Сејф Сити

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Се осеќа ли толку разлика во гужвите? Пример од сабајле кога одиш на работа, секако е гужва, не верувам дека некој може да вози над 50 и да сака. Како сејф сити има ефект тука? Можеби луѓето не поминуваат повеќе на жолто/црвено?
Јас не можам да кажам дека долго време немам возено во гужвите сабајле, ама до пред 4-5 години возев секој ден и можам да кажам дека на партизанска/илинденска тешко веројатно некој да вози над 50 во тој период.
Разликата е 10 до 15 мин у еден правец на негде 7 до 10 Км потег. Иначе малку е посложена калкулацијата зошто е тоа така, требало да возиш низ Скопје и да пратиш што се случува, да ги знаеш семафорите, тесни грла и т.н.
 
Се осеќа ли толку разлика во гужвите? Пример од сабајле кога одиш на работа, секако е гужва, не верувам дека некој може да вози над 50 и да сака. Како сејф сити има ефект тука? Можеби луѓето не поминуваат повеќе на жолто/црвено?
Точно тоа е, сега кочат на трепкачко зелено а претходно и на жолто 2 ако не и 3 коли поминуваа. Рачунај 2 коли мањак по семафор колку е тоа у рок од 2-3 саата.

Не викам дека е решението да се поминува на жолто али треба да се направи и зелен бран и да се претворат сите пешачки семафори на копче, глупо е да стоиш на црвено на празен булевар за пешаци а надвор нема човек у радиус од километар.
 
Па пишував наназад кои предуслови требаше да се исполнат-хоризонтална и вертикална сигнализација се ужас, зелен бран нема. Ама сум бил против безбеден град. Логика златица.
Колку разбирам од моиве колеги од работа кои возат службени возила, во случај на беља со возилото, казната ја плаќа возачот како физичко лице кое работи во правно лице.

Муабетот во мојот допис ми беше друг, не за тоа кој треба да плаќа за сторен прекршок, туку за ликот од фотката која бара плаќање, и кој (лик) наместо да се впушти во решавање реални натрупани колективни проблеми и потреби, се фатил за „потсетување„ за потребата од нечие плаќање...

Собирањето арач од народов од кој се исплаќа власта и ефикасноста од власта се обратнопропорционални „феномени„...
шоферот сам плаќа. Но ако е прекршок од него. Ако е фалинка од фирмата (од триаголник, прва помош, дигалка и слични дребулии, прегорено светло) прашање е чија е вината. Или ако има коџак гуми, ако прокува хладњак. Што не е негова вина.
А овој со ретко убавава коса нема потреба да се бламира со вакви изјави. Досега требаше да организираат меѓународен тендер за автобуси и да испита кој е виновен за загубите на сите ЈП и да пушти кривични. Вака само добива на време за неправење ништо.
 
Последно уредено:
Точно тоа е, сега кочат на трепкачко зелено а претходно и на жолто 2 ако не и 3 коли поминуваа. Рачунај 2 коли мањак по семафор колку е тоа у рок од 2-3 саата.

Не викам дека е решението да се поминува на жолто али треба да се направи и зелен бран и да се претворат сите пешачки семафори на копче, глупо е да стоиш на црвено на празен булевар за пешаци а надвор нема човек у радиус од километар.
Ама од друга страна нема сега дебили, кои поминуваат на жолто-црвено а напред нема каде да одат па ја блокираат раскрсницата за другите учесници. Од автокоманда до К4 релација ја што ја возам не се осеќа разлика сега и пред сејф сити исто се стига.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom