Sense8

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
Моментално сум до 10та епизода. Морам да кажам дека ептен ми прави мерак серијава. Ептен е јако направена, различни локации, преубави места и култури, можеш многу работи да научиш пример за Индија и слично.
Друга битна работа е глумата, фино скоцкана глума кај секој лик, нема ниту еден што ми некако штрчи со глума или да е исфорсиран, глума на ниво нема збор. Ќе бидиме како ќе се развива, сега за сега серијава е вистинско освежување во sci-fi и топла препорака за сите што и се мислат.
 
Ја завршив и ја :3
Интересно финале, имам некои замерки но углавном добра сезона беше.
Волфганг ми е најак лик :D
 
Вториот дел од сезонава ми стана малце напорен.
Почнав да забележувам, глупи дијалози, клишеа и лоша глума.

[edit] Леле многу лошо не ме зезајте. Сценава со тепање во 10та епизода, кај што се „тепаат“ Хоакин и „ајјј ми хЕрнандо“ е невидена смешка. Па Волфганг на крај, фајтинг ис изи. Фајтинг ис вот ај ду.
Треба некој да направи сплит скрин на оваа сцена и сцената од Banshee кај што се тепаат батлерот и Одет или било која фајтинг сцена од Banshee for that matter.
Може ја ќе напраам.
 
Последно уредено:
Вториот дел од сезонава ми стана малце напорен.
Почнав да забележувам, глупи дијалози, клишеа и лоша глума.

[edit] Леле многу лошо не ме зезајте. Сценава со тепање во 10та епизода, кај што се „тепаат“ Хоакин и „ајјј ми хЕрнандо“ е невидена смешка. Па Волфганг на крај, фајтинг ис изи. Фајтинг ис вот ај ду.
Треба некој да направи сплит скрин на оваа сцена и сцената од Banshee кај што се тепаат батлерот и Одет или било која фајтинг сцена од Banshee for that matter.
Може ја ќе напраам.

Banshee e klasika za ova
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Јас поминав 4 епизоди и ми се допаѓа, ми делува на некој спој меѓу Heroes и Lost. Од Lost го има земено градењето на ликовите, онака споро и со flashbacks.

Корејката е најјак лик според мене. Буквално најјак. Get it? :D
 
Корејката е најјак лик според мене. Буквално најјак. Get it? :D
Заедно со Ван Дам се најкул дуо :D

Јас ја изгледав цела, ми се допадна серијава, сигурно втората сезона ќе биде и подобра.
Финалето беше онака, ама барем направија добри приказни од ликовите и се прошетавме на убави локации низ светот.

Исланѓанката :)
 
Delot koa ovoj go mava na Van Damme.....:facepalm:
 
Добро само ја се палам на Индијкава? Преубава е.
Дали сум трудна?
 
Не си единствен брат, пишав и ја погоре. Индијката најубава, а и јака задница држи :drk:
Не сум видел. Прејака е бе, би си легал цел ден со неа у кревет и ќе ја гледам уживам, божествена убавина има, фаца ипол :D
 
Јас сум на петта епизода, воопшто не ми е досадна серијава, напротив, тие 50+ минути ко 5 ми поминуваат.
На малце повисоко ниво ми се полицаецот, Германецот и Корејката, другите онака, едино Мексиканецот некако ко лик ми е meh.

Оваа ми е најјаката сцена досега. Ма совршена е. :love:
 
И јас ја завршив. Реков дека „пилотот“ не ми се допадна, но понатаму ме заинтересира. Се на се има преодна оценка од мене, иако имаше премногу непотребни сцени, ко што рече Анон: еден куп клишеа, лоша глума и WTF моменти. Особено репликата на Лито „We had sex“ од последната епизода - таков facepalm сум си удрил, уште челото ме боли. Требаше да биде смешно, или?
Инаку, оргијата од шеста епизода, без оглед на тоа што беше gay-и-пол, е една од најдобрите секс сцени кои сум ги видел во филм/серија!
Омилени ликови: сите освен Лито. Толку антипатичен лик одамна не сум сретнал. А пак колку само иритантно се смееше... Волфганг и Кала се ОК, Вил и Рајли исто, со Кафеус исто имаше неколку сцени за facepalm, Номи - ко Лана Вачовски да си го раскажува животот а кон Сан некако не се створи никаква емпатија. Ама за да не бидам обвинет дека сум хомофоб, пошто некако LGBT ликовиве најмалку ми се допаднаа, морам да признаам дека Хоакин е ОК. Ама секако - и тој мора да има некоја маана, па ќе чекаме да ја откриеме во втора сезона. :P
 
Anon мање више кажа се што имам ја да кажам за серијава.

Ќе ја остаев уште после првата епизода, ама дека не ја глеав сам, продолжив. Ми го поправи мислењето до крајот, али генерално не ми се свиѓа реализацијата. Ок идеја (иако многу ми беше Хироус за повозрасни), супер локации и амбиент, али мислам дека многу клише и очајно лоши дијалози и случувања на моменти. Ко да имале супер генерална идеја и основа, ама не сакале да се вложат у попунувањето на приказната (т.е. придружните приказни). Би ги повторил и претходно спомнатите критики за фурањето мулти-култи и сексуална и полова еднаква застапеност... не сакам кога премногу се внимава на тоа, како да постои некој дифолт шо мора да се исполни, глупо е.
 
200.jpg

Sounds like me :D

Конечно најдов време за серијава. Ми се допадна повеќе од што очекував, би рекла 7/10, со голема веројатност дека следната сезона ќе се зголеми оценката. Почетокот ми беше малку досаден и збунувачки, додека да успеам во глава да си изградам слика за секој лик, ама секоја следна епизода ми беше се подобра.
Ликовите и приказните ми се океј, најкул ми се Рајли ( :love: ) и Волфганг. Номи и Ван Дам некако најмалку ме заинтригираа.
Очекувам многу од следната сезона, се надевам нема да ја заебат.

@HoT IcE давај предлог што да гледам следно :D
 
Никој не ја спомна најбруталната сцена во серијата.
Кога сите се раѓаа додека го слушаа концертот на таткото од Исланѓанката... Многу убава сцена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom