Пред почетокот на саемот, да се самоцитирам од лани:
Ако саемските цени им се овие препорачаните, тогаш не е баш евтино. Чисто за компарација да ви дадам еден совет од досегашното искуство што сум го имал со книги. Неколку фактори влијаат на колку ќе биде цената на една книга-откуп на правата, квалитетот на преводот, цената на печатење, помошта од спонзорстава и донации од владини и невладини институции, големината и бројот на страниците како и квалитетот на хартијата и повезот и секако маржата што ќе си ја стави самата издавачка куќа. Книгите се за среќа со 5% ДДВ. Нормално, има разлика ако е препев на ''потешка литература" во тврд повез со А4 формат отколку минијатурна брошурка од македонски автор каде што не се фрлаат пари на превод меѓутоа грубо и ориентационо, за книга од страндардна големина 20 сантиметри од потврден автор (калибар на Хесе, Хемингвеј, Еко), со солиден превод односно добри имиња во струката (не доктори по лингвистика, меѓутоа не ни 18 годишњаци од прва година на Блаже Конески) со мек повез и задоволителен квалитет на хартија (не како онаа што читаш и од другата страница на листот што е пишано а не си го ни свртел) добра цена е од прилика еден денар за страна. Значи во гореопишаниот случај, нормална цена за книга од 200 страни е 200 денари. Се над тоа варира од скапичко до скапо, а се испод тоа е добра зделка иако па многу ниска цена веднаш значи и сомнителност околу квалитетот на самата книга од секој аспект. Примеров што го дадов сфатете го грубо и ориентационо за да имате претстава за вредност, ако до сега сте немале многу искуство на тоа поле. Секако дека (како што беше во случајот со Владетелот на Макијавели како еден од многуте примери) за 50 денари па некогаш и повеќе плус не сум штедел од некоја книжара да купам некоја книга за разлика од истата книга во друга, ако знам дека поевтината книжара ги крати книгите и има тотално аматерски превод. Пред да купите книги, ако не сте упатени консултирајте се, на форумов има изненадувачки приличен број на луѓе познавачи кои имаат изоштрен вид за проценка на ова поле.
Дополнителни совети за саемот што нема да ви бидат на одмет да ги знаете:
1. Пред секој саем издавачките куќи имаат пракса да промовираат најнови наслови кои ќе им бидат во преден план на штандовите. Со ретки исклучоци, токму новите наслови ќе им бидат и најскапи, без или со минимален попуст оти се нели ударни и на нив ќе сакаат да ќарат најмногу. Ако не ви се брза, на следниот саем или во промотивните настани што книжарите ги прават во меѓувреме истите тие ќе бидат со многу поголем попуст. Ќе излезат каталозите, па ќе се уверите сами, секаде каде што ќе пишува, ново, најново или слично попустите ќе бидат минимални или никакви. Има минимален ризик во меѓувреме книгата да се распродаде па да ви биде криво ама тоа ретко се случува, а и кога ќе се случи издавачите гледаат дека имало интерес и прават второ издание.
2. Кратко резиме на попознатите издавачки куќи. Квалитет а евтини цени, односно штандови што мора да ги посетите се Или-Или, Магор и Бегемот, немаат промашувања ни со цената ни со квалитетот. Табернакул се можеби најдобри со превод, ама имаат тешка политика на попуст, ако ептен нешто ви е по ќејф да купите и не ви се жалат пари нема да згрешите, во спротивно само фрлете едно око. Ѓурѓа се најевтини и најнеквалитетни, катастрофален превод, кратење од оригиналот, нема што да се бара таму. Икона и Три се безобразни со цените на нивните македонски книги. Саемските цени треба да им бидат редовни, секојдневни, освен фрлање око нема што да барате таму. Плус Три ги има оние ''како да успеете да станете милионер и да ги заведувате жените за 3 дена'', значи не. Антолог се на граница со разумното скапи. Имаат добри автори и книги со несоодветна цена, вреди да се фрли око и да се купи нешто со претпазливост (види пресметковна формула погоре). Сакам книги и Матица се во главно, нискоквалитетни, чик-лит и останати лимонатки, ништо добро за спомнување. Академска книга имаат од евтините светски класици за 100 денари на англиски јазик, што по мене беше најдобар value for money на претнодниот саем, ако немате проблем со англискиот тој штанд има многу што да понуди Војна и Мир, Браќа Карамазови, Дикенс и многу други за само 100-ка. Македонска Реч имаат добри промоции, вреди да се посети штандот и да се купи таму, само што немаат кој знае колкав избор, иако тоа што го имаат Ибзен, Стринберг и слично е одлично. Блесок се безобразно скапи, вреди за 200 денари да се купи Раковиот Напоредник од Хенри Милер, за друго летаат во облаци. Макавеј имаат добар избор ама претеруваат со цени, исто и Слово, Слово имаат и добра филозофска едиција ама напумпале тоа сумите. Феникс имаат во главно лектирни изданија и светски класици со сомнителен квалитет и така-така цена. Култура се се послаби по квалитет во последниве години, има што и таму да се најде, иако далеку се од тоа реноме што го имаа, особено сега со лимонатка автори ала Коелјо. Темплум не промашуваат со книга, барем во едицијата Магма, тие другите едиции им се ни ваму ни таму, имаат и добри автори ама и Фрчко и Шеќеринска и некаква си педерска едиција што нема да ја коментирам. Темплум имаат солидни цени, вреди да се посети и да се купи.
3. Иако го имам неколку пати кажано, пазете се од секташите од Хабардов Центар. Лани беа маскирани во некаква си хуманитарна организација, повраќаниците, подмолоноста и лицемерието на тие гомнари немаат граница. Ќе ги познаете по стрес тестот и по книгите од Хабард. Нормално никаде не стои нити секта, нити религија, туку хуманитарно здружение, демек добри цели.
4. Припремете се од дома. Ако влезете неподготвени на саем, ем ќе се испобуните, ем ќе направите грешки. Дома убаво разгледајте ги каталозите, читнете некој совет, пазете на цена и квалитет. Еве на пример ''Се Викам Црвено" од Орхан Памук ја има издадено и Табернакул и Магор, истиот преведувач, се исто освен корицата, ама во Магор е поевтина.
5. Посете ги тезгите на стари книги на улица Македонија и на кеј спорти Холидеј Ин. Ќе се изненадите за која цена можете на старо да ги најдете бараните наслови.
Со среќа