Вака сеа, намерно не честитав претходново коло затоа што сакав доста работи и екипи да опфатам со постов.
1. Честито Јувенташи, иако мразам да го кажувам ова али еве втора година по ред, честито, апсолутно заслужена титула, доминација во секоја смисла иако нормално си имаше некои судиски одлуки на ваша страна.

Шала на страна предоминантно го освоивте првенствово и нема тука збор, дефинитивно најдобриот тим во Италија моментално, и тоа за класи во однос на другите. 102 поени не се заебанција, дома 19-0-0 исто така не се заебанција, тоа покажува колку бил доминантен Јувентус годинава.
2. Честито
@dragonsky @Koleunas Orlevichius, aleksandar (кој и да беше) и
@Ставрогин, преубаво е да се слушне дека Парма е повторно во Европа. Лично еден од моите поомилени тимови во Италија после Интер. Се надевам дека достојно ќе ја претстават Италија во Европа следната сезона.
3. Интер и мој тужни Интер... Ако ја гледаме табелата во однос на лани ќе речеме дека има напредок, ама во суштина тоа не е така. Каде бе Мацари пријателе ружен, да ти ја ебам подвратената панталона, да ти ја ебам џигерицата мрсна ја на тебе, каде бе со таа шугава 3-5-2 формација каде Нагатомо и Џонатан ти се главни играчи а нема место за еден Ковачич? Како бе човек да ја сака оваа кооперациска пијандура, која тера некоја си негова филозофија и не ебе жива сила? Се надевам и се молам на Бога како што моментално се молат Србите и Босанците дека на копилево ќе му текне следната сезона дека МОЖЕ во тимот да вметне и млади играчи, а не да играат фосили ко Камбијасо. Е да, веќе кога сме кај Камби, фала му на него, фала им и на Милито и Самуел за се што сторија за овој тим, никогаш нема да ги заборавам, они беа дел од златната генерација во 2010. Намерно изоставив некого нели?

IL Capitano!!! Серија А од следната сезона ќе биде посиромашна за една легенда, еден од најголемите џентлмени кој некогаш заиграл фудбал, иконата на Интер, Хавиер Занети. Фала му и него за се, за сите радости кои ни ги има донесено, за сите успеси кои ги постигна со овој тим, засекогаш ќе остане во нашите срца и ќе биде запаметен како еден од најголемите кога е во прашање дресот на Интер.
4. Рома! Фантастичен напредок оваа сезона. Гарсија заврши одлична работа и го воздигна тимов на многу скалила погоре во однос на претходната сезона каде Рома се ебаваше со Зденковци, офанзивни фудбали, 0-0-10 формации и слично.

Исто како и Парма, се надевам дека Рома добро ќе се покаже во Европа и ќе го обели образот на Серија А, за да не мрчат многу оние Немцине.
5. Милан

Не може а да не пројадам бубрези за Милан.

Јебига и ние имавме катастрофа од сезона лани па си трпевме ремет. Се она што може најлошо да му се деси на еден тим му се деси на Милан сезонава. Сменија тренер, во тимот имаат ужасни играчи, Сасуоло им даде 4 комада, Атлетико ќе го поминеа за малце (
), Бонера е подобар од Видиќ, Констант се сликаше гол со лептир машна на него (
), нема да играат во Европа следната сезона итн итн... Ај сеа шала на страна, ама миланските екипи МОРА под ИТНО да се враќаат во врвот на италијанскиот фудбал, затоа што во спротивно не и се пишува добро на Серија А во следниот период. Не може еден проклет крофнар да се фали со освоени титули во Италија и пласирање во ЛШ, а таму редовно да биде плескан. За таквите се знае, 5-6 место максимум.
Тоа е тоа момци, еден мал рекапитулар од мене за претходнава сезона која уопште не беше возбудлива и посакувам следната да не биде иста.