Освен дерби натпревари (не ми коментирајте само дека сите се дерби во Италија, ве молам

) друго не пратам од Сериа А. Ама и тоа како верувам со правилно трошење и добар менаџмент може барем едниот од двата тима од Милано да фати ЛШ. Тоа што го правеа Рома и Наполи сезонава беше смешки. Никаква констатност и губеа бодови буквално од пацерски екипи (како Јунајтед сезонава ако може да се направи паралела). И затоа мислам доколку внесат малце квалитет во тимот и сериозно (професионално) си ја фатат работата ќе имаат ЛШ без проблем. А за титулата, како што тргнал Јуве не гледам некој да може да му се приближи.