Сендвичара "Седмица"

  • Креатор на темата Креатор на темата IvicaPunK
  • Време на започнување Време на започнување
Јас и кога имам кеш, секогаш плаќам со картичка. Во маркети посебно. Парите ми се ептен кога не може со картичка. За 20 денари со картичка плаќам. :D
 
Пред некој ден еден таков во маркет мислам дека за малку се спаси од инцидент. Стоиме во ред 5-6 души тој го вади телефонот го доближува до терминалот ама не му откуцуваше, ај уште еднаш ...неќе, па вика чекај да видам што е проблемот, ајде пак, пак неќе...и така 3-4 пати како да е на ИТ курс. Касиерката врти очи, муштерииве после него чадат од нервоза, ни идеше сите заедно да земеме на клоци да го извадиме од маркет .
На крај виде дека не ја бива извади пари и си плати кеш.
Хахаха проблем со плаќање на терминал може да има ради повеќе причини, а најчестата е падот на конекцијата на терминалот ради мрење нет на маркетот или ужасното чување на терминалите од страна на вработените, трескање, мавање и слични работи каде ги оштетуваат сензорите и терминалите откажуваат. Секако, има случаи и на истечени, блокирани, оштетени картички каде самиот купувач е крив за истото. Но, да кажеш дека е непрактично или не знам помодарци вакви такви за плаќање со картичка стварно е безвезен муабет кога некој ти овозможил со едно допирање на уред до терминал да пројдеш трансакција наместо да чекам пензионерот да извади 7 денари од новчаник за касиерката да му врати рамно 500 денари.
 
Се најдовме со кеш во Седмица, пазаривме вода и кроасан во Веро со картичка и сега сме на патарина и се мислиме на кој начин да платиме за да не се создаде колона:D
 
Еден кроасан, не постои кроасанА. Не бе ова Пелагонијава ако не не искине никој.
Исто ко што некои викаат бисквита наместо бисквит. Или чоколада.
Автоматски споено мислење:

Се најдовме со кеш во Седмица, пазаривме вода и кроасан во Веро со картичка и сега сме на патарина и се мислиме на кој начин да платиме за да не се создаде колона:D
MTAG
 
Ти си од ИТ секторот знаеме дека си напреден.


Во право си. Подржувам плаќање со картица ( користам во пракса) ама од тоа да се прави фама како единствено исправно плаќање не прифаќам. Така одлучиле газдите на Седмица ако ми одговара ќе одам ако не има други места.
У кој сектор картичка во 2026 година е напредно. Сектор амазонско племе?
 
Хахаха проблем со плаќање на терминал може да има ради повеќе причини, а најчестата е падот на конекцијата на терминалот ради мрење нет на маркетот или ужасното чување на терминалите од страна на вработените, трескање, мавање и слични работи каде ги оштетуваат сензорите и терминалите откажуваат. Секако, има случаи и на истечени, блокирани, оштетени картички каде самиот купувач е крив за истото. Но, да кажеш дека е непрактично или не знам помодарци вакви такви за плаќање со картичка стварно е безвезен муабет кога некој ти овозможил со едно допирање на уред до терминал да пројдеш трансакција наместо да чекам пензионерот да извади 7 денари од новчаник за касиерката да му врати рамно 500 денари.

Банкарот од шоуто на Лила Филиповска објасни. :oleee:
 
Банкарот од шоуто на Лила Филиповска објасни. :oleee:
Брат, и во рудник да работам истото би го пишал. 1000 години користам картичка и електронски плаќања, не го сфаќам народов (за помладите зборам) што оди да плаќа сметки на шалтер и што сака да чека редици по институцииве.
 
Уста ве е*ам многу напредни станавте, особено вие од ќенефот Скопје. Тешко ви било да земете кеш пред да купите сендвич. Брееј. Па уште шемата со телефон плаќање, "видете што знам јас".
Пред некој ден еден таков во маркет мислам дека за малку се спаси од инцидент. Стоиме во ред 5-6 души тој го вади телефонот го доближува до терминалот ама не му откуцуваше, ај уште еднаш ...неќе, па вика чекај да видам што е проблемот, ајде пак, пак неќе...и така 3-4 пати како да е на ИТ курс. Касиерката врти очи, муштерииве после него чадат од нервоза, ни идеше сите заедно да земеме на клоци да го извадиме од маркет .
На крај виде дека не ја бива извади пари и си плати кеш.
Многу повеќе кажува за вас што сте сакале на клоци да го извадите одколку да му помогнете.
 
Види, не можеш на број 1 сендвичара по приход во државата да им кажеш дека не знаат да водат бизнис. Која ти е референтна точка тогаш?
Бизнис стратегијата им е тоа. Има еден куп локали во светот кој тераат слична политика и на сметка на тоа губат потенцијални пари. Картиците, немање достава и тн, се тоа им е дел од тој имиџ.

Седмица можеше било кога да почне со франшизи, масовна експанзиј и тн, налик на Бекинг Бред и Плазет, и можда ќе имаа сендвичари и надвор од Македонија (чисто сумљам со тој сендвич), ама избрале друга стратегија и им оди топ - за разлика од Беакинг бред кој банкротираше 6 пати до сеа и газдата веројатно ќе се утепа наредниот пат.
Бизнисот функционира на основата некој одамна што ја поставил и толку застанати се таму ама ке им се удри од глава со смена на генерации
Инале први се по добивка а не по приходи али нормално кфц и кинг бургер си фингираат расходи сигурно нема со загуба да работат толку време ко пто прикажуваат секоја година
 
Back
На врв Bottom