Сејф Сити

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Верувам дека на наредните локални избори, шоферите во „градски„ (т.е. оние кои ќе останат да работат во ЈСП а да не се отселат од „нашата земјата„...) пак ќе си го гласаат ликов...а може и нема...
 
A spored vas, za niv ne treba da vazat pravilata. Mislam koja vi poentata, ako imate voopsto nekoja.
 
Верувам дека на наредните локални избори, шоферите во „градски„ (т.е. оние кои ќе останат да работат во ЈСП а да не се отселат од „нашата земјата„...) пак ќе си го гласаат ликов...а може и нема...
Шефот кога ти дава службена кола, и ти кога ќе добиеш казна кој ја плаќа?
 
Па на пример во случј да те фатат пијан ке платиш ти, фирмата и шефот или пример за прегорена сијалица која може да биде во текот на возењето исто ке ве репнат и да не набројувам други случаеви на кои фирмата не може баш да делува а сепак ке попие казна
 
Колку разбирам од моиве колеги од работа кои возат службени возила, во случај на беља со возилото, казната ја плаќа возачот како физичко лице кое работи во правно лице.

Муабетот во мојот допис ми беше друг, не за тоа кој треба да плаќа за сторен прекршок, туку за ликот од фотката кој бара плаќање, и кој (лик) наместо да се впушти во решавање реални натрупани колективни проблеми и потреби, се фатил за „потсетување„ за потребата од нечие плаќање...

Собирањето арач од народов од кој се исплаќа власта и ефикасноста од власта се обратнопропорционални „феномени„...
 
Последно уредено:
не знам што се оправате, истиве ликови тврдеа дека циганите треба да добијат бесплатни возачки зошто се ранлива група :pijanco:
 
Добивката од све ова е 10 до 15 мин покасно дома, секој ден плус 50 ден. повеќе за нафта, трошоци за амортизација и плус уште по некоја казна. Годишно ќе бидам зијан по 1000 евра најмалку ама јбг, тражили сте гледајте.
 
Па тука е трагикомедијата, што зголемените трошоци за превоз не се битни, ама битно е дека власта е загрижана за нашето здравје...а за полнењето на буџетот „без мотика„ да не разговараме.
 
Туку на влез во Скопје од кај Автокоманда, од кога го пуштија Сејф Сити, електронската таблата за ограничување на брзината на 50км/ч не работи, а на 100тина метри после има после камери.
Колку е легитимно да стигне казна дека си надминал брзина над 50, а при тоа никаде нема знак за ограничување на 50?

Ние што патуваме секој ден знаеме колку е дозволено, но за луѓе од други градови може да е зезнато. Последен знак пред тоа што стои е 70км/ч.

Во склоп на системов, мора стават и соодветна сообраќајна сигнализација.

Инаку го поддржувам и веќе видлива е разликата во сообраќајната култура (па дури и на места кај што нема камери).
 
Па на пример во случј да те фатат пијан ке платиш ти, фирмата и шефот или пример за прегорена сијалица која може да биде во текот на возењето исто ке ве репнат и да не набројувам други случаеви на кои фирмата не може баш да делува а сепак ке попие казна

Колку разбирам од моиве колеги од работа кои возат службени возила, во случај на беља со возилото, казната ја плаќа возачот како физичко лице кое работи во правно лице.

Муабетот во мојот допис ми беше друг, не за тоа кој треба да плаќа за сторен прекршок, туку за ликот од фотката која бара плаќање, и кој (лик) наместо да се впушти во решавање реални натрупани колективни проблеми и потреби, се фатил за „потсетување„ за потребата од нечие плаќање...

Собирањето арач од народов од кој се исплаќа власта и ефикасноста од власта се обратнопропорционални „феномени„...
Па ако знаете дека возачот сам си ги плаќа прекршоците, како во цел свет што е дилемата.
Автоматски споено мислење:

Добивката од све ова е 10 до 15 мин покасно дома, секој ден плус 50 ден. повеќе за нафта, трошоци за амортизација и плус уште по некоја казна. Годишно ќе бидам зијан по 1000 евра најмалку ама јбг, тражили сте гледајте.
Возење брзо троши повеќе гориво од бавно возење.
Токму ова го баравме, да не убиваат луѓе.
 
Проблемот е што сега имаме гужви и појди застани, по 10 мин у два правци тоа се 20 мин работење на кола у место и под кумплук повеќе. Со појди застани дизел троши негде 12 L на 100 ако на 90 му е да речеме 5. Скопје нема инфраструктура и алтернативни начини за движење за да функционира ова Сејф Сити сега за сега.
Автоматски споено мислење:

Па тука е трагикомедијата, што зголемените трошоци за превоз не се битни, ама битно е дека власта е загрижана за нашето здравје...а за полнењето на буџетот „без мотика„ да не разговараме.
Власта само искористи ситуација у која народов е у параноја.
 
Последно уредено:
Проблемот е што сега имаме гужви и појди застани, по 10 мин у два правци тоа се 20 мин работење на кола у место и под кумплук повеќе. Со појди застани дизел троши негде 12 L на 100 ако на 90 му е да речеме 5. Скопје нема инфраструктура и алтернативни начини за движење за да функционира ова Сејф Сити сега за сега.
Автоматски споено мислење:

Власта само искористи ситуација у која народов е у параноја.
Се осеќа ли толку разлика во гужвите? Пример од сабајле кога одиш на работа, секако е гужва, не верувам дека некој може да вози над 50 и да сака. Како сејф сити има ефект тука? Можеби луѓето не поминуваат повеќе на жолто/црвено?
Јас не можам да кажам дека долго време немам возено во гужвите сабајле, ама до пред 4-5 години возев секој ден и можам да кажам дека на партизанска/илинденска тешко веројатно некој да вози над 50 во тој период.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom