Да бараш од масовноста да се занимава САМО со сериозните работи е како да бараш од мртов човек да стани и да закуца кош.
Темата е глупа како и самиот лик, но во глупоста некогаш лежи одморот на мозокот. Секој човек сака да избега од сериозноста, некој не ни сака да влези во истата. Крај краева зошто да не се опуштиме сите на начин каде креативноста ќе ја насочиме во глупости? Креативна глупост, вицеви од глупоста на еден лик. И тогаш иди стандарт, му кревате рејтинг на мочково, овој не е вреден да му пишам збор, хејтање на меинстримот, само затоа што сакаме 24/7 да бидеме сериозни, мудри и интелигентни. Ваквите теми не се мерило на паметот, не се мерило ни на глупоста. Секој гледа забава на свој начин, секој тепа досада на свој начин, секој го доживува нештото на свој начин.
Памет се гледа во друзи теми, креативноста некош оди со паметот во сериозни теми, но креативноста некогаш оди со паметот и во глупи теми.

Зато некогаш хејтот на меинстримот ми е мене поглуп и од најглупиот виц за шоуменов Рингло Стар.
Ова ќе биде свако чудо за три дана и толку. Во тие 3 дена народот се забавува на свој начин.