Потопо Ако си мислел дека сум циничен во врска со посакувањето среќа, требало директно да ми кажеш. Јас тврдам дека не е така. И Јуве беше во Европа Лига и јас воопшто не се срамам од тоа. Јуве беше и во Сериа Б, па јас и за тоа не се срамам и тоа ни малку. Мора да паднеш, за да се искачиш високо.
И мило ми е што не се караме, туку дискутираме
Е сега вака за Исла. Верувај ми, колку ти Исла го сметаш за слаб играч јас 10 пати по толку го сметам. Дечкото во Удинезе беше јак, но се повреди минатиот Февруари. Не знам како прво што бараше Јуве да купи повреден играч. Е сега не сфаќам, зошто Исла исфорсиран? Каде си прочитал некој навивач на Јуве (или било кој) да го фали Исла таков или онаков? Верувај ми, Исла како што играше оваа сезона (во малкуте натпревари кој ги одигра) можам да ти кажам дека е најслабиот играч во Јуве и тоа со убедлива "предност". Падоин и Де Челе за него се измислени. Така да ако некој навивач на Јуве те убедува во тоа дека Исла е јак и не знам што, веднаш прати го кај мене

.
За одбраната на Интер не сум баш убеден. На пример на натпреварите со Рома, Самп, Катанија, Калјари, Лацио, Џенова па и некни со Киево, Интер е многу слаб во одбрана. На пример кога прејде во водство Интер некни со Киево, на 1-0 два пати играчи на Киево беа слободни да шутираат со глава непречени од никого на 6-7 метри од голот. Едната ја промаши Ачерби, а другата ја претвори во гол Ригони. Ранокија точно дека е подобрен, но лани тој беше тешка катастрофа. Сега е подобрен, но сеуште не е на ниво да се нарече добар дефанзивец. Не се зафркавај, сети се само како Клосе во последните 10 мин, од Лацио-Интер 3 пати му избега и како Имобиле со обичен потег го прати да паси трева

... Не утврдуваат бројките кој е најдобар дефанзивец, туку играта. Да не се повредеше Киелини сега за сега ќе беше многу тесна битка за тоа кој подобро одигра, тој или Барзаљи. Но, реално во моментот Барзаљи е најстабилниот играч од дефанзивната линија што може да се најде. Но, друг пат за него...
Се на се мислам дека на Интер му се потребни засилувања во одбрана, затоа што не може да се потпира на тие играчи што ги има. А, да не го споменуваме Киву кој требаше да го шутираат многу оддамна, а не до сега да го држат во тим.
За Икарди нема што повеќе да се каже. Може да го биде, но голема коцка е на која Интер според мене во моментот не требаше да игра.
Инаку да нема забуни. Волфсбург освои во сезоната 2008/2009. Прва сезона му беше на Барзаљи тоа. Касерес дојде од Севиља. Кога беше на позајмица во 2009, беше дојден од Барса, но кога дојде лани зимата, дојде од Севиља, прво на позајмица а потоа Јуве доплати мислам 8 милиони дека беше...