Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Е да, тој им беше настанот. Не беше роденден. За Црн петок знаат да намалат одредени наслови за 50%.
Јас имам картица со 10% попуст, што ќе биде онолку колку што ќе имаат попуст на повеќето нивни изданија, што пак можам да ги купат во текот на целата година. Ама имаат и неколку нови книги, ако тие им бидат на посолиден попуст, што тешко за нови книги, нив ќе ги земам.
 
Лани од Лем 2те беа за 500, гледам преведена е уште една. Не сум ги читал, а сакам да ги земам, под услов цените горе-доле да се исти.
Bird box е исто преведена, филмот беше добар, ама немаа нешто голем попуст на книгата на минатиот саем во книжарата, па земав нешто друго.
 
Баш сега гледам дека Амос Оз е преведен од хебрејски, а не од некој друг јазик (како во Србија од англиски и германски), што е за пофалба.

Неколку пати се мислев да ги земам, често налетував на некои текстови за нив, а и ради Израел, но се откажував затоа што ги купуваат и оние што претежно читаат безвезни книги какви што издаваат Матица, Сакам книги и слични, па мислев дека нема да ми легнат.

Сега можно е да земам една од двете, баш да видам каков писател е.
 
Лани од Лем 2те беа за 500, гледам преведена е уште една. Не сум ги читал, а сакам да ги земам, под услов цените горе-доле да се исти.
Bird box е исто преведена, филмот беше добар, ама немаа нешто голем попуст на книгата на минатиот саем во книжарата, па земав нешто друго.
И сега ќе е таа цена. Барем на сајтот гледам Соларис им е 200, Киберијада намалена на 300.
 
Корицата на Остров е врв. :love:

Селимович го немам читано на македонски, ако некој го има го молам да сподели каков е преводот.
На српски "Острво" е една од подобрите книги кои ги имам читано, многу го поштувам Селимович :)
 
Во Полица има многу интересни наслови, од класици до современа литература. Но и кај нив како и кај Бегемот имам впечаток дека се многу поскапи од што беа. Сонуваат ли андроидите електрични овци лани ја купив на Саем за 180. Сега е 300, и тоа со попуст. Не знам, ако ептен одлучам да потрошам повеќе од планираното, би зел нешто. Ако не, здравје, до година.
 
Селимович го немам читано на македонски, ако некој го има го молам да сподели каков е преводот.
На српски "Острво" е една од подобрите книги кои ги имам читано, многу го поштувам Селимович :)
Не може никој да сподели зашто не е излезена уште од печат.

Е сега, кој има клупска картичка со 20% попуст, после Саем може да си ги земе голем дел од книгиве со поголем попуст од овој што го имаат на Саем.
 
А гледам има и плус два нови трилери, Свекрва (https://www.goodreads.com/book/show/46251368-the-mother-in-law) и Срце од цимет (https://www.goodreads.com/book/show/36315374-jar-of-hearts), кои ги немаше горе на постерот со 10 новитети. Интересно ми изгледаат... И да, кој има картичка со попуст од 20 или 25% може да си ги земе за пониска цена од саемскава што е по 12%...
 
Не може никој да сподели зашто не е излезена уште од печат.

Е сега, кој има клупска картичка со 20% попуст, после Саем може да си ги земе голем дел од книгиве со поголем попуст од овој што го имаат на Саем.

Како до картичка?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom