Witness for the Prosecution (1957)
Филмот започнува како класична наративна драма од 50-тите години. Дејството се одвива во една соба, има долга нарација, но ниту една реплика не е ставена бесцелно, колку да пополни страна повеќе од сценариото. Вистинскиот интензитет филмот започнува да го добива по агресивното сослушување од страна на сер Вилфрид, кој се сложува да го брани Леонард, кон Леонард кој добро ја издржува таа серија бриц прашања и нема ни за влакно отстапување од неговата изворна и оригинална приказна за која се држи се до самиот крај. И тука потонав во приказната, оставив карактерот на сер Вилфрид да ме понесе и слепо верував во неговата перцепција.
Пред да настапи големото сослушување, пред да дојдеме до судницата каде ќе се кршат копјата на обвинителството и одбраната, и нема да го коментирам тој суштински дел од филмот, во првиот дел настапува и сопругата на обвинетиот каде само површно, со голема доза иронија во гласот, на адвокатот ја потврдува приказната на нејзиниот, барем тогаш, сопруг. Дали ја кажува вистината? Ако лаже, зошто лаже? Кој е нејзиниот мотив?
Да се навратам на оригиналната инспирација за овој филм, а тоа е краток расказ на Агата Кристи напишан 1925 година. Секако, во една кратка референца знаев дека филмов се базира на некоја книга, но не знаев која, ниту од кој автор. Не сакав да си го расипам филмот го непотребни информации и спојлери со оглед на тоа дека има, навистина висока оценка, но и филмот ми беше проследен со прекрасна порака. Сега, проблемот е во тоа што тој расказ, а потоа и драма, не ми е прочитан и не знам ни дали е преведен на македонски јазик, но ја имам автобиографијата на Агата Кристи, каде зборува за премиерата на изворната драма, но и за зачетокот на самата приказна односно постепеното пишување на истата. Мислам дека ќе годи да препишам еден краток извадок од книгата, поврзано за пишувањето на оваа драма, каде, самата Агата вели дека е нејзиното најдобро сценско дело:
...
Вечерта на премиерата на Сведок на обвинението не беше таква мистерија. Тоа беше една од моите омилени претстави. Од неа бев прилично задоволна, исто како и другите. Не сакав да ја напишам, ми беше страв да ја напишам. На тоа ме натера Питер Сондерс, кој поседува инзвонредна способност за убедување. Нежно тиранизирање, суптилно додворување.
“Ма се разбира дека можеш тоа да го изведеш.“
“Ништо не знам за правните постапки. Ќе направам будала од себе.“
“Тоа лесно може да се реши. Ќе можеш да ја прочиташ пред некој адвокат, кој на самото место ќе ти ги расчисти аномалиитево текстот и ќе го поправиш.“
“Не би можела да напишам сцена во судницата.“
“Да, би можела- си видела како изведуваат сцени од судницата. Можеш да прочиташ записи од разни судења.“
“Па, не знам... Мислам дека не би можела.“
Иницијалната идеја потекнува од тој кус расказ напишан 1925 година, кој добива нов наратив, нов стил, нови сцени. Дејството се заплеткува, се отплеткува, па потоа повторно се заплеткува, но останува мистеријата:
кој е убиецот? Така се родила идејата за таа драма, за тоа сценарио, каде Агата ја читала серијата
Познати судења, и по серија консултации со правни застапници и адвокати, од жена која не знае ништо за правото и правните постапки, ја напишала самата есенција на правото и се трансформирала во мајката на детективскиот роман. Не можам да го цитирам целиот текст, само зачетокот, но ако некој сака да го прочита се наоѓа на 514-518 страна од нејзината автобиографија во издание на Арс Ламина.
Во однос на правдата, кој е убиецот? Close case is better than a cold case. Нема сведоци, нема докази, нема обвинети. Обвинителството од целиот предмет има само едно мртво тело. Предметот ќе потоне во заботавот и правдата не е задоволена. Овие тематики длабоко ме фасцинираат. Кога сме кај мојата природа, односно природата на овој филм.
Околу судбината на Кристина, таа е во сигурните раце на сер Вилфрид, кој е, ќе искористам една референца од филмот- barrister for hopeless cases.
На крајот сум во одредена дилема. Од една страна филмот навистина многу ми се допадна, а од друга страна, пак, навистна сакам сериозни разговори.
9,5/10