Serie A 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема?

  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.
Наинголан идеше на топка, идеше и Матиело. Работата е што Матиело се подлизна и се случи тоа што се случи понатаму. Единствен за пцуење и колење во случајов од Рома, е тој што отиде да се тепа со Матиело, да му се сили, односно Паредес.

п.с. Ако му беше на Наинголан за кршење, покасно ќе отидеше со старт и директно на нога ќе му влеташе.
 
Не верувам дека некој играч игра со намера да скрши нога на противник.
На Раџа единствено би го обвинил само за претерана агресивност во сите негови стартови, но тоа што се деси беше несреќа, немаше ни најмала намера.

Ова е намерно.
 
Стартот на Камбиасо врз Џовинко може да изгледа полошо од што беше. Не сакаше Камбиасо така да стартува, едноставно немаше таква намера. Убаво се виде тогаш бидејќи одма почна да се извунува, а и Конте после натпреварот рече оти Камбиасо самиот се покајал доста за стартот. Има многу подобри примери за намерни стартови.
 
Почна да се извинува затоа што сфати (касно) каква глупост можеше да направи,а дека имаше намера да му скрши нога - имаше...од авион се гледа.

Наинголан од друга страна немаше никаква намера да го повреди играчот на Киево.Во најобичен дуел за топка се случи тоа што се случи и на нас ни преостанува само да му посакаме побрзо закрепнување и враќање на терените на играчот на Киево.
 
Тибиа и фибула се скршено овде не гледам шанси да заигра пак освен за 2-3 години али тешко...лошо многу лошо...траума за 19 годишен и крај на кариера можеби...плус и на Наинголан нема да му биде лесно сега и тој ќе има психолошки последици.
 
Добро бе, од кај ви се овие информации или нагаѓања, страшно ме занима...не гледал шанси да заигра :tapp:

Не е ни прв ни последен пат ваква повреди, точно една од најлошите е, ама има примери кога фудбалери се враќале во нормален тренажен процес, па и го достигнале претходното ниво пред повредата.

На чоекот вечерва му беше направена операцијата, а ти одма му ја одреди судбината, готово немало никад веќе да заигра :facepalm:
 
Гледајќи ја ваква Рома искрено сакам да не завршат во топ 3 сезонава.

Гледајќи ги како играат Лацио и Фиорентина и колку труд вложуваат во секој натпревар, и тоа како се опасна закана за Рома. Ако продолжат со ова темпо Римјаниве, тешко да го сочуваат и тоа трето место што им се нуди... прашање на време е кога мртвнион Наполи ќе се скости на второто место. Во последните 12 натпревари, Рома има 9 нерешени и три победи, што е стварно катастрофално, барем за тим што е на второ место на табелава во Серија А. Следниве неколку недели играат со Наполи, Торино и Интер... ќе биде интересно
 
Добро бе, од кај ви се овие информации или нагаѓања, страшно ме занима...не гледал шанси да заигра :tapp:

Не е ни прв ни последен пат ваква повреди, точно една од најлошите е, ама има примери кога фудбалери се враќале во нормален тренажен процес, па и го достигнале претходното ниво пред повредата.

На чоекот вечерва му беше направена операцијата, а ти одма му ја одреди судбината, готово немало никад веќе да заигра :facepalm:
Јас прв пат гледам фудбалер толку страшно да искрши тибија и фибула.
Знам дека не е ни прв ни последен пат,но ова повреда не се споредува со другите.
 
Тибија, фибула, фабула, кратка содржина, бла-бла. Лекари да не сте со толкаво разбирање, оставете докторите нека кажат што и како :D
 
Оди провери ја на Сисе, на Ларсон, па и на Едуардо која мислам дека е најлоша. Скршеница кај зглобот, што би требало и најсериозна за операција да е. За заздравување на местото најбитен е организмот, а за тоа како ќе се врати е психа.

Еве слична повреда како онаа на Матиело, но со понамерен старт и од оној на Камбиасо.
Играчот од видеово беше принуден и си „прогласи“ пензија пред 5-6 дена.

Ќе се чека, и ќе се види што ќе биде. Џабе сите ќе нагаѓаме што и како.
 
Таа од Едуардо беше ужас, знам имаше можност и да му го ампутираат стапалото.
 
Фредерико Матиело : Сакам да се заблагодарам на сите за подршката, тоа многу ми значи и ми дава сила да одам напред.Не е лесно да бидеш насмеан во овие моменти али сум сигурен дека ќе се вратам појак од предходно.
1456025_656611701134593_1222326345451237905_n.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom