Еми ако добро ги закрпат дупките од Маикон/Балотели, потенцијалните азиланти(а на добар пат се да го сторат тоа), ондак не глеам друга можност за екипите од втор план да му ја урнат низата на моменталниот Европски првак.
Значи тоа е едина прилика, доколку не земат здрави замени за нив и овие да удрат со цел свој потенцијал.
Знаејќи го Рафа дека не го бива на првенствен фронт... колку и да не го бива со екипа која е тренутно 2-3 класи над своите ривали неможе и да сака, а да не го понови серијалот на Манчини - Жозе. Рома може да биде достоен конкурент, едина мана им е неконстантноста, а нанижат два порази уз ред после иди спречи ги
Јуве е солиден, како што беше и минатата година... но знаеме дека на дело е сосема друга прича, али за разлика од Милан кој нажалост на ништо не личи може да избувне бо секое време, вајда Дел Нери и раководството знаат по кој пат тераат.
За Милан како што кажав, колку и да имам високо мислење и да се воздржувам од дневни реметења на нивна сметка сепак ова не личи на састав од кого противниците ќе ги пунат гаќите уште неизлезени.... дааалеку е Милан од тој што сите го знаеме и кој некогаш беше репрезент на Италијанскиот фудбал вон рамките на чизмата.
Ќе биде интересно да се види и Виола како ќе функционира без Прандели... тука шансата за излез во Европа ќе ја бараат Наполи и Џенова, кој имаат и добри шанси да се искачат и до место кое води во ЛШ, али зависи како ќе се покажат годинешниве претставници и дали ќе успеат да го задржат.
Сампдорија ја гледам како најголемо разочарување на првенствената табела... можеби ќе успеат да дотуркаат до 1/8 во ЛШ, но тоа автоматски негативно ќе им се одрази во лигашките пресметки... ниту Удинезе не ги глеам во 7-цата која носи ЕУ пласман.
Лацио.... аххх неможам да започнам со анализа на овој зашеметен тим, не знам зашо ги спомнав уопште... све над 10-то место ќе биде успех.