Sense8

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.051
Ја спомнавме серијава во темата за Општи серии.
Накратко, Sense8 е нова серија во продукција на Netflix што значи веќе излезе целата сезона од 12 епизоди.
Креаторите се Енди и Лана Вачовски и нормално кога имињата што го донесоа Матрикс прават серија, значи дека мора да се види за што станува збор. Вачовски си зеле познат актер од друга серија која може да се рече дека е како татко серија на Sense8, барем јас така си ја поврзав.

За што се работи?
Повеќе луѓе на различни страни од светот имаат визија за една жена која се самоубива пред нив. На некој начин сите тие ликови се ментално поврзани меѓу себе, понекогаш чувствуваат нешто од другиот со кој се поврзани или слушаат работи. Ова се воочува уште во прва епизода и не е никаков спојлер туку само вовед.

Серијата изобилува со добар сетинг, како во филм... дејствието е поврзано со различни држави и култури, од Индија до Лондон, Чикаго, Мексико... Најавната шпица е толку убаво направена како колаж од најдобрите јутуб видеа.

Покрај тоа што е сци-фи, има трилер елементи, налик на Heroes на времето само овде подобро реализирани, не е толку брза и остава простор за ликовите да се развиваат понатаму.

Има многу добар саундтрак серијата чим уште во првата епизода ги имаше The Antlers.
Не сум ја изгледал се уште цела, до пола сум стигнат со сезоната, ама гледам дека на последната епизода има најголем рејтинг што значи се подобрува од епизода во епизода.



Мислам дека ќе и вреди темава што ја отворив и нема да биде уште-една-флоп-серија.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Симната е, само чека испитна да пројде и ќе има што да се гледа. Интересно ми се виде по трејлерот, плус сегде ја фалат.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Симната е, само чека испитна да пројде и ќе има што да се гледа. Интересно ми се виде по трејлерот, плус сегде ја фалат.
И мене ми е на листа на чекање (тенкју @HoT IcE :pipi:) . Да заврши испитна, да догледам се што имам започнато и почнувам со оваа.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.694
Топ серија, никогош не сум верувал дека ќе можам да изгледам ваква спора серија, и тоа драма.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
После трета епизода ја баталив :icon_lol:, не ја бива :icon_lol:.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.784
Поени од реакции
33.574
Го ѕирнав „пилотот“, и се е ОК ко што кажа џими, ама по се изгледа во моментов јас немам нерви за ваква серија. Ме уби досада, се изнакружев не околу една, туку околу сите столици што ги имам по дома. :P
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Супер е сенсов, до 8ма епизода стигнав и многу задоволен од неа. Интересно ми е што сеуште не се знае што како се дешава, обично по други серии во овој момент на сезоната веќе се знае сѐ и пуштаат филер епизода пред финалето, но сенсов не е таква (бар за сега).
Иначе кастот одличен, режија одлична, ми се свиѓа што се зборува стрикно англиски, без разлика каде се наоѓаат.
Локациите на снимање исто неверојатни, јас ја симнав таа од 35 гига сезоната и вредеше, топла препорака за сите кој не ја гледале - да почнат
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
И јас ја почнав серијава и до 6та епизода сум стигнат. Пилотот беше доста досаден и ептен поради Индијкана решив да изгледам уште една и не зажалив. Втората беше поинтересна и така со секоја наредна серијата станува поинтересна. Најјаки ми се педерите со Даниела (сцената кога дозна за нив - сум се пресмеал) :D А и Џонас (читај Саид Џара), црнецот (не знам како се викаше) и Индијката Кала ми се интересни ликови, а да и Волфганг :D
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Aaaaand yet another LGBT, мулти-култи пропаганда. Почнуваат да ме нервираат овие работи.
Интересна е, до втора епизода сум.
Ама озбилно претеризам е со ова LGBT плус едниот Вачоуски гарант си ја раскажува животната приказна преку таа (тој/таа/тоа бларгхјухљњејуфи факју елџибити) со црнкињата.
Tom Tykwer confirmed to be на рамниште со Djawadi/Zimmer а и мулти талент (писател, режисер, музичар)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.662

Celeste

Егоист,курва,социопат.
Член од
6 јули 2014
Мислења
58
Поени од реакции
89
Зошто сум кретен и се гледам маратонски?!
Серијава е страшна!
Првата епизода беше максимално досадна,и апсолутно ништо не ми беше јасно. Како продолжуваше натаки се поконцизна и повозбудлива беше.
Заради неа не излегов ни од дома...
До крајот веќе за сите ликови се развива емпатија.
И ептен ми се допадна мешањето на културите,сексуалноста,животните услови.
Омилен лик ми е Сан Бак,дефинитивно.




Едвај чекам втора сезона!!! :vozbud:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627


Никако не можам да го поврзам гласот на типкава со нејзиното целокупно битие. Ич не ми штимаат.
Многу чисто збори англиски а не ми делува дека така треба да биде.
А може и дека цело време е околу мехико што збори на таков мехико англиски, ми изгледа дека чисто збори оваа а уствари не... nz nz :S
your nose is now in your peripheral vision
 

Kajgana Shop

На врв Bottom