Па не се такмичиме во тоа кој повеќе се разочарал.
Дури за ова нема ниту мерило, ниво на разочарување, шеска.
Старите биле стари ама и со староста им идела памет па рекле
"Секоја планина со своја тежина" и јас им верувам, тие сигурно многу повеќе поминале од нас овде. Што за еден е животно разочарување -ќорсокак, за друг е пречка со вода, која се потрудил и ја прескокнал. Паднал на колена и крварел, но станал и ја продужил трката.
Арно вели Зенг, ова повеќе навлегува во психологија, со религијата нема некои допирни точки. Освен дека црквата е против вакво нешто, против уништување и самоуништување на живот.