Serie A 2010/2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2010/11 во Serie A?


  • Вкупно гласачи
    417
Реално да збориме иако сум навивач на Јуве , Интер е за чекор пред нас... инаку све е можно доколку дојде асален лев бек и еден напаѓач во Јуве тогаш мислам дека ЈУВЕНТУС ке го освои Калчото ... одличен распоред имаме така да има надеж дека ќе ја освоиме ИТАЛИЈА годинава ...позз
 
Еми ако добро ги закрпат дупките од Маикон/Балотели, потенцијалните азиланти(а на добар пат се да го сторат тоа), ондак не глеам друга можност за екипите од втор план да му ја урнат низата на моменталниот Европски првак.
Значи тоа е едина прилика, доколку не земат здрави замени за нив и овие да удрат со цел свој потенцијал.
Знаејќи го Рафа дека не го бива на првенствен фронт... колку и да не го бива со екипа која е тренутно 2-3 класи над своите ривали неможе и да сака, а да не го понови серијалот на Манчини - Жозе. Рома може да биде достоен конкурент, едина мана им е неконстантноста, а нанижат два порази уз ред после иди спречи ги :)
Јуве е солиден, како што беше и минатата година... но знаеме дека на дело е сосема друга прича, али за разлика од Милан кој нажалост на ништо не личи може да избувне бо секое време, вајда Дел Нери и раководството знаат по кој пат тераат.
За Милан како што кажав, колку и да имам високо мислење и да се воздржувам од дневни реметења на нивна сметка сепак ова не личи на састав од кого противниците ќе ги пунат гаќите уште неизлезени.... дааалеку е Милан од тој што сите го знаеме и кој некогаш беше репрезент на Италијанскиот фудбал вон рамките на чизмата.
Ќе биде интересно да се види и Виола како ќе функционира без Прандели... тука шансата за излез во Европа ќе ја бараат Наполи и Џенова, кој имаат и добри шанси да се искачат и до место кое води во ЛШ, али зависи како ќе се покажат годинешниве претставници и дали ќе успеат да го задржат.
Сампдорија ја гледам како најголемо разочарување на првенствената табела... можеби ќе успеат да дотуркаат до 1/8 во ЛШ, но тоа автоматски негативно ќе им се одрази во лигашките пресметки... ниту Удинезе не ги глеам во 7-цата која носи ЕУ пласман.
Лацио.... аххх неможам да започнам со анализа на овој зашеметен тим, не знам зашо ги спомнав уопште... све над 10-то место ќе биде успех.
 
Tука Интер е со најголеми шанси пред сите.. Најдобар тим имаат и не гледам шанса зошто да не ја одбранат титулата.. А и конкуренцијата не им е на ниво, така да очекувам повторно да ја освојат титуалта..
 
Ај да не се пувам, ќе кажам дека САКАМ Јувентус да освои. Арно ама... Желбите се едно, можностите се друго. Ако Диего продолжи да игра во ваква форма како на подготвителните дуели и со купување на еден напаѓач и еден десен бек, Јувентус значително би си ги подобрил шансите за висок пласман. Инаку мислам дека Милан сезонава ќе биде сериозен конкурент на Интер за Скудетото а тука е и секогаш силниот ривал Рома. Со среќа нека им е на сите!!!
 
Конкуренцијата на Интер е 0,така да џабе се праи муебет на темава....
 
Milan till the end,no matter what!!
Ќе биде тешка и исцрпувачка сезона,се надевам со среќен крај за сите росоњери.
 
За разлика од минатата сезона, оваа ќе бидеме далеку поконкурентни за скудетото ......... FoRzA JuVE !!
 
Навивам за Интер, но гласав за Рома.
Последнава сезона едвај им избегавме за 2 бода, и тоа имајќи го Мурињо. Нормално, не е лесно да водиш битка во домашно првенство, и да цепаш до крај во ЛШ, па ај да речеме затоа сме дозволиле Рома да ни се приближи и да се заканува.
Арно ама, Мурињо го нема оваа сезона. Дојде Бенитез и се плашам дека ќе го уништи Интер. Дека ќе го смени начинот на игра, и дека ќе упропасти неколку играчи сум 100% сигурен.
Ама ајде ќе видиме.
 
Оваа сезона очекувам Рома да го следи во чекор најквалитетниот тим Интер.....како што ќе одминува сезоната Интер ќе се одлепува од другите..да се надеваш дека Јувентус или Милан ќе го следат во чекор Интер па и на крајот да бидат пред нив на табелата треба да си во чиста заблуда(посебно Милан со онаков тим:tapp:)..Јувентус како и претходно пред сезоната најавува жестока битка за скудетото после ноември ги нема никаде,така мислам дека ќе биде и сега со онаков очаен тим...Рома не дека имаат кој знае каков состав туку дека играчите се одлично комповани и имаат тим за разлика од растурената банда Јувентус.....ништо ново освен 19-то скудето за Сино-црниот дел од Милано!:toe:
 
Оваа сезона очекувам Рома да го следи во чекор најквалитетниот тим Интер.....како што ќе одминува сезоната Интер ќе се одлепува од другите..да се надеваш дека Јувентус или Милан ќе го следат во чекор Интер па и на крајот да бидат пред нив на табелата треба да си во чиста заблуда(посебно Милан со онаков тим:tapp:)..Јувентус како и претходно пред сезоната најавува жестока битка за скудетото после ноември ги нема никаде,така мислам дека ќе биде и сега со онаков очаен тим...Рома не дека имаат кој знае каков состав туку дека играчите се одлично комповани и имаат тим за разлика од растурената банда Јувентус.....ништо ново освен 19-то скудето за Сино-црниот дел од Милано!:toe:

Ова сето пропаѓа во вода доколку ги ангажираат Маската,Агуеро и уште кој друг требаше... со проширен ростер без грижи околу повреди или набиен распоред Интер не би имал проблем и со трет различен тренер да освои едно по друго.
 
Иако сменаа тренер и можеби ќе им замине Маикон сепак јас мислам дека Интер и оваа сезона се најголеми фаворити за освојување на Скудето. Јувентус се засилија со 3-4 играчи, можеби ќе го земат и Красич, но сепак јас мислам дека немаат шанси за титула со овој тим. Е сега ако земат некој класа напаѓач (Џеко), и некој добар лев бек, е тогаш мислам дека ќе бидат сосема рамноправни со Интер. Исто така и Рома се засили со Адриано и Симплицио, тука се и Тоти, Де Роси, Вучинич и компанија, па мислам дека тие ќе бидат најголеми кандидати за титулата, после Интер. Милан доколку не направи една чистка во тимот, да се ослободи од некои играчи кои не им требаат, да земе соодветни замени за нив, тогаш ништо не прави. Исто така очекувам солидна сезона и од Самподија, Палермо, Џенова и Наполи.
 
Очекувам голема борба за највисокиот можен пласман (второ место) меѓу Фиорентина,Јувентус,Милан и Рома.
 
Како што забележувам некој предвреме се прогласува за шампион ... лошо !!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom