Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Оваа година саемот ми направи поголем мерак од лани.
Иако оваа година со видно помалку книги, и тоа само три, можам да кажам дека сум ептен задоволна од изборот.
Порано не пребирав толку.
Ме изненадија Или-Или и Темплум со попустите, од Или-Или си ги земав "Колекционер" од Џон Фаулс и "Летни лаги" од Бернхард Шлинк - авторот на "Читачот".
Табернакул мислам никогаш нема да се сменат, барем еднаш да дадат вистински попуст. Разбирам дека легитимно си ја вршат работата, али саем е побогу. Надувани цени како и секогаш. А штета имаат прекрасни изданија. Од кај нив ја земав само "Идентитет" од Милан Кундера, испадна не сакајќи да ги собирам неговите дела.
Матица само онака поминав покрај нив. Одамна сфатив дека нема што да барам, освен најновата книга од Калед Хосеини што ќе излезе во септември и ако ја издадат четвртата книга од Зафон.
Голема штета што вакви магнати ги јадат помалите издавачки куќи со неквалитет, и тоа до тој степен што повеќето од нив немаат ни свои книжарници. Продаваат преку други книжарници или преку КупиКнига.мк новиот сајт.
Ме изненадија и Антолог, имаа интересни изданија и што е најбитно луѓе што знаат да си ја вршат работата.
Криво ми е што и оваа година не си земав ниту една книга од Орхан Памук, ама тоа е со Табернакул.

И еден апел до сите, кога ги купувате книгите проверете ги дали се испечатени сите страници, да не си купите фалично издание.
Мене од Колекционер две страници не ми се испечатени.:mad:
 
Одамна сфатив дека нема што да барам, освен најновата книга од Калед Хосеини што ќе излезе во септември и ако ја издадат четвртата книга од Зафон.

Има нова книга? Зар „Заточеник на небото“ не е последната?
 
ве хејтам, јас уште не сум отишла... :(
да си прашам до недела е или до понеделник?
За тебе е ко до недела. Пошо понеделник затвараат и можно е да пољубиш врата. Затоа иди во недела, гужва, негужва ќе ти биде мирна душата и нема да трчаница да го поминеш.
 
Со надеж дека ќе има добри сф книги заминав на саем ама ништо немаше шо ми се допадна. Исто така немав доволно пари за Мраз од Јацек Дукај за жал. Некоја друга прилика или некој ќе ми ја подари се надевам :). Па така се почастив со три класици од Академска Книга. Сума сумарум, полош саем од лани.
 
Искрено, полош саем амин. Секоја година одам и мислам дека секоја година се истите книги со истите цени, добро горе-долу менуваат ама, толку бе да не ги снижат цените за време на саем, јас не можам да разберам. Па еден квалитет што имаат, па уште ќе ми држат цени. Матица - поочајно издание од ова немам видено. Ни 2 минути не поминав на штандот, единствено ме интересираше дали има некоја нова книга од Ју Несбе (интересен норвешки автор), ама ме откачија со тоа дека не планираат да издаваат негови книги. Не знам што да кажам, продолжете со никаквите книги, немој случајно да промените некој писател. Веќе неколку години по ред собирам книги од Стив Бери од српската издавачка куќа што доаѓа на саемот, но оваа година имаше само еден наслов од него. На крај купив само една книга од Академска книга, имаше одлични наслови, барем за мене.

И на крај, кога нашиве издавачки куќи ќе вложат во корици, аман бе, зарем е толку тешко да осмислиш подобра корица со други елементи и материјали, а не да биде обична страница во книгата. Се на се, лош саем за мене.
 
Во вториот бран бев кај Магор да го земам Гулабот од Зискинд. Попат го зедов Разговор со Спиноза од Гоце Смилевски и конечно I, Robot од Асимов преку Академска книга за дупло помала цена од минатата година. Заклучив дека не треба многу мислење кога купуваш, едино треба само стратегијата - прво разгледуваш цела хала и означуваш книги па купуваш.
 
Ни 2 минути не поминав на штандот, единствено ме интересираше дали има некоја нова книга од Ју Несбе (интересен норвешки автор), ама ме откачија со тоа дека не планираат да издаваат негови книги.

Друже, во ТРИ ја имаш „Ловци на глави“ од Ју Несбе за 320 ден, новитет му е нив на саемот...
 
Има шанса некоја книга да биде тотално распродадена до понеделник, да нема ниеден останат примерок од неа?
 
Има шанса некоја книга да биде тотално распродадена до понеделник, да нема ниеден останат примерок од неа?

Не би требало. Имаше доста според мое мислење.

Туку спомнавте некаде назад, Дон Кихот 2те книги за 400 денари ги имало. Во која издавачка куќа? Јас бев ама подзаборавив на ова, па ќе појдам пак.
 
До кој понеделник? Овој или другиот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom