Вака, за денешниот случај во кратки црти:
1. Секое играње со рака не е пенал (ова нема врска со денешниот случај, општо е, само го пишувам уште еднаш за оние кои ја почнаа дискусијата за тоа)
2. Мое мислење е дека играта со рака не влијаеше ништо битно на играта, затоа што и без тоа топката му паѓа на нога. Од друга страна, може да се каже дека има намера да се игра со рака. Не знам во овие два случаи што има преднсот. Му верувам на Неразуро кој вика дека имало намера и врз основа на тоа е пенал. Нејќам да го тупам, дечкото знае повеќе од нас за оваа проблематика. Мислам дека Морганти не досудил пенал затоа што оценил дека немало намера, и не влијаело. А може и намерно ве дупчи. Кој да го знае...
За случајот со Парма, мислам дека и тогаш пишував:
- Играта со рака не влијае на правецот,
но моментот воопшто не е лесно да се оцени на терен. Ние го анализиравме од успорена снимка и пак имаше кавги. На прв поглед делува дека топката оди во гол и дека Коуто игра со рака за да спаси гол
Мислам дека воопшто не е лесна одлука...