Исто и филмот кој мене ќе ми го предложат ќе треба да биде постар од 1990, зашто од 1990 навака имам речиси се гледано. Евентуално некој од странските ако сум испуштил, и од актерските категории и кинематографија. Филмовите номинирани за Оскар за најдобар филм, од 1985 до денес - сите до еден гледани.
Да не се правиме полициска држава, на некој стварно може не му се погодиле коцките да го изгледа филмот, ама од друга страна темава е интерактивна и како и да е малку пецка ако на некого си му избрал филм и тој/таа не ти го изгледа. Поентата е нели во месецот да се пише за филмот, ама ете може и покасно, важно да се изгледа и да се испочитува другиот член.
Не знам колку ќе тераме вака, ама јас би предложил ако некој два пати по ред се пријави и не си ја заврши домашната, да добие бан од тајните средби.
И пријавувањата со гифови овој месец се закон, more of the same please
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.