Secret Movie Achromatic

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903

го добив the best years of our lives , ми дојде како мини серија од 5 дела пошто дугачок си беше,ми легна уживав во секој момент со фред и капетан кука,и нарердникот што стана банкар.

1/5
Кога ќе станеш у школо, сè знаеш, сѐ убаво си раскажеш и наставникот ти рече седи кец. :eek: :D
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.021
Malcolm & Marie

Претенциозно, да не речам хипстерски, неоригинален филм кој таргетира реални човечки проблеми. Овој филм не е искрен кон самиот себе прво, а за публиката не може ни да стане збор. Кога главниот лик кој глуми сценарист или е филммејкер (јебем ли га) и кој по некоја случајност е црнец, збори за тоа дека не сака да пишува/прави политички филмови и филмови со пропагандна порака, а филмот у кој што глуми е баш таков. На страна да ја тргнеме расата, ова е филм преку кој што една жена сама би си го опишала животот, само што животите не се случуваат ко во овој филм, туку нешто повеќе ко во овој https://www.imdb.com/title/tt7653254/?ref_=nm_flmg_t_7_act

6.5 од мене, и тоа пред се ради искрениот напор да се креира Вуди Ален дело, ќе беше и 7 да не беше Зендаја.

А имаше и некои добри реченици, еве на пример ова

  • Marie : You know, life is gonna get easier, but it's also gonna get harder.
    Malcolm : What do you mean?
    Marie : Just don't believe the hype, Malcolm. And don't push away the people who ground you.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
93
Поени од реакции
450
Sullivan's Travels (1941)

There's a lot to be said for making people laugh. Did you know that that's all some people have? It isn't much, but it's better than nothing in this cockeyed caravan.

Тоа што почна како комедија или сатира, премина во тешка драма во третиот дел. Незадоволен режисер од снимање на лесни филмови, сакајќи да сними филм според книгата O brother, where art thou? (да, од овде е името на филмот на Коенови) и при тоа да го долови вистинскиот живот на сиромашниот човек, решава да тргне на патешествие со само 10 центи во џеб, and boy he is in for a threat. По пат начекува убава неуспешна актерка во обид, која му се придружува. Престојувајќи со бездомниците, учи многу важни животни лекции, сакајќи потоа да им помогне на сите што му помогнале и покрај фактот што бил "бездомник", но неговата добрина ќе го однесе по сплет на околности на лошо место. Делот со затворот и нехуманиот третман ми се неверојатни за верување, бидејќи се третирани како робови, и ме потсети многу на I am a fugitive of a chain gang (1932) и Cool hand Luke (1967). Сцената со пасторот кога ќе ја пее Let my people go, и пристигнувањето на затворениците и подоцна кога ќе им пуштат цртан филм е апсолутно безвременска и легендарна.
Актерите ми се одлични, вклучувајќи го и supporting cast, сите ликови беа симпатични и нивната реализација изгледаше многу верна до како би се однесувале во вистинскиот живот. Вероника Лејк, ѕвездата на многу film-noir си е breathless, ме потсети на едно девојче што го познавам, кое има сличен изглед и манири како нејзиниот лик во филмот.
Ви го препорачувам на сите кои сакате филмови за да ве стоплат на ладново да го гледате.
Го оценувам со 8,5/10.

Му благодарам на предложувачот за дадениот одличен филм. Ми беше ставен на watchlist уште од поодамна, кога се запознав со Preston Sturges, само не знам кога ќе му дојдеше редот за гледање, доколку не беше предлогот.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Мојот Ноар, за мене го избра

The Ghost and Mrs. Muir

Станува збор за младата Луси Муир (Џин Тирни :love:), која после смртта на сопругот се сели во во стара вила покрај море, иако предходно е предупредена дека куќата е опседната со дух.
Уште првата ноќ Луси го запознава маркантниот, харизматичен, нервозен и нестрплив дух, сопственикот на куќата, Даниел Грег(Рекс Харисон).
На негова идеја, Луси започнува да пишува книга, за морските авантури на Даниел додека бил капетан на брод. Пресвртот настанува кога духот го прифаќа фактот дека неговата љубена не припаѓа на неговиот свет и дека таа треба да биде со живите, па Даниел исчезнува.

Прекрасна освежувачка, романтична комедија за љубовта која може да ја пробие секоја граница, не само во животот, туку и после смртта. Шармантна романса испреплетена со фантазија, со фин дозиран хумор.

Џин Тирни (Лаура) ми е поим за жена. :love:
Нејзината појава, нејзината префинетост, елеганција, смирен мелодичен глас, не верувам дека е остават некого рамнодушен. Женава зрачи со сексипил.
Прекрасна сценографија, костимографија, камера, музика.

Драги Ноар, вистински погодок. :love:
Ти благодарам за предлогов, навистина многу ми се допадна.

Џин.jpg
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Witness for the Prosecution (1957)

Филмот започнува како класична наративна драма од 50-тите години. Дејството се одвива во една соба, има долга нарација, но ниту една реплика не е ставена бесцелно, колку да пополни страна повеќе од сценариото. Вистинскиот интензитет филмот започнува да го добива по агресивното сослушување од страна на сер Вилфрид, кој се сложува да го брани Леонард, кон Леонард кој добро ја издржува таа серија бриц прашања и нема ни за влакно отстапување од неговата изворна и оригинална приказна за која се држи се до самиот крај. И тука потонав во приказната, оставив карактерот на сер Вилфрид да ме понесе и слепо верував во неговата перцепција.

Пред да настапи големото сослушување, пред да дојдеме до судницата каде ќе се кршат копјата на обвинителството и одбраната, и нема да го коментирам тој суштински дел од филмот, во првиот дел настапува и сопругата на обвинетиот каде само површно, со голема доза иронија во гласот, на адвокатот ја потврдува приказната на нејзиниот, барем тогаш, сопруг. Дали ја кажува вистината? Ако лаже, зошто лаже? Кој е нејзиниот мотив?

Да се навратам на оригиналната инспирација за овој филм, а тоа е краток расказ на Агата Кристи напишан 1925 година. Секако, во една кратка референца знаев дека филмов се базира на некоја книга, но не знаев која, ниту од кој автор. Не сакав да си го расипам филмот го непотребни информации и спојлери со оглед на тоа дека има, навистина висока оценка, но и филмот ми беше проследен со прекрасна порака. Сега, проблемот е во тоа што тој расказ, а потоа и драма, не ми е прочитан и не знам ни дали е преведен на македонски јазик, но ја имам автобиографијата на Агата Кристи, каде зборува за премиерата на изворната драма, но и за зачетокот на самата приказна односно постепеното пишување на истата. Мислам дека ќе годи да препишам еден краток извадок од книгата, поврзано за пишувањето на оваа драма, каде, самата Агата вели дека е нејзиното најдобро сценско дело:

...

Вечерта на премиерата на Сведок на обвинението не беше таква мистерија. Тоа беше една од моите омилени претстави. Од неа бев прилично задоволна, исто како и другите. Не сакав да ја напишам, ми беше страв да ја напишам. На тоа ме натера Питер Сондерс, кој поседува инзвонредна способност за убедување. Нежно тиранизирање, суптилно додворување.
“Ма се разбира дека можеш тоа да го изведеш.“
“Ништо не знам за правните постапки. Ќе направам будала од себе.“
“Тоа лесно може да се реши. Ќе можеш да ја прочиташ пред некој адвокат, кој на самото место ќе ти ги расчисти аномалиитево текстот и ќе го поправиш.“
“Не би можела да напишам сцена во судницата.“
“Да, би можела- си видела како изведуваат сцени од судницата. Можеш да прочиташ записи од разни судења.“
“Па, не знам... Мислам дека не би можела.“


Иницијалната идеја потекнува од тој кус расказ напишан 1925 година, кој добива нов наратив, нов стил, нови сцени. Дејството се заплеткува, се отплеткува, па потоа повторно се заплеткува, но останува мистеријата: кој е убиецот? Така се родила идејата за таа драма, за тоа сценарио, каде Агата ја читала серијата Познати судења, и по серија консултации со правни застапници и адвокати, од жена која не знае ништо за правото и правните постапки, ја напишала самата есенција на правото и се трансформирала во мајката на детективскиот роман. Не можам да го цитирам целиот текст, само зачетокот, но ако некој сака да го прочита се наоѓа на 514-518 страна од нејзината автобиографија во издание на Арс Ламина.

Во однос на правдата, кој е убиецот? Close case is better than a cold case. Нема сведоци, нема докази, нема обвинети. Обвинителството од целиот предмет има само едно мртво тело. Предметот ќе потоне во заботавот и правдата не е задоволена. Овие тематики длабоко ме фасцинираат. Кога сме кај мојата природа, односно природата на овој филм.

Околу судбината на Кристина, таа е во сигурните раце на сер Вилфрид, кој е, ќе искористам една референца од филмот- barrister for hopeless cases.

На крајот сум во одредена дилема. Од една страна филмот навистина многу ми се допадна, а од друга страна, пак, навистна сакам сериозни разговори. :unsure:

9,5/10
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
165
Поени од реакции
766
Ептен се извинувам што доцнам. Во мојот календар, ноември има 31 ден. :sramezliv:

Girl on the Bridge / La Fille sur le pont (1999)
lafillesurlepont.jpg
Петка или глава? Понекогаш, само една одлука во точен момент може комплетно да го промени правецот на движење на нештата. Само една и само ако човек има доволно храброст за да ризикува. Во глува зимска ноќ, навидум обична, се запознаваат двајца осамени странци. Од тогаш нивните животни приказни се врзани во нераскинлив јазол. Или можеби отсекогаш биле? Спасувајќи ја Адел од водите на Сена, таа вечер, Габор се спасува себеси.

Заумната блискост, приврзаноста што ги спојува ја надминува потрошноста на телесната љубов. Заеднички ја учат умешноста како да му се препуштиш на другиот, како да му го предадеш кормилото од сопствениот живот и да му веруваш со сето свое битие. Учат за слободата додека еротската игра ја води неизвесноста на мигот и исчекувањето среќата да потфрли. Тука има доста преклопувања кои прават преубава, искрена целина - од античкиот мит на старите Грци до коинциденциите на Кундера и идејата за големиот мозаик (каде местото си го наоѓа и загубената запалка на Такис).

Girl on the Bridge е чист магичен реализам за вечноста која трае колку миг, совршена утеха за сите тажни сонувачи. Немам ни најмала идеја кој би можел да биде мојот Ноар ама фалалала, не, merci, merci du fond du coeur што овој филм конечно ме пронајде зашто јас секогаш го одминував, речиси незабележувајќи го.

I'm going to tell you a story. Long ago, I lived on the even side of a street, at number 22. I gazed at the houses across the street, thinking the people were happier, their rooms were sunnier, their parties more fun. But in fact their rooms were darker and smaller and they, too, gazed across the street. Because... We always think that luck is what we don't have. I'll wait at the station. If you don't show, I'll know you went.
Went where?
To see if the other side is better.

:love:
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.029
Поени од реакции
6.691
Control

Некој добро ме знае :cautious: Или пак се потрефило од среќа?

Биографија за, според мене, еден од најголемите what ifs во музиката, Ian Curtis. Дознав нешто за неговиот трагичен живот од 24 hour party people, доста од приказната уствари и се повторува, само што тука Сем Рајлеј одлично ни го долови Иан и причината поради која се самоубил.
Тоа што е црно-бел перфектно се поклопува со приказната и со музиката на Joy Division.

I saw Apocalypse Now at the cinema. I couldn't take my eyes away from the screen.
Имаме нешто заедничко со Иан.

8/10. Благодарност до мојот предложувач, го погоди, а се плашев да не добијам нешто ко Лаура, такви глупости.

 
Последно уредено:

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Мојот Бланш не го гледал филмот :(
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Јас сум презафатен деновиве а и целото слободно време ми оди на СП во Катар. Па ќе задоцнам малку ама ќе го гледам филмот сигурно.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Werewolf by Night (2022)

Поради тоа што последниот период немав многу време за филмови драго ми е што наместо филм овој пат добив TV special па најпрво фала на предложувачот за ова. Исто така, според пораката што ја добив со предлогот сфатив дека предложувачот навистина го бирал филмот со желба да биде по моја мерка. Фала и за тоа. :)

Арно ама мене ова не ми остави голем впечаток. Дел е од Марвел универзумот па сакал-нејќел не може тоа да нема влијание на впечатокот. Имам пишувано неколку пати на форумов дека за мене MCU целосно падна на квалитет последните три години и дека Endgame требаше да биде крај на универзумот а Марвел како студио да се посвети на нови независни проекти настрана од MCU. Овој специјал е уште еден пример зошто мислам така.

Ваква приказна со вампири, врколаци и чудовишта никако не ми се вклопува во тој универзум и нема никаква логика ваквите суштества никој да не знаел дека постојат и тешко ми е за убедување дека сите овие приказни се случуваат паралелно. Прво суперхерои, па вонземјани, па што-ти-знам-што се Eternals, па египетски богови, па чудовишта... Едноставно ова е веќе една огромна каша попара...

Настрана поврзаноста со Марвел, ако ова беше засебна приказна некако и може да помине. Генерално брзо и исполнето минуваат 53 минути, кастингот е океј, како и режијата. Ме изненади дека Мајкл Џакино и режира покрај што е одличен композитор. Единствено приказната во тој случај ќе беше покомплетна ако траеше барем 90 минути. Премалку време имаше да разбереме било што за ликовите, освен она што беше нафрлано како вовед набрзина.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.000
Поени од реакции
4.149
Dr. Strangelove or: How I Learned to Stop Worrying and Love the Bomb (1964)

Еве сум по два месеца во ново руво да го исполнам ветувањето. :cool:

Некако бев скептик за филмот поради фактот што е стара црно бела комедија па некако се пролонгирав и пролонгирав. Не ми лежат воопшто комедии, посебно не стари кај кој хуморот е за сосема различна публика во тоа време.
Но искрен да бидам ме изненади. Целата работа смешно делува бидејќи 60год послем филмов истиот црн хумор ќе помине и сега зошто некои работи очигледно не се смениле. Лудаци кој веруваат во глупи теории на заговор, претседатели со своето вртење на образ за доброто на демократијата, слепи луѓе кој не ги согледуваат фактите и погрешни луѓе на погрешни позиции.

8/10

И најаката сцена кој опишува се.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom