тие и понатаму се главни и ќе остане така. Затоа ако не го подигнат сопствениот квалитет во професијата, ништо не правиме, џабе е и ВАР и се. После секое коло сум се повеќе уверен дека ептен сериозно ќе се ревидира начинот на користење на ВАР од идната сезона, со многу попрецизно утврдени можности за интервенција.
 
Јас лично пишував дека и Јуве го јадеше ради ВАР два пати, против Аталанта и против Џенова. Со тоа што против Аталанта веднаш добија непостоечки пенал после грешната одлука на нивна штета. :LOL:

Знаеш зашо се фаќаме за Јуве брат? Зашо за Јуве се замижува и покрај ВАР, не се гледаат очигледни игри со рака, фаули и све остало, а за Интер проверуваат дали топката искочила во гол аут, за Лацио проверуваат дали Имобиле го удрил Бурдисо итн итн. Капираш што сакам да ти кажам?
Сваќам, ама ако грешките во корист на Јуве се во хајлајтс незначи дека за другите тимови е поразлично, процентуално тие се грешките, Јуве не отскокнува, за да го видиш тоа треба сите утакмици да ги гледаш затоа што ни преку медиумите во Италија неможеш да видиш што све се случува, затоа што тие грешки се третираат како обични грешки кои се случуваат а тие на Јуве се во категорија Campionato falsato.
 
Haha posedot kaj bil..seedno kaj bil ako e faul moze da go ponisti golot..vcera na Kessie isto mu ponisti za faul vo napad iako bese bezveza
 
Haha posedot kaj bil..seedno kaj bil ako e faul moze da go ponisti golot..vcera na Kessie isto mu ponisti za faul vo napad iako bese bezveza
У реду е брат. Прочитај прво правилата за ВАР што велат, ако сакаш и видео ќе ти пуштам.

Преку ВАР може да се поништи гол од офсајд, фаул или што и да е ако акцијата за голот се одвива непречено од моментот на прекршокот без притоа да има прекин (аут, друг фаул, корнер) и без екипата да го загуби поседот. Вака како што се случи сношти на Каљари-Јувентус тоа е сосема нова акција и не може да биде поништен ради тој фаул.
 
Сваќам, ама ако грешките во корист на Јуве се во хајлајтс незначи дека за другите тимови е поразлично, процентуално тие се грешките, Јуве не отскокнува, за да го видиш тоа треба сите утакмици да ги гледаш затоа што ни преку медиумите во Италија неможеш да видиш што све се случува, затоа што тие грешки се третираат како обични грешки кои се случуваат а тие на Јуве се во категорија Campionato falsato.
Јасно, за сите има грешки со ВАР-ов, ама да знаеш дека ради вакви “грешки“ титули се освојуваат. Знаеш колку ќе значеше за Наполи икс да играше вчера Јуве?[DOUBLEPOST=1515328091][/DOUBLEPOST]
У реду е брат. Прочитај прво правилата за ВАР што велат, ако сакаш и видео ќе ти пуштам.

Преку ВАР може да се поништи гол од офсајд, фаул или што и да е ако акцијата за голот се одвива непречено од моментот на прекршокот без притоа да има прекин (аут, друг фаул, корнер) и без екипата да го загуби поседот. Вака како што се случи сношти на Каљари-Јувентус тоа е сосема нова акција и не може да биде поништен ради тој фаул.
Тогаш зошто на Витесе му судеа пенал против Феенорд? Знаеш за која ситуација ти зборувам да не објаснувм сега што како.
 
Јасно, за сите има грешки со ВАР-ов, ама да знаеш дека ради вакви “грешки“ титули се освојуваат. Знаеш колку ќе значеше за Наполи икс да играше вчера Јуве?
И за Јуве ќе значеше Наполи да играше икс со Кротоне минатата недела. Или не?
 
И за Јуве ќе значеше Наполи да играше икс со Кротоне минатата недела. Или не?
Значи не почнувај да мериш муда зашо нема да испаднеш победник. Пеналот против Интер, ова вчера ехеее има доста на наша страна. :D Седи мирен поарно.
 
Гледам дека сите тука сте поборници за регуарно првенство па според тоа сигурно не би сакале Наполи да се одлепи нерегуларно (недосудениот пенал против Кротоне). Вака работите си се на свое односно продолжува регуларно борбата помеѓу овие две екипи.
 
И мене ме интересира како функционира ВАР..кога Рома победи против Каљари 1-0 мислам дека Фацио си ја потурна топката со рака

Еве овде очигледно на 0.18 се гледа каде што си ја користи раката што треба да му го поништат голот, но ВАР не се огласува тука што повторно се докажува дека не функционира како што треба.
 
@Stefan-kobe

Еве ја таа на Феенорд. Дефанзивецот прави пенал, судијата не свири, топката за цело време од акцијата за голот останува во посед на Феенорд и нема никаков прекин.

Она сношти откако Бенатија направи фаул, топката заврши кај Каљари што значи една акција, па тие ја загубија и заврши кај играч на Јувентус, што тоа го прави сосема нова акција.

Еве оди види го поништениот гол на Манџукиќ против Аталанта. Лихштајнер прави фаул, топката си останува во посед на Јувентус, нема прекин, непречено се одвива до голот на Манџукиќ. Тоа му дава право на ВАР судијата да интервенира, бидејќи во зачетокот на истата акција има нерегуларен настан.
 
Јасно, за сите има грешки со ВАР-ов, ама да знаеш дека ради вакви “грешки“ титули се освојуваат. Знаеш колку ќе значеше за Наполи икс да играше вчера Јуве?[DOUBLEPOST=1515328091][/DOUBLEPOST]
Тогаш зошто на Витесе му судеа пенал против Феенорд? Знаеш за која ситуација ти зборувам да не објаснувм сега што како.
Немој само да кажеш дека Интер ќе беше во борба за титула без ВАР.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom