Serie A 2014/2015

Кој да ја отвори новата тема?


  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.712

На 31ви август 2014 година ќе започне 113тото издание од италјанската прва лига, а истата ќе трае до 31 мај 2015 година. Во најелитното друштво во Италија оваа година ќе се натпреваруваат 20 тимови од кои најдборо пласираните две екипи директно ќе играат во Лигата на Шампионите, третото место ќе се квалификува во последното коло од квалификациите за ЛШ, додека четврто и петто пласираниот ќе играат во Лига на Европа заедно со победникот на купот. Најслабо пласираните 3 тимови ќе ја напуштат најсилната италјанска дивизија. Еве го целосниот распоред:



Оваа сезона имаме три повратници во Сериа А и тоа Палермо кој после само една сезона помината во понизок ранг се враќа, Чезена која во Сериа Б помина две сезони и Емполи кој последен пат настапуваше во првата лига сезоната 2007/2008. Од прва лига си заминаа Болоња, Ливорно и Катанија на кои им посакуваме брзо враќање во елитата.

Јувентус минатата година беше шампион со рекорден број поени (102), број кој малку веројатно може да биде надмината сезонава и оние кои следуваат. Рома заврши како второпласиран тим, додека тимовите од Милано не успеаа да изборат пласман во ЛШ.


официјалната топка за новото првенство
Италјанскиот фудбал моментално и во последните неколку години се наоѓа во лоша финансика, организиациска и резултатска криза. Тимовите не играат добро во Европа, инфраструктурата е лоша и постојат многу внатрешни несогласувања помеѓу претседателите на тимовите и федерацијата. Во моментот актуелен е изборот за нов претседател на FIGC после оставката која си ја даде досегашниот претседател Џанкарло Абете. Контроверзен е кандидатот Тавекио кого го обвинуваат за расизам поради изјава дадена во медиум и неговата првична подршка значително опадна. Италјаните го сметаат Тавекио за конзервативец кој нема да смени многу во фудбалот, додека другиот кандидат Деметрио Албертини се смета за вистинскиот човек на таа функција. Разврската од изборот ќе ја дознаеме во следните неколку дена.

Настрана политиката да се обрнеме малку кон ситуацијата која се очекува на теренот. Јувентус направи клучна промена на тренерската позција каде што шокантно Конте си поднесе оставка, а на негово место дојде поранешниот стратег на Милан, Макс Алегри. Јуве оваа лето се засили со Евра, Мората и Переира, покрај неколкуте младинци, а тимот го напуштија Вучинич и Квалјарела. Наголемо се шпекулира веќе цел месец заминувањето на Видал но засега ништо од тоа. Рома во своите редови ги доведе Итрубе од Верона, Ешли Кол од Челзи и Астори од Каљари како побитни трасфери. Досега нитуеден битен играч не го напушти клубот, па дефинитивно Рома на чело со одличниот стратег Руди Гарсија важи за сериозен кандидат за освојување на првото место. Наполи се однесува доста пасивно на пазарот ова лето за разлика од претходните и во своите редови го доведе покрај неколкуте непознати млади играчи Мичу од Свонси. Милан со новиот тренер Пипо Инзаги се надева дека оваа сезона ќе го поправи катастрофалниот пласман од минатата сезона со помош на засилувањата како Алекс и Менез и официјализирањето на трансферот на Рами од Валенсија после долги преговори. Интер исто така ќе се обиде да го подобри 5тото место од изминатата сезона со помош на засилувањата Видич и М'Вила. Црно-сините од Милано сепак за прв пат после две децении ќе играат без нивната легенда Хавиер Занети кој замина во пензија на крајот од минатата сезона. Се очекува заминување и на другите стари ѕвезди како Милито и Камбиасо, додека Самуеле веќе го напушти тимот и замина во Базел.

Други забележителни интересни промени има во Удинезе каде што за тренер на местото на Гвидолин е назначен Андреа Страмачони, доека Каљари ќе ги предводи контроверзниот Зденек Земан. Силвио Пиоли е нов тренер на Лацио иако минатата сезона тимот кој го водеше (Болоња) испадна од лигата.


Се враќаат во Сериа А после лошото искуство во 2012/2013
Судии, правила и слично

Сезонава повторно ќе се дружиме со речиси истите судии, освен Андреа Де Марко и Мауро Бергонци кој минатата сезона завршија со своите судиските кариери поради правилото еден судија доколку не суди интернационални натпревари да може максимум 10 година да ја извршуваа оваа задача. Сепак ова можеби е едно од ретките полиња каде што Италија е подобра од останатите, а показател за тоа е Никола Рицоли кој заедно со своите асистенти Ренато Фаверани и Анреа Стефани го судеше овогодишното финале на СП во Бразил меѓу Германија и Аргентина и финалето на ЛШ во 2013 година меѓу Баерн и Дортмунд. За жал асистентите на Рицоли се само на два месеци од наполнување на 45 години што се максимум години до кој еден судија може да суди во Сериа А и најверојатно ќе мора да ставар крај на своите кариери. Дерби натпреварите се очекува да бидат судени од страна на добро познатите Орсато, Роки, Рицоли, Банти, Мацолени и слично со асистентите Ди Либераторе, Кариолато и Николети. Нема најава за промени така да повторно натпреваирте ќе бидат судени од 5 судии од кој 1 главен, 2 помошни и 2 зад головите. Се разбира останува и четвртиот судија. Се шпекулира дека можно е да се воведе таканаречениот vanishing spray кој се користеше на Светското првентство но тоа останува да се потврди.

Правилото кога два тима имаат исти бодови останува исто, а тоа значи дека меѓусебниот дуел решава за тоа кој ќе биде погоре на табелата, па гол разликата на меѓусебните мечеви па на крајот вкупната гол разлика. Доколку тимовите се израмнети по сите критериуми тогаш преку жрепка се бира кој тим ќе го зазема повисокото место.

Прегледот на снимки после натпреварот ќе продолжи да важи во истите случаеви, односно доколку судијата во својот извештај наведе дека не го видел настанатиот инцидент и не презел ништо во однос на тоа. Доколку судијата преземе било каква мерка во врска со настанот истиот не смее да подлежи на проверка преку снимен материјал. Ова правило не важи за пенали, офсајди и голови што остануваат на интерпретација на судиите. Важи за неспортски потег од страна на еден играч кон друг или кон било кој судија без да се забележи и санкционира.


Дестро беше еден од играчите врз кој беше употребена мерката за проверка преку снимка што предизвика полемики во јавноста

Ова отприлика е голем дел од тоа што треба да се знае за Сериа А, па сега останува да се развие нормална дискусија во која се надевам дека ќе има помалку навреди и препукувања, а повеќе дискусии, почит и хумор се разбира. Па ајде искажете го вашето мислење за тоа кој ќе биде шампион, кој ќе испадне, дали Милан и Интер пак нема да се пласираат во ЛШ, дали Јуве ќе падне под водство на Алегри, дали Рома има кадарен тим за прво место, дали конечно нешто ќе тргне на добро во Италија и уште еден куп прашања чиј одговор ќе ни го даде оваа 2014/2015 сезона.

Се надевам дека ќе уживаме, поздрав вашиот (ова за кого како :D ) Мондонико, ака Мондо.
 
H

HoT IcE

Гостин
Рома all the way because of Cole. Ај настрана и тоа, интересно тимче имаат склопено, особено средниот ред, единствена замерка ми е нивниот напад, немаат голгетер, што и како ќе видиме, ама со Тоти во напад ќе бидне интересно.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.499
Поени од реакции
80.574



Морав вака да ја сефтосам темава :pipi:.
Иако гласав за Јувентус дека ќе ја освои Серија А (Од патриотски причини) годинава, сепак мислам дека Рома ми изгледа како најголем фаворит за тронот. Реално и да останеше Конте на тренерското столче, не верувам дека по 4 пат ќе го освоевме Калчото.
За мојот тим годинава, јас би бил ПРЕзадоволен ако го освоиме купот, и се разбира ако се пласираме во ЛШ. Ова е многу турбулентен период за Јувентус, среде лето го сменија целиот тренерски кадар, па можно е тоа да се одрази врз добро познатата игра на тимот. Ќе пишам збор-два за другите тимови, чисто онака колку да дадам мое гледиште на работите

Рома - Засега на трансфер пазарот царуваат, не штедат пари (што е чудно за еден Италијански Тим последниве години), и изградија одлично тимче. Верувам дека до крајот на трансфер периодот ќе донесат уште некое јако засилување со цел да направат подобар тим. Тимот гради нов стадион, финансиската состојба му е одлична, така да заедно со Јувентус се најстабилните екипи во Италија. Од нив годинава очекувам да го прекинат владеењето на Јувентус, и по цели 13-14 години да го освојат скудетото.... чисто онака веќе да не плачи @Boom Shaka Lakka по форумов, срамота е :icon_mrgr:. Единствен недостаток може да биде преголемиот број на натпревари, па можат тука да го изгубат компасот.

Наполи - Ѓубрињава засега делуваат анемично на трансфер пазарот, едино познато име што го донесоа е Мичу од Свонси. Сепак како докажани примитивци очекувам повторно да завршат во топ 3... за скудето мислам дека немаат шанси, ќе се испосерат на сред сезона, Крофната ќе се погрижи за тоа :love:

Фиорентина - И овие како Ѓубрињата од погоре делуваат многу тивко на трансфер пазарот. Освен дефанзивецот Баланта, и не видов некое друго позначајно засилување од нив. Незнам дали чекаат прво да го продадат Квадрадо, па од неговите пари да купат нешто, или пак ќе почнат да пазарат "5 до 12" како и сите останати фудбалски клубови. Мое предвидување на виолетовиве е Лига Европа, вака ако останат работите кај нив, тешко дека ќе обезбедат ЛШ

Интер - Па незнам што да очекувам од овие. Им заминаа дедовците во клубот, а ги донесоа Видиќ, Додо и М'Вила. Мислам дека Џиги ќе продолжи да игра со тројца во дефанзивата, и вака на прв поглед изгледа сосема солидно нивниот дефанзивен ред. Но клучното прашање ќе биде што ако некој им се повреди од дефанзивците? Мислам дека немаат соодветна замена, Самуел иако беше дедо, ќе можеше да го пополни тој простор, вака остава една голема дупка во тој дел од теренот. Познато е дека заражениот незнае да го извади максимумот од тимот, и често знае да извади претежно глуп состав со 9-мина дефанзивци, и еден напаѓач :icon_lol:. Од нив очекувам ЛЕ, а можно е ако им тргне некако да се вклучат во трката за ЛШ

Лацио - Солидни засилувања, Баста, Пароло, Џорџевиќ а еве го сега и Де Вриј... можно е и Маркез да го земат, од Мексико дедото. Ако не продадат никој ќе имаат сосема солидно тимче за во Серија А, целосно растоварени, па очекувам од нив лагано да бидат едни од четирите тима што ќе патуваат наредната сезона во ЛЕ. Ќе им задаваат главоболки на тимовите од врвот во Италија... очекувам и да ја плеснат Рома :noze:

Милан - Шта речи? Сум потенцирал и предходно... не е проблемот во тренерот, туку во ростерот на играчи во тимот. Берлускони не му чуе веќе за тимот, Барбара нешто го дрви по медиумите, Галијани си оди на ручеци по ресторани. Алекс и Менез, па и не се којзнае колку големи засилувања. Ќе мораат да играат со Бонера, Констант, Ѕакардо, Суљо и другата компанија во тимот. Не верувам до крај да донесат некое големо засилување, ќе се оди претежно на слободни играчи, или на позајмици. Незнам ни што да кажам за Инзаги како тренер, може ќе блесне на клупата на црвено-црните, а може да биде и една обична марионетка на БиГ. Сидорф неможеа да го контролираат, па одма му ги турија клоците. Мое мислење за тимов.... нека бидат среќни ако отидат во ЛЕ


Тимови кои ќе изненадат сезонава: Палермо (Новиот А.Мадрид :icon_lol: ), Сасуоло, Торино

Тимови кои ќе флопнат сезонава: Парма, Удинезе

Тимови кои ќе се борат за опстанок: Киево, Чезена, Емполи, Каљари, Џенова, Аталанта.

Тоа е моето видување за престојнава сезона во Серија А

___________________________________________________________

Се молат администраторите да го сменат името на темава, нека ја пишат на Италијански "Serie A TIM"
 
Последно уредено:

_predator_

Студент\Џаболебар
Член од
17 декември 2012
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.461
Првпат мислам отвараме тема ние(од ФК) како актуелни шампиони.Прашањето ми е ... што ќе не сопре и догодина пак да неотвориме :свиркам: :D
Препоставките јас лично ќе ги прозинесам подоцна, т.е таму негде кон крајот на меркатото.
Уствари пак сме шампиони али ајде...
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Традиционално од кога сум на форумов одсекогаш гласам дека мојот Милан ќе успее некако да го освои скудетото, но оваа година тоа ми изгледа ниту најмалку лесно. Лани, мојот глас на анкетата отиде повторо за Милан и веднаш кога излегоа квотите за освојување на ЛШ и Серија А, играв на тоа дека Милан ќе освои титула и во двете натпреварувања, од оваа година тоа ќе си го сметам за традиција, само да заврши меркатото.

Инаку, очекувам превртлива сезона, Наполи да биде прв на табелата на полусезоната, а на крај мислам дека титулата ќе ја дигне Рома.

И, се надевам на добра сезона на Емполи и дека нема да отпаднат веднаш.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.499
Поени од реакции
80.574
Инаку што спомена Мондо за спрејовите, прочитав пред недела дена дека ФИГЦ дале зелено светло за користење на пењата за бричење на терените. Мислам дека Италија прва се согласи од Европскиве Лиги да го користи спрејот од Светското Првенство
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Uste koga traese SP bese donesena odluka za koristenje na sprejot vo Italija.

Druga novost od ovaa sezona e za toa deka timovite ke mozat da dodadat uste eden sponzor na zadnata strana od dresot, odma pod imeto. Ova e samp za Serie a timovite, a po ova ligata spagja na kvalitetot na ligi kako Holandiska, Portugalska i Francuska liga.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.037
Поени од реакции
106.833
Поточно, знаеш дека Јувенташ ја отворил темава чим се спомнуваат судии во воведот.
[DOUBLEPOST=1406621084][/DOUBLEPOST]
Традиционално од кога сум на форумов одсекогаш гласам дека мојот Милан ќе успее некако да го освои скудетото, но оваа година тоа ми изгледа ниту најмалку лесно. Лани, мојот глас на анкетата отиде повторо за Милан и веднаш кога излегоа квотите за освојување на ЛШ и Серија А, играв на тоа дека Милан ќе освои титула и во двете натпреварувања, од оваа година тоа ќе си го сметам за традиција, само да заврши меркатото.

Инаку, очекувам превртлива сезона, Наполи да биде прв на табелата на полусезоната, а на крај мислам дека титулата ќе ја дигне Рома.

И, се надевам на добра сезона на Емполи и дека нема да отпаднат веднаш.
:pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Инаку што спомена Мондо за спрејовите, прочитав пред недела дена дека ФИГЦ дале зелено светло за користење на пењата за бричење на терените. Мислам дека Италија прва се согласи од Европскиве Лиги да го користи спрејот од Светското Првенство
И во Шпанија ќе се користат
П.с. што е меркато?
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.089
Поени од реакции
9.000
Јувентус, Рома и Интер во борба за првите е 3 мојата проценка. Ќе бидам задоволен со Интер да избори настап во ЛШ оваа сезона. Наполи флоп на сезоната, доста им беше, време е да се вратат позади Лацио и Фиорентина. Милан очекувам уште една слаба сезона но со подобрена позиција, можеби 5-7 место.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom