Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде среќници што ќе одите на саемот, еве ви уште еден каталог
http://www.scribd.com/doc/134276961/Katalog-Antolog-Web-2

Ако саемските цени им се овие препорачаните, тогаш не е баш евтино. Чисто за компарација да ви дадам еден совет од досегашното искуство што сум го имал со книги. Неколку фактори влијаат на колку ќе биде цената на една книга-откуп на правата, квалитетот на преводот, цената на печатење, помошта од спонзорстава и донации од владини и невладини институции, големината и бројот на страниците како и квалитетот на хартијата и повезот и секако маржата што ќе си ја стави самата издавачка куќа. Книгите се за среќа со 5% ДДВ. Нормално, има разлика ако е препев на ''потешка литература" во тврд повез со А4 формат отколку минијатурна брошурка од македонски автор каде што не се фрлаат пари на превод меѓутоа грубо и ориентационо, за книга од страндардна големина 20 сантиметри од потврден автор (калибар на Хесе, Хемингвеј, Еко), со солиден превод односно добри имиња во струката (не доктори по лингвистика, меѓутоа не ни 18 годишњаци од прва година на Блаже Конески) со мек повез и задоволителен квалитет на хартија (не како онаа што читаш и од другата страница на листот што е пишано а не си го ни свртел) добра цена е од прилика еден денар за страна. Значи во гореопишаниот случај, нормална цена за книга од 200 страни е 200 денари. Се над тоа варира од скапичко до скапо, а се испод тоа е добра зделка иако па многу ниска цена веднаш значи и сомнителност околу квалитетот на самата книга од секој аспект. Примеров што го дадов сфатете го грубо и ориентационо за да имате претстава за вредност, ако до сега сте немале многу искуство на тоа поле. Секако дека (како што беше во случајот со Владетелот на Макијавели како еден од многуте примери) за 50 денари па некогаш и повеќе плус не сум штедел од некоја книжара да купам некоја книга за разлика од истата книга во друга, ако знам дека поевтината книжара ги крати книгите и има тотално аматерски превод. Пред да купите книги, ако не сте упатени консултирајте се, на форумов има изненадувачки приличен број на луѓе познавачи кои имаат изоштрен вид за проценка на ова поле.
 
Ако најдете од Магор каталог, ако има, ставете го, многу ме заинтересира кога видов дека ќе ја има „Гулабот“ од Патрик Зискинд, ама не пишуваше цена. Ако судам за авторот според „Парфем“ очекувам и оваа книга да е одлична.
 
Каталогот на Или-Или

https://fbcdn-sphotos-d-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/547824_4748295791932_209756259_n.jpg

https://fbcdn-sphotos-f-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash3/563974_4748295231918_1065376659_n.jpg

И прашањето ми е дали Табернакул ќе попуштат годинава со ригидната политика со цени?
Според ова шо го прати Суси мај мен, препорачувам да си ја земете Колекционер од Фаулс. За таа пара, толку добра книга не се пропушта.
 
Е рано им текна со каталозиве, не можам од работа капната да барам рецензии по интернет.
Матица па заспани колку се.
 
Е рано им текна со каталозиве, не можам од работа капната да барам рецензии по интернет.
Матица па заспани колку се.
Не се заспани. Ќе си го припојат нивниот со овогодинешниот скопски. Ги боли патка. :))
 
Некој да не знае кој го продава серијалот на George R.R. Martin - A song of ice and fire ( Гејм оф троунс по нашки ) на саем и по која цена ?
 
Некој да не знае кој го продава серијалот на George R.R. Martin - A song of ice and fire ( Гејм оф троунс по нашки ) на саем и по која цена ?
Денес не отидов на Саем, па така, не ги знам цените. Знам само дека серијалот го продава Икона (на англиски), и Лагуна (на српски). Македонски превод се уште не постои. Со Лагуна соработуваат уште и Топер и Матица - и двете издавачки куќи ги продаваат изданијата на Лагуна, но се сомневам дека кај било која од нив книгите би биле поевтини отколку во српската издавачка куќа Лагуна, која исто така има свој штанд на саемот. Утре одам на Саем дефинитивно, ќе ѕирнам, и ќе информирам за цени. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom