R
redhead
Гостин
Оваа година саемот ми направи поголем мерак од лани.
Иако оваа година со видно помалку книги, и тоа само три, можам да кажам дека сум ептен задоволна од изборот.
Порано не пребирав толку.
Ме изненадија Или-Или и Темплум со попустите, од Или-Или си ги земав "Колекционер" од Џон Фаулс и "Летни лаги" од Бернхард Шлинк - авторот на "Читачот".
Табернакул мислам никогаш нема да се сменат, барем еднаш да дадат вистински попуст. Разбирам дека легитимно си ја вршат работата, али саем е побогу. Надувани цени како и секогаш. А штета имаат прекрасни изданија. Од кај нив ја земав само "Идентитет" од Милан Кундера, испадна не сакајќи да ги собирам неговите дела.
Матица само онака поминав покрај нив. Одамна сфатив дека нема што да барам, освен најновата книга од Калед Хосеини што ќе излезе во септември и ако ја издадат четвртата книга од Зафон.
Голема штета што вакви магнати ги јадат помалите издавачки куќи со неквалитет, и тоа до тој степен што повеќето од нив немаат ни свои книжарници. Продаваат преку други книжарници или преку КупиКнига.мк новиот сајт.
Ме изненадија и Антолог, имаа интересни изданија и што е најбитно луѓе што знаат да си ја вршат работата.
Криво ми е што и оваа година не си земав ниту една книга од Орхан Памук, ама тоа е со Табернакул.
И еден апел до сите, кога ги купувате книгите проверете ги дали се испечатени сите страници, да не си купите фалично издание.
Мене од Колекционер две страници не ми се испечатени.