Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Од денес 4ти до 10ти[DOUBLEPOST=1491263968][/DOUBLEPOST]Инаку ако го носи патот некој утре на Саем, ако не му е мака нека ѕирни дали ја има од Камило Села Улиште, КСЦ Скопје издавачка. Оти другарчево кое ќе оди тро поспецифично е, овие Магор ќе ги најди, ама другово чудо можи да го одмини :D
Ќе ѕирнам јас ;)

Инаку, издавачката куќа на КСЦ сега се вика Полица, така полесно ќе ги најде.
 
Не се различни Конгресен и Полица? :confused:
Мислам дека се истите. Полица се вика издавачката куќа на КСЦ. Mail-от им е: polica@kscnet.com ;)[DOUBLEPOST=1491303813][/DOUBLEPOST]И малку промоција - Фросина Пармаковска ќе биде на штандот на Или Или во четврток и сабота. Кој сака посвета на новиот нејзин роман, побрзајте тогаш.
 
Тешко дека ќе стигнам деновиве, па сакам во сабота да отидам, и тоа што порано за да избегнам викенд гужва. Прочитав негде дека од 10 саат е отворен, тоа веројатно важи и за сабота, така?
 
Арс Ламина... Лани зелената миља од 600 на 300, сега од 1000 на 750 (а кога излегуваа во весник беа секоја по 100, значи 600).

Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
 
Блесок не ги видов. КСЦ исто, така што можно е ко Злате што вика да се преименувале во Полица, знам лани беа со Макавеј пошто го земав Моби од нив.

НУБ ги барав, ама не ги најдов. Дали сум толку слеп, дали уште не се наместени, зашто имаше некои што местеа штанд, или пак нема ни да бидат годинава на саем. Од нив сакав некоја домашна да земам, лани Папокот си ја зедов со тврди корици, ама ништо. Ако ги види некој нека ми каже, чисто да ми биде криво. :P

Поради обемни трошоци април и мај, саемов го поминав со 2 книги и една посета, за разлика од ланските десетина + стручна литература и 3 или 4 посети.
Не разгледував нешто многу, зашто знаев дека ќе се разочарам што нема да земам некои книги, така што штуро ги прошетав сите штандови. За на крај си ги оставив Академска книга од кај што земав Враќањето на Шерлок Холмс од Конан Дојл и Времеплов и Невидливиот човек од Велс во едно книже.

SS ве поздравува до следната година и се надева ко што кажа и Јуриј дека нема да банкротираат книжарнициве што годинава не им направивме сметка. :D
 
Eве еден интересен предлог, со 40% попуст. Ако некој се интересира :D Инаку на купикнига гледам дека има пишано саемски цени за книгите од Магор, пошто не видов каталог нивни во темава.
http://kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=71591
 
И малку промоција - Фросина Пармаковска ќе биде на штандот на Или Или во четврток и сабота. Кој сака посвета на новиот нејзин роман, побрзајте тогаш.
Видов за другите автори дека се од 18 до 20 часот, ама Фросина не беше на листата. Има негде термин кога ќе биде таму? Пошо ако одам до Скопје ќе одам за неа :pipi:
 
Видов за другите автори дека се од 18 до 20 часот, ама Фросина не беше на листата. Има негде термин кога ќе биде таму? Пошо ако одам до Скопје ќе одам за неа :pipi:
Ненaд ми спoмнa декa ќе билa петoк oд 12 дo 2.
 
Видов за другите автори дека се од 18 до 20 часот, ама Фросина не беше на листата. Има негде термин кога ќе биде таму? Пошо ако одам до Скопје ќе одам за неа :pipi:
Не ми кажа, веројатно цел ден ќе биде таму. Ако не, ќе договориме. ;)[DOUBLEPOST=1491347545][/DOUBLEPOST]
Ненaд ми спoмнa декa ќе билa петoк oд 12 дo 2.
Не е петок. Четврток и сабота. Од колку до колку - не знам.
 
Дали некој знае кои издавачки куќи од Србија учествуваат на саемот? Конкретно ме интересира дали Лагуна е присутна? Благодарам на секоја информација
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom