Central Station (1998)
Кој и да ми го предложи филмов (
@Zlatikevichius my eyes on you) изгледа дека добро ме познава. Овој досега неоткриен бисер ќе биде во мојата топ 10 листа сигурно.
Оскарите последниве години ги влечат филмови од странско говорно подрачје. Квалитетот таму секоја година е највисок, или само можеби нас ни се здосади од истите репетитивни американски клишеа.
Филмот е бразилски, не памтам да сум гледала нешто од нивната кинематографија. Брутално реален и немилосрден. Ова е еден од филмовите во кои патувањето е поважно од дестинацијата. И порано некаде имам кажано дека обожавам луѓе кои се наизглед мрчала, а во себе кријат една тивка чиста добрина. Таков е и ликот на Дора што цел живот всушност трага по зближување со човечко суштество, топло и искрено поврзување што ќе ја скрши суровоста што таа само надворешно ја прикажува. Тоа ќе го најде кај малиот Жозе чијашто судбина е неизвесна. Многу ме потсети на односот што го имаа Матилда и Леон во Léon: The Professional.
Тука е прикажана една неедуцирана, сиромашна средина, населението е неписмено, а Дора тоа го користи во своја полза. Симболиката на неиспратените писма, потрагата по Таткото, потрагата по Љубовта и неизгубената надеж беа само дел од движечките мотори во овој филм. На крај прописно го испратив со насолзени очи.
Му благодарам на предложувачот, при прва шанса за доаѓање во Скопје има пиво од мене.