Serie A 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема?

  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.
Не беше ни Јуве подобар, биди реален. Икс најубаво ќе беше, ваљда...
Реален сум. Подобар беше Јуве, повеќе од играта и шансите им припаднаа нив. Посмирени беа. Рома покажа дека е способна да се надигрува, ама во никој случај не беа подобар противник од Јуве денеска. Рамноправен? Да. Подобар? Не.
 
Стефан-Коби, тенденција е што никој не ги гледа или ги заборава судиските одлуки на штета на Јуве. Зошто у твојот пост не го спомна сомнителниот пенал за Рома, тоа беше најмалку пенал, Лихт пробуваше да остане на нозе додека Тоти го влечеше надоле.. Со Аталанта пеналот кој можеше бодови да ни скине.. Досадно е веќе ова со судииве.. Роки идеше од компензација во компензација, тапа беше за двете страни, али Јуве местел зашо на Бонучи му легна волејот.. Видовте за Чезена каков пенал досудија, е тоа беше страшно, овие барем ептен тешки беа за процена, плус на наш стадион нема 16тник, има 18тник:D
Најреално ќе беше 1-1
 
Не биди бене, не знам да бекнам талијански. :D
Бар да ми потврдеше или негираше, полесно ќе беше. :D

Па преведи на google translate... Јас колку што разбрав, ДА, има изјавено такво нешто...
 
tumblr_nczi7yagFq1s8z5rho1_500.gif

#pirloisimpressed
touched.gif

И тоа Бонучи го импресионираше. :icon_lol: Кој би помислил...
 
ЗА ова велев ама не се гледа убо на сликите

Kако и да е заврши, судијата си го остај белегот, ние идиотите ќе се нервираме и караме..
 
ЗА ова велев ама не се гледа убо на сликите

Kако и да е заврши, судијата си го остај белегот, ние идиотите ќе се нервираме и караме..
Не е убаво у туѓо име да збориш во множина :D
 
Сите бе ? Озбилно ? И ти го делиш неговото мислење ?
Истотака изјави и дека неможе да гарантира дека и без судискиве грешки Рома немаше да изгуби .Така е ?

Да бе Видал и уште најмалку 10 играчи имаше у 16тникот.Управо е Алегри, Видал стоеше пред Скорупски, а дали му влијаел на видното поле тоа само Скорпуски знае.

Другар, ако некој ти тврди дека Рома или Јуве биле подобри на натпреваров, тогаш кажи му да си ги извади навивачките наочари. Најреално утакмицата беше изедначена и во право е Саба со изјавата дека и без грешките не беше сигурно дека Рома ќе победи. Никоја од двете екипи не беше толку доминантна за со сигурност да се тврди дека би победила. Ако изгубеше Рома без глупостите на Роки немаше да ми биде мака, прв ќе ви честитав победа.

Никој не ве обвинува дека сте го платиле Роки, можеби е друга причината, можеби е глуп, слеп или чуствува некој притисок или страв да не го оштети Јуве. 13 години чекаме Скудето и со сета добро завршена работа преодниов рок, сиот вложен труд единствено оправдување би сакал да е - појаки се, а не од типот - хехе, Роки не виде, хехе, тешко е за проценка...
 
Реално, не знам дали биле до сега во ваква ситуација фановите на Рома, онака сигурен сум дека не биле во поновава историја. Не се праи намутав, знаеш кон што целам.

Само ќе му кажам браво на Мондонико кој ферски напиша дека Јуве не заслужил денес да победи, настрана целокупното судење. Не ми е јасно како може да се ситиш/те на оваа победа на Јувентус, т.е. пораз на Рома кој е остварен со послаба игра од противникот и што е најбитно со два непостоечки пенали. Ајде првиот ќе рече човек не може милиметарски да се измери, пошо ваљда Роки го свирна од причина што живиот ѕид беше внатре во шестнаесетникот, според мене по таа логика се водеше иако Маикон надвор ја удри топката со рака. Сепак, не го земам за преголемо зло ова. Али вториот пенал? Немој да ме јебеш, пред очи му се дешаваше ситуацијата, онака 2343243243234% сум сигурен дека копилето намерно свирна.

Едно објасни ми, како тоа увек кога игра Јуве и кога има сомнителна ситуација увек е досудено во корист на Јуве??? Еднаш-два пати е случајност, а 100 000 пати е тенденција.

Нормално, на Интер чисти голови му поништуваат против Палермо, пенал еднаш годишно им свират, ама кога Јуве е во прашање се брои стативата ко последен играч, шестнаесетникот станува осумнаесетник, гол линијата станува искривена линија подлабока за пола метар (хинт: гол ди Мунтари) итн итн да не набројувам. Затоа и пишав дека ги жалам навивачите на Рома, колку и да играат добро ќе се дешаваат вакви работи за Јуве да стане шампион, веќе видено милион пати.

И остај го Интер, што има сега врска Интер со Јуве-Рома? Си знаеме ние во каква ситуација е Интер и си коментираме реално, не се секирај.
Знаеш дека лајкот ти е само за честитката, бидејќи за вториот дел од твојот пост имаме дискутирано многу пати. Знаеш и самиот колку е дискутабилно ова дека секогаш дискутабилна ситуација се суди во корист на Јуве. Пред се со оглед на вниманието кое се посветува во јавноста и општо на грешка про-Јуве и на грешка против Јуве.

Него, се воздржав и се воздржувам да ги коментирам судиските одлуки, само поради ова што се случува. Сите даваат различни интерпретации за одлуките и кај сите различно. Според скај сите пенали не биле пенали, според газета првиот не бил, вториот бил и голот регуларен, според трети голот нерегуларен, па не знам што уште. Чорба каша.

Стримот на кој гледав имаше малку лоша слика, па тек сега ги видов настаните почисто. Според мене раката на Маикон дефинитивно беше казнива затоа што намерно ја придвижи кон топката, а не му одеше топката во лицето па да си го чува. Е сега внатре или надвор е интерпретација на судијата. Оригинално живиот ѕид беше внатре и играчите не смеат да одат напред додека не се шутира. Сепак едно е јасно. Доколку е на линија е пенал. Џену, Елнињо а и сите ние немаме видено слободен удар со топката поставена на линијата од шеснаесетникот, затоа што такво нешто не постои. Не го измислувам ова јас, ниту пак друг јувенташ туку тоа е правило кое за жал очигледно многу не го знаат.

Пеналот на Рома беше разбирлива одлука, особено после дилемата дали за Јуве да се досуди пенал или слободен.

Вториот пенал за Јуве го гледам во живо ми стои внатре. Го гледам оспорена снимка ми стои надвор. Е тука е проблемот кој Роки си го направи самиот, досуди две дискутабилни одлуки во корист на Јуве. Премногу беше и тоа е факт. Без разлика дали биле или не.

Во второто според моите очекувања Рома падна физички и Јуве одигра подобро. Посебно последните 20 минути кога имавме 2 одлични шанси пред голот. За голот нема што да кажам. Жално би било да се поништи таков гол иако имаше основа. Сепак пак се се сведува на интерпретација, според дискутабилното правило за офсајд за влијание или невлијание на играчот врз голманот. Може му пречи, а може и не, но тоа со сигурност никој освен голманот на Рома не може да го тврди.

Се на се сега Рома не треба да дозволи да се стекне со тагот жртвено јагне и да заборави да игра фудбал. Сезоната е многу долга и оваа табела е далеку од конечна. Рома има тим, има тренер, има идеја и сето тоа треба да го искористи. Плачењето, кукањето и зборовите како оние на Тоти дека Јувентус на овој или оној начин ќе победи треба да се избегнуваат. Не за друго, затоа што се кажани во жежок момент без размислување.

Рома ако биде најдобра оваа сезона ќе освои. Во тоа сум сигурен.

Бидете ми поздравени.
 
Другар, ако некој ти тврди дека Рома или Јуве биле подобри на натпреваров, тогаш кажи му да си ги извади навивачките наочари. Најреално утакмицата беше изедначена и во право е Саба со изјавата дека и без грешките не беше сигурно дека Рома ќе победи. Никоја од двете екипи не беше толку доминантна за со сигурност да се тврди дека би победила. Ако изгубеше Рома без глупостите на Роки немаше да ми биде мака, прв ќе ви честитав победа.

Никој не ве обвинува дека сте го платиле Роки, можеби е друга причината, можеби е глуп, слеп или чуствува некој притисок или страв да не го оштети Јуве. 13 години чекаме Скудето и со сета добро завршена работа преодниов рок, сиот вложен труд единствено оправдување би сакал да е - појаки се, а не од типот - хехе, Роки не виде, хехе, тешко е за проценка...
Ја никаде не споменав дека некој од тимовите посебно се издвојувал со играта и бил подобар од другиот на вечерашниот напревар.
Долга е сезонава, на крај ќе видиме и ќе коментираме кој е појак.Ја мислам најреално е така.
Жал ми е што го зареков Роки пред неколку дена каде што пишав дека се надевам нема да ни даде причини за полемики и контраверзии после напревараот.
Ама не е ни тоа проблемот.Подлабок е, и во Италија, и тука нели , како симпатизери и навивачи на клубовите од калчото.Секогаш без објективност се оди на веке одамна засемени страни, со зацементирани ставови.Одамна е познат и на дело виден медиумскиот хајп кој секогаш иде контра - Јуве.
А тоа дека ситуациите беа тешки за проценка, неможеш да го негираш.
 
2 крајно сумљиви пенали за Јувентус.
Првиот поради фактот што топката секако му завршуваше во градите на Мајкон,значи топката никако немаше да оди во гол или на друго место.Секако беше блокирана.За овој може да се прогледа низ прсти,но никако за вториот.Слободен удар е максимумот што можеа да го извлечат.
Пеналот за Рома чист,можеше Лихштајнер да си го однесе дома и да го понуди на жена му. :)

Него туку си одиш самиот на себе контра Моднонико со тоа што го велиш демек за Милан судиите без никакво мислење судат пенали,а за Јувентус и 3 пати се мислат поради нивното минато и тоа за чистите пенали.Штом за чистите се мислат и пак судат(сега ќе кажуваш колку чисти пенали немат свирано за Јувентус,а колку свирнато против непостоечки),види тие што немат п од пенал како се судат.
Рома имаа далеку подобри шанси,пред се ја издвојувам онаа на Жервињо и другата не ми текнува кој играч беше.Нерешено,сасвим довољно.
 
Уште од сега го очекувам мечот во Рим, крв ќе падне 100%. :D
Кај се зајадени од лани, па уште и денешнава утакмица, со еден куп контроверзни ситуации, па има да гори Рим. :D
 
2 крајно сумљиви пенали за Јувентус.
Првиот поради фактот што топката секако му завршуваше во градите на Мајкон,значи топката никако немаше да оди во гол или на друго место.Секако беше блокирана.За овој може да се прогледа низ прсти,но никако за вториот.Слободен удар е максимумот што можеа да го извлечат.
Пеналот за Рома чист,можеше Лихштајнер да си го однесе дома и да го понуди на жена му. :)

Него туку си одиш самиот на себе контра Моднонико со тоа што го велиш демек за Милан судиите без никакво мислење судат пенали,а за Јувентус и 3 пати се мислат поради нивното минато и тоа за чистите пенали.Штом за чистите се мислат и пак судат(сега ќе кажуваш колку чисти пенали немат свирано за Јувентус,а колку свирнато против непостоечки),види тие што немат п од пенал како се судат.
Рома имаа далеку подобри шанси,пред се ја издвојувам онаа на Жервињо и другата не ми текнува кој играч беше.Нерешено,сасвим довољно.

Nope, nope, nope. Пушти пак replay...
 
Ој спиј бе :D

До натпреварот против Чезена за Јуве немаа пенал свирнато 21 коло. Во последните 10 години само еднаш за Јувентус досудија двоцифрен број пенали (12/13 сезона) За Милан пак само еднаш НЕ досудија двоцифрен број пенали (13/14 сезона) Сега ти самиот си види за кого свират полесно :icon_mrgr:
 
Nope, nope, nope. Пушти пак replay...

Ама реков може да се прогледа низ прсти. :)[DOUBLEPOST=1412555375][/DOUBLEPOST]
Ој спиј бе :D

До натпреварот против Чезена за Јуве немаа пенал свирнато 21 коло. Во последните 10 години само еднаш за Јувентус досудија двоцифрен број пенали (12/13 сезона) За Милан пак само еднаш НЕ досудија двоцифрен број пенали (13/14 сезона) Сега ти самиот си види за кого свират полесно :icon_mrgr:

Па виј саа,не за џабе беете шампионе у Серија Б. :)

Ќути 15 за 9 треба да станам.
 
Ама реков може да се прогледа низ прсти. :)
Иденичен пенал беше досуден за Рома пред 4 години на Јуве -Рома. Никој не се сеќава изгледа.
get

Добро идеме на вториот.Погба со дел од телото е веќе во 16тник..
Идентичнанта ситуација лани , Оби го руши Жервињо само од спротивната страна на 16никот.Пенал за Рома.Пак никој не се сеќава ?
get

Лани Демикелис на сличен начин го фаулира Месси во трк кон 16тникот.Пенал за Барселона ,и еден куп примери,може до утре да набројуваме.
Тешки за толкување се некои одлуки и ситуации тоа да, ама не само вечерва, не само за Јувентус , секаде се случуваат.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom