Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој ја има читано Метаморфоза (Преобразба) - Кафка на македонски јазик, и ако да, дали вреди? Да знам дали да си ја купам на англиски.
Имаш од Темплум, џебно издание, (не скратено, туку само малечка книга). Сосема солидно сработена.
 
Од кога до кога е саемот на книги ?
 
Па отсекогаш било така, ама кога имаш читателки кои и цела плата оставаат на нивни книги што очекуваш :D Кодот на Да Винчи 600 ден редовна цена со попуст 300, а во Три редовна цена 300 ;)
а сигурен сум дека пред саемот и во култура беше поевтин ама и онака онака не купувам книги од кај нив па не ми е ни гајле :D ќе почекам каталог од три и матица тие имаат поразновидни наслови барем :)
 
Лето доаѓа, секако дека ќе има илјадници лесни романчиња. Плажа, нозе, коктел и еден љубовен или еротски роман оставен на песокот. Сон на секоја активна типка на инстаграм...
 
Одамна не го следам издаваштвото кај нас, но обично сум во состојба понудата на саемот да ја разгледам за еден ден (она што ме интересира). Малкумина издавачи се издвојуваат со квалитетни изданија (добра книга, добар превод, добра цена, пристојна хартија). И така е, горе-долу со повеќето саеми за книга кај нас. Ќе утнат некоја година, но општиот впечаток ми е таков. Преовладува неквалитетна, лесна и комерцијална литература наменета за лица кои се во состојба дома да се изгубат, која е лошо напишана, лошо преведена, но овој читател не би се замарал со вакви ситници.
Е сега, саемот можеби не дава најцелосен увид во издавачката понуда, но за поцелосен не знам. Криво ми е кога ќе се сетам дека белградскиот саем нуди неспоредливо подобра понуда. И кога ќе се земе предвид дека се работи за поголема држава со побројни читатели, пак разликите се поразителни, разочарувачки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom