Со согласувам со Џони, посебно сум изненаден од нашиве навивачи што одма се предадоа и им ја тутнаа титулата на Рома во раце уште од сега.
Луѓе, Јуве минатата сезона освои 102 бода. Јас се слагам дека многу голем дел изгубивме со тоа што си отиде главниот творец на овој тим, знаат сите колку трубев во фан клуб, ама тие се играчите, останаа сите, има некои засилувања, минимални, за волја на вистината.
Е сега, голем дел ќе зависи од Алегри и како он ќе го спреми тимот. Го има убедливо најдобриот состав во Серија А, сите му се на располагање.
Мое мислење е ако тргне скроз да прави претумбации и ако си тера свој филм со 4-3-3, 4-3-2-1, 4-3-1-2, драстично ќе ги намали шансите за титула. Ако си ја игра провераната 3-5-2, мислам дека иде на многу посигурна варијанта.
Рома ја гледам како единствен сериозен ривал за титулата, али да не заборавиме дека они изиграа фантастична сезона што тешко се повторува. Не сметајќи ги последните три кола кога веќе беше се решено, имаа 11-12 победи по ред, колку што памтам. Сезонава плус имаат и ЛШ, така да не ми се верува дека пак ќе имаат таква одлична сезона.