Serie A 2015/2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во новата сезона?


  • Вкупно гласачи
    197
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Уф што ми е мило за победава еј,а уште помило што јуве е таму кај што е.Сеа ќе почнат коментари од типот на па доста ние 4 години по ред освојуваме некој такви маалски ке почнат да ги пуштаат,небитно.Да додадам само дека би му ја ебел мамицата на тој админот од Italjanska Seria A пејџот од фб диЗлајкнете го asap пошто куртоните само провоцираат навијачи на Интер.
 
Уф што ми е мило за победава еј,а уште помило што јуве е таму кај што е.Сеа ќе почнат коментари од типот на па доста ние 4 години по ред освојуваме некој такви маалски ке почнат да ги пуштаат,небитно.
Кога дојде Чиро Ферара во Јуве како тренер, во првите 6 натпревари Јуве имаше 5 победи и една нерешена.

На крајот од сезоната, завршија на 7 место.

Не алудирам на ништо, сезоната е долга, се може да се случи.
 
Одлична промена во италијанската лига. Искрено ем досадно ем напорно беше да се следи истата, додека исходот наназад беше крајно очигледен и предвидлив. Жално беше да се гледа мизерната игра на одредени тимови кои се подобрени (барем според почетоков) ито како и со тоа навестуваат интересна сезона, конечно.
 
^ Aко мислиш на Милан и Интер, можам да кажам дека се подобри од лани, каде-каде. И двете екипи.
 
На Интер едино му фали креативец од типот на Кова,се шушкаат некои муабети околу враќање на Снајдер на зима,па ќе видиме што ќе биде.

Ако се врати во Интер зимава,ќе биде топ потег иако веќе има 30+ години,сепак класа играч си е класа играч.

Уште Манчини да не биде пичлеме од тренер и ќе ја наредиме целата работа.
 
Мислам дека повеќе штета ше направи овој Мело него што Интер ќе има ќар од него. Ќе има доста натпревари каде што ради него или Хуан Хесус ќе треба да играме со 10 души.

Инаку како играч е солиден, добар е во одбрана а и има добар пас. Со Кондогбија и Гуарин ќе функционираат добро против тешки утакмици (Јуве, Фиорентина, Рома, Лацио) ама против селските екипи мора да се игра со понапаѓачки состав, можеби со 4-2-3-1 каде задните двајца би биле Кондогбија и Мело/Гуарин. Напред Икарди а зад него Перишиќ, Јоветич, Љаич. Тука е и Брозович како опција. 4-3-3 како што игравме денес е премногу стерилна формација, доволно е да ни го затворат Икарди и Јоветич и да си кружиме околу гол 90 мин.

Инаку Милан е многу поопасен од лани, искрено се потев кога топката беше кај Бака/Адриано/Балотели. Овие тројца се доволно да ги полнат малите екипи а во дерби натпревари бод ќе им биде премија со средниот ред.

Проблемот кај Интер е сеуште во бековите. Сантон не е за во прв состав, премногу ми е ветрушка. Телеш немам сеуште оформено мислење.

Цела сезона ќе треба да палиме свеќи во црква Јојо да не се повреди. Ма да мислам и дека Љаич кога ќе заигра а и Перишиќ ако се вклопи ќе се зголеми креативноста.
 
Мело лани немал ни еден црвен картон.

Иначе од кај тоа дека сме играле 4-3-3, така само на хартија беше, на терен 4-3-1-2 се играше со Перишиќ позади Јојо и Икарди, затоа и беше прилично изгубен и несигурен.
 
Напрај една и за Бака.

Шо да прајТ, го имаш на видео, пушти ја утакмицата и види дали ќе го најдиш еднаш во кадар. ОК, еднаш само, кога се деси измената со Балотели. :ROFLMAO:

Ладноничко некако... :D
 
Од коа влезе Балотели,му се стави Мело,која петарда еј,требаше уште Медел да му влезе,пошто знаат дека е глуп,и паѓа на провокации:D.Инаку Манчини се гледа дека си ги има тие измени уште од Сити,ја очекувам да го вади Икарди,он го извади Јоветич,и нормално играта рикна.Среќа што од друга стран го имаа ,богот Михајлович,кој наместо да го извади адриано,го вади Бака,а само он играше,тоа се тие тренеришта.
 
Интересен меч беше доста, може да се каже дека Милан беа малку подобри во првиот дел. Второто полувреме беше поизрамнето и се разбира со еден одличен гол беше решено дербито. Милан може реално да жали што загуби бидејќи дефинитивно можеа лесно до нерешено да дојдат. Луиз Адриано добро игра, ама треба да биде полуциден кога ќе ја добие топката во нападот и кога се наоѓа во некаква си шанса. Општо во играта на Милан денеска видов мал напредок во однос на претходните мечеви, ама тоа може да се должи едино на фактот што ова беше дерби и што мотивацијата беше на повисоко ниво во однос на било кој друг меч во сезоната. Балотели ја раздвижи играта, ама како човек да му верува кога вака се глупира години уназад. Ќе се разигра еден период и после пак ќе почне да се лигави.

Интер изигра многу паметно и благодарение на индивидуалниот перформанс на Муриљо, Хесус и Мело во одбранбениот дел ги ограничија нападите на Милан. Тројцава поделија стварно завидувачки дефанзивна игра, само што Мело успеа да се изглупира што се закачи со Балотели и доби крајно непотребен жолт картон. Слабо изигра Перишиќ, многу индиспонирано и Икарди беше прилично лош. Јојо иако го затворија сепак даде голем придонес, а овој Кондогбија стварно помогна со тоа водењето и задржувањето на топката и општо со играта во нападот. На крај краева многу важна победа за Интер, бидејќи во дерби мечевите играта паѓа во вода, а на површина секогаш исплива резултатот. Тој денеска на Интер им донесе голема мотивација и психолошки буст би го нарекол за во идниот натпревари од сезоната.
 
Победа си е победа,послатки три боda бидејќи беа против инвалидите ни комшики.
Не му верував на Минчини со глупирањето за Хесус лев бек,но изгледа манекенов знае што прави.Од друга страна пак не знае што прави со Лјаич-Перишиќ.Лјаич во 4-3-1-2 мора да игра зад напаѓачите и е единствен кој може да ја развдижи играта покрај Јојо.Едноставно мора да игра наместо Хрватот,ништо чудно му ја еба Манчини мајка му,што го игра прва постава.Но ајде да не заклучуваме сега,рано е сеуште,прва утакмица му беше на усташот.
Кој беше Муриљо бе,да те ебам и тревопасниот глупак @Goodfella?
За разлика од 3од3 што имаат Милан, ние имаме 9 бода од 3 утакмици,максимален учинок,без судиска помош.:kuracc:
Следно коло потомците од магаре и зебра..Ќе ги измешаме ептен со човечка ДНК плус.:icon_mrgr:
Ќе се слави во Мај во нероаѕурскиот Милано.:kruna::oleee:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom