Secret Movie Oscar

Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140

Благодарност до мојот Оскар што ми го додели филмов.
Се работи за Италијански филм од 1977 со главна улога на Софиа Лорен и некојси Марсело Матроиани.
Дејството се случува на денот кога Хитлер доаѓа во посета на Рим и Мусолини и додека сите граѓани се на парадата се случува необично пријателство/романса помеѓу несреќна сопруга и мајка на шест деца и нејзиниот комшија антифашист и хомосексуалец во време кога владее диктатура.
Дејството воглавно се случува во апартманот на Софиа Лорен и во апартманот на комшијата и иако е снимен пред 45 години изненаден сум од одличното движење на камерата иако на моменти се приметува големо тресење на сликата сепак режисерот имал одлична визија како да го сними филмот.
Дејството се одвива споро и темата на филмот е едноставна но сепак многу комплексна и приказната е за едно друго поинакво време и затоа уживав во филмот.
Оценка 7/10.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Incendies (2010)

филм номиниран за најдобар странски филм во 2010 г. И сè си мислев и победник, ама сега гледам победил некој дански филм за кој прв пат слушам.

Прво благодарност за предложувачот (претпоставувам Злате) што избра филм кој не ми е гледан, а второ што избра филм од номинираните во странска категорија, а не од најдобар филм.

Филмот започнува со сцена во која двајца близнаци по смртта на мајка си го слушаат нејзиниот тестамент и притоа дознаваат некои изненадувачки вести за мајка си, вести кои до крајот ќе бидат гола вода во однос на други шокантни информации. Така најблаго би го опишал филмов, без притоа да откривам детали или да го спојлнам на некој.

Дени Вилнев (Сикарио, Дина, Arrival...) е познато име во филмот. Ова ми е 6ти негов филм од 11 снимени и за мене има некој чуден сензибилитет ко гркот Лантимос (бар Arrival и Enemy ми оставија таков впечаток). Incendies, по Prisoners му е веројатно најдобриот филм (Polytechnique не ми е гледан).

Филмов ми го задржа вниманието од почеток до крај. Одлично снимен, добро напишан со пресвртите, добра глума, одлична кинематографија и сценографија, апсолутно никакви замерки, освен замерка за тоа што Вилнев ги смешал лончињата со религиите. Тука му одзедов една ѕвезда.

Не сум слушнал дека некој човек (христијанин) убил други луѓе зашто Бог му рекол така и ќе одел во рајот за тоа во 21 век, за разлика од една друга племенска религија.
Да, имало инквизиција, Мрачна доба во која религијата била радикална и осудувала луѓе на смрт ако одат контра нив, ама пред едно 400 години, а дивјаците на Блискиот исток уште го прават тоа, па дури и полошо. Сцената во која "христијани" застануваат муслимански автобус и ги решетаат сите во него, а потоа го палат е чиста пропаганда и нешто што сме го доживеале ние во 2001 од другата страна.
Ради тоа бркање на религиите крајната оцена на филмов ја ставив 4/5.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom