Secret Movie Oscar

Член од
12 мај 2014
Мислења
1.152
Поени од реакции
2.730
Јас мислам дека на тие што не си ја завршија работата во претходниот предизвик да не им се дозволи да учествуваат во овој. Ако се сака може да се најде време за еден филм да се изглеа и да се испочитува предлагачот. Ако не ја сфаќаат сериозно работава нека не се ни пријавуваат.
 
grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Пратени се номинациите, време е за доделување оскари!

30 пријавени, 7 немаат летер, 2 имаат жолт картон (златна малина)
Автоматски споено мислење:

_Vita___
123456
Anon
Bjons
Corvus
Darklady
Darling
devilko
Filip Telford
Gazpapir
grande-juve
Imperatorot
Keyser
Menethil
Monte
Moongoses
ob1https://letterboxd.com/ob1/
Red John
Saasko
santelli
Sawyer88
Setsuko
Shawn Spencer
Tyler Durden
wot
Zlatikevichius
Комита Ултрас
TGTBF
The Cooler King
Mark Rentons
 
Последно уредено:

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918

Јас го добив Ел Еј Конфиденшл. Очекувано е да преовладуваат добри филмови на овај Сикрет настан, па и мојов не е ништо поразлично.

Првично бев скептик кога видов кој филм ми се падна, бидејќи долго време го избегнувам, поточно не ме привлекува (види го каверот бе), ама испадна солиден филм. Корупција, дрога, трилер, полиција, криминалци, правда и криминал. Добра актерска група, нарацијата на Де Вито беше добро освежување. Кевин Спејси не можам да го поднесам каква лигава појава е.

Ништо посебно и поразлично од филмовите со оваа тематика, ама би му дал едно оскарче.

7/10 мислам е солидно, толку за филмови со оваа тематика.

И аман, ме пукнавте со филмојте, дајте нешто друга тематика на следниот настан.

Пис аут сикрет оскару, имаш едно статуетче од мене. :kuracc:

P. S.
Ким Бесинџер, јао Ким би те куцал ко Јао Минг!
 
McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.517
Поени од реакции
13.814
The Lives of Others (2006)

Го добив добитникот на Оскар од 2006 за неанглиско говорно подрачје. Германски филм, исто како и повеќето, популарен филм меѓу Кајгана членовите.
Дејствието се одвива непосредно пред падот на Берлинскиот ѕид и спојувањето на И. Германија и З. Германија. Местото на настани е во И. Германија, државата во која е застапен Социјализмот.
Тајните служби решаваат да следат човек за кој се сомневаат дека соработува со З. Германија. Од тука почнува целото сиже и нема потреба повеќе да раскажувам, едните го имате гледано, тие што го немате топло ви го препорачувам. Како актер кој би се издвоил, немам кој да изберам, сметам дека сите баш добро си ја завршиле работата. Тетката беше многу јака!
Ова ми е втор од четирите филма на овој режисер и можам да кажам дека навистина ми се допаѓа. Предходниот што го гледав од него беше Never Look Back (4/5), филм што го дадов на мојот Валентајн (уште го нема изгледано).

На овој филм ке му дадам оценка 4/5.
Благодарност до доделувачот. Дефинитивно за кратко време ги почнувам кандидатите и добитниците на Оскари од неанглиско говорно подрачје.
Довидување до следниот филмски фестивал.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
https://letterboxd.com/film/amores-perros/

Од Инариту досега имам изгледано само два филмови. 21 Grams го изгледав со друштво, не беше мој предлог, не ни го знаев пред тоа, Birdman го изгледав поради оскарот. Можам да кажам дека активно сум ги одбегнувал неговите филмови, особено драмите, поради тоа што правеле да се чувствувам лошо. И овој не е поразличен од другите. Да не ми беше предложен, најверојатно никогаш не би го изгледал. Не ме заинтересирала категоријата Best foreign language movie нешто посебно досега, затоа што скоро секогаш се некои депресивни драми, кои не се по мој вкус.
А сега малку за самиот филм. Не е лош филм, баш напротив, добар е за тие што гледаат такви, но не би знаел со што да го оценам, затоа што ми направи само да се чувствуам лошо. Не е филм што би го предложил на некого. Дејството е поделено на три приказни, првата е фамлијарни проблеми во сиромашно семејство испреплетено со борби со кучиња, што за мене беше премногу и во целото дејство бев со подзината уста во стилот "што ли гледам, побогу?". Второто дејство беше љубовна драма, кое според мене беше најслабо во цел филм, едноставно не беше интересна. Третото дејство беше најдобро од сите, затоа што вклучуваше мистерија и расплет на цел филм, пронаоѓање на себеси и исправање на стари грешки.
Солидно сработен филм и глума со оглед на буџетот. Заслужил да биде номиниран. Благодарам за предлагачот што ми го предложи, за да излезам од комфор зоната и да гледам малку поразличен филм од тоа што сум навикнат.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Central Station (1998)

Кој и да ми го предложи филмов (@Zlatikevichius my eyes on you) изгледа дека добро ме познава. Овој досега неоткриен бисер ќе биде во мојата топ 10 листа сигурно.

Оскарите последниве години ги влечат филмови од странско говорно подрачје. Квалитетот таму секоја година е највисок, или само можеби нас ни се здосади од истите репетитивни американски клишеа.

Филмот е бразилски, не памтам да сум гледала нешто од нивната кинематографија. Брутално реален и немилосрден. Ова е еден од филмовите во кои патувањето е поважно од дестинацијата. И порано некаде имам кажано дека обожавам луѓе кои се наизглед мрчала, а во себе кријат една тивка чиста добрина. Таков е и ликот на Дора што цел живот всушност трага по зближување со човечко суштество, топло и искрено поврзување што ќе ја скрши суровоста што таа само надворешно ја прикажува. Тоа ќе го најде кај малиот Жозе чијашто судбина е неизвесна. Многу ме потсети на односот што го имаа Матилда и Леон во Léon: The Professional.

Тука е прикажана една неедуцирана, сиромашна средина, населението е неписмено, а Дора тоа го користи во своја полза. Симболиката на неиспратените писма, потрагата по Таткото, потрагата по Љубовта и неизгубената надеж беа само дел од движечките мотори во овој филм. На крај прописно го испратив со насолзени очи.

Му благодарам на предложувачот, при прва шанса за доаѓање во Скопје има пиво од мене. :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130

Не ти е Злате предложувачот, јас сум. Ваљда смеам да откријам откако го изгледа филмот. :D

Ептен ми направи ќеф што те бендиса филмот, гледав неколку филмови кај што сме имале високи оцени и двајцата и избрав еден што го немаше гледано, а мене ми бил 4/5.

Одамничка го имам гледано, имам заборавено што се дешава, ама ќе треба да го репризирам.

А Злате по LB е 99.9% предложувач на мене, евентуално Фичо Џонтра. :D

Сега чекам пиво. :ајнапиво:
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Thelma & Louise

Патешествието на две другарки низ неправедниот свет на мажите.

Thelma и Louise планираат викенд girl gonna have fun but tastefull, се додека не дојдат до првиот пит стоп и се појди у курац. 2 сати возење и чудење од каде оскарот за ова чудо. Просечен филм со неколку добри кадри
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Thelma & Louise

Патешествието на две другарки низ неправедниот свет на мажите.

Thelma и Louise планираат викенд girl gonna have fun but tastefull, се додека не дојдат до првиот пит стоп и се појди у курац. 2 сати возење и чудење од каде оскарот за ова чудо. Просечен филм со неколку добри кадри
Не знам како смееш вакви тешки зборови за биографскиот филм за мене и дарлинг

:ban:
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.250
Поени од реакции
30.510
Thelma and Louise - prosek
Noviot Batman so mnogu poveke politicki poraki - odlicen

Vazi. (y)
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Не знам како смееш вакви тешки зборови за биографскиот филм за мене и дарлинг

:ban:
Kakov biografski ko ne ti e ni gledan.

:lut:
Автоматски споено мислење:

Thelma and Louise - prosek
Noviot Batman so mnogu poveke politicki poraki - odlicen

Vazi. (y)
Zar se drzna da go gledash i pokraj toa sho Gordon e crnec?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom