Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Има некаков онлајн каталог? Си прибирам идеи за следно читање :)

Онлајн сеопшт каталог нема. Обично издавачките куќи си спремаат свои каталози па ги разделуваат на саемот. А, имаат по нешто и на нивните сајтови. Еве ти линкови од поголемите издавачки куќи:

Mladinska knjiga
Mono i Manjana
Laguna
Evro-Giunti
Dereta
Esotheria
Tanesi (овие имаат многу јапонски книги, во превод нормално)
Čigoja
Čarobna knjiga
Alnari

А, еве и три од поголемите книжари кои имаат свои штандови: (обично се во 4-та хала)
Data Status (имаат научна и стручна литература)
Plato
Vulkan (кога се затвори Мамут, на негово место (на истите места каде имаа книжари) Моно и Мањана и Алнари си отворија свој ланец книжари)
Delfi

Последните три имаат и книги на англиски (а и на француски), особено Делфи.


За саемот – знам дека четврток е, како и секогаш, ден за учениците и студентите. Поединечна карта е 250 динари, групна е 150. Исто така, понеделник и вторник се семејни денови, па семеен билет е 600 динари.

На сајтот има мапи со излагачи по халите (големата 1 и 4-та се со издавачите, 2А е со штандови на факултетите и со странските јазично-културолошки институти).

Сајтот е одличен, ги има сите потребни информации.
 
Во сабота во Матица сите книги им се намалени на - 50 % објавија на нет. Па еве прилика ти што сакат да читнат некоја добра книга
да ја земат на пола цена :)
 
Во сабота во Матица сите книги им се намалени на - 50 % објавија на нет. Па еве прилика ти што сакат да читнат некоја добра книга
да ја земат на пола цена :)
А само во сабота ќе биде, или повеќе дена...?:)
 
Јас малку офтопик ама пак у контекст на саемите
- На последниот саем на книгата во мојот град издавачката куќа Топер имаше книга со наслов "Што знаат мажите за жените?" и истата беше замотана во проѕирна фолија. Со девојчето што беше одговорно за штандот отворивме една и како што и претпоставуваме целата книга беше само празни страници. Ама интересно е што имаше луѓе кои очигледно не ја знаеле финтата и ја купуваа :)
 
Јас малку офтопик ама пак у контекст на саемите
- На последниот саем на книгата во мојот град издавачката куќа Топер имаше книга со наслов "Што знаат мажите за жените?" и истата беше замотана во проѕирна фолија. Со девојчето што беше одговорно за штандот отворивме една и како што и претпоставуваме целата книга беше само празни страници. Ама интересно е што имаше луѓе кои очигледно не ја знаеле финтата и ја купуваа :)

Супер е за поклон на дечко. :D
На задната корица дури пишува - книгата е преведена на многу светски јазици. :)
 
Зимскиот фестивал на книгатаво книжарницата ТРИ


дел од маилот што го добив...

Драги читатели,
Пред нас е уште едно издание на Зимскиот фестивал на книгата во книжарницата ТРИ, кој повеќе од кога било донесува актуелни и возбудливи литературни претставници. Ако во минатите години уживавме во книгите на Стиг Ларсон, во следните ќе ги читаме трилерите на не помалку популарните Хенинг Менкел и Камила Лекберг, кои заедно со Ларсон го сочинуваат Светото тројство на шведската криминалистичка проза.
Ледената принцеза на Лекберг и Убијци без лица, првиот дел од серијалот Валандер на Менкел, две врвни книги во својот жанр, се нашата препорака број 1 за вас за претстојниот период. Но, тука се и уште неколку големи имиња - авторката на П.С. те сакам, Сесилија Ахерн со романот Да можеш да ме видиш сега, уште една волшебна приказна за семејството, пријателството и љубовта, Франсеск Миралјес, чиј роман Посакувам да си тука ќе ве одведе на прекрасно патување во Париз, и Николо Аманити, кој ќе ви ја приреди најлудата забава што можете да ја очекувате во неговиот роман Забавата може да почне.
Книжарница ТРИ
 
Има и во Магор, мислам дека до крај на декември. Јас си ја купив Надја:noze:

Ве известуваме дека по повод 20 години постоење на издавачката куќа Магор и по повод новогодишните и божиќни празници во кафе-книжарницата Магор во понеделник (17 декември) ќе започне еден од најголемите попусти на сите изданија на Магор.
Станува збор за понуда од над 300 наслови - изданија на Магор кои ќе бидат на попуст.
Поради тоа што оваа година славиме 20 години постоење, за секој кој ќе купи книга-издание на Магор ќе следува поклон.

На групата има каталог и ценовник на сите книги.
 
Туу бе шо им текиња сеа БАШ коа е крај на месецот, згора треба да се штеди тро за нови години. Магор и Или или имаат извонредни попусти,(100-200 ден), башка и насловите не се за фрлање.
 
Во Гем ( Менада ) има зимски саем во кој учествуваат: Блесок, Бегемот, Темплум, Или - Или, Сигмапрес, Слово, Магор и може уште некој издавач не сум сигурен. Саемот ќе трае до наредна сабота како што знам.
 
Туу бе шо им текиња сеа БАШ коа е крај на месецот, згора треба да се штеди тро за нови години. Магор и Или или имаат извонредни попусти,(100-200 ден), башка и насловите не се за фрлање.
Имаат штанд кај нас на факултет, ако поминуваш од таму :)
Само мислам дека ги немаат сите таму.
 
Од 24.12.2012 до 14.01.2013 пинг ЈуријАркадиевич :)

15364_497869020257351_2049604502_n.jpg




Или-Или од 15 декември до 15 јануари

Драги пријатели,

Оваа година решивме да ги задоволиме Вашите читателски потреби една недела порано од лани, и затоа нашиот и Ваш традиционален НОВОГОДИШЕН КНИЖЕВЕН ОГНОМЕТ го започнуваме веќе од сабота (15.12.2012), а празничниот попуст ќе трае точно еден месец, односно, еден ден по Стара Нова година (вторник, 15.01.2013).

Како и лани, и оваа година книгите на ИЛИ-ИЛИ ќе може да ги купите со фантастичен попуст од -20% до -70%. Е па подобро - здравје! :-)

Доколку сакате изборот да го направите уште пред да дојдете во книжарница, во продолжение е списокот со празничните цени на книгите од едициите ПРОаЗА и ЕСЕИ, со напомена дека насловите обележани со ѕвездичка се книги излезени во оваа, 2012 година.

СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ!!!

ИЛИ-ИЛИ - 3 години на Плоштад СЛОБОДА.

- Тринаесеттиот месец- Алек Русјаков - 300 ден.(р.ц. 400) -25%
- *Златен оков - Џанг Ајлинг - 100 ден. (р.ц. 170 ден) -41%
- *Бања - Жан-Филип Тусен - 100 ден. (р.ц. 190 ден) -47%
- *Болестите на модерното време - Чарлс Тејлор - 100 ден. (р.ц. 250 ден.) -60%
- Бела ноќ на љубовта - Г. Х. Груѓински - 100 ден. (р.ц. 200 ден) -50%
- Книгата на таткото - Урс Видмер - 100ден. (р.ц. 330 ден) -70%
- Дневник - Геза Чат - 100ден. (р.ц. 200 ден) -50%
- Ехо од бранови - Владимир Мартиновски - 100ден. (р.ц. 200 ден) -50%
- Холограм - Сања Вуковиќ - 100 ден. (р.ц. 150 ден) -33%
- Белиот чад - Оливера Николова - 100ден. (р.ц. 350 ден) -71%
- Жули или разврат - Марсел Моро - 100ден. (р.ц. 250 ден) -60%
- Стравот на голманот од пенал - Петер Хандке - 100ден. (р.ц. 200 ден) -50%
- Животот и времињата на Мајкл К. - Џон М. Куци - 100 ден. (р.ц. 300 ден) -67%
- Неодреден предел - Петер Штам - 100ден. (р.ц.300ден) -67%
- Последниот свет - Кристоф Рансмаер - 100ден. (р.ц. 350 ден) -71%
- Од брегот на реката Ганг - Светлана Камџијаш - 100ден. (р.ц. 300 ден) -66%

- *Куќа за средби - Ален Роб-Грије - 150 ден. (р.ц. 300 ден) - 50%
- *Крајот на еден семеен роман - Петер Надаш - 150 ден. (р.ц. 270 ден) -44%
- Читачот - Бернхард Шлинк - 150 ден. (редовна цена 199 ден) -25%
- Чиста анархија - Вуди Ален - 150 ден. (р.ц. 200 ден) -25%
- Единаесет жени - Снежана Младеновска Анѓелков - 150 ден. (р.ц. 150 ден) -0%
- Помеѓу - Ирена Јорданова - 150 ден. (р.ц. 250 ден) -40%
- Катализатор 33 - Ирена Јорданова - 150 ден. (р.ц. 200 ден) -25%
- Бог и бетон - Ричард Мило - 150 ден. (р.ц. 250 ден) -40%
- Крај-пат - Игор Анѓелков - 150 ден. (250 ден) -40%
- Катедрала - Рејмонд Карвер - 150ден. (р.ц. 340 ден) -56%
- Сто дена - Лукас Берфус - 150 ден. (р.ц. 330 ден) -54%
- Слава - Даниел Келман - 150 ден. (р.ц. 300 ден) -50%
- Филозофија на виното - Бела Хамваш - 150ден. (р.ц. 230 ден) -35%

- *Резервен живот - Лидија Димковска - 200 ден. (р.ц. 350 ден) -43%
- *Гордиевата врвка - Бернхард Шлинк - 200 ден. (р.ц. 250 ден) -20%
- Летни лаги - Бернхард Шлинк - 200 ден. (р.ц. 390 ден) -49%
- Викенд - Бернхард Шлинк - 200ден. (р.ц. 370 ден) -46%
- *Во трагата на бродот - Пер Петешон - 200 ден. (р.ц. 350 ден) -43%
- *Берлински тополи - Ане Б. Рагде - 200 ден. (р.ц. 350 ден) - 43%

- Мерење на светот - Даниел Келман - 200ден. (р.ц. 300 ден) -33%
- Собирач на автограми - Зејди Смит - 200 ден. (р.ц. 500 ден) -60%
- Гол живот - Луиџи Пирандело - 200ден. (р.ц. 390 ден) -49%
- Вадисрце - Борис Вијан - 200ден. (р.ц. 350 ден) -43%
- Ќе ви плукам на гробовите - Борис Вијан - 200ден. (р.ц. 330 ден) -39%
- Пената на деновите - Борис Вијан - 200ден. (р.ц. 390 ден) -49%
- Есен во Пекинг - Борис Вијан - 200ден. (р.ц. 390 ден) -49%
- Улица - Бији Банделе - 200ден. (р.ц. 390 ден) -49%
- Срце толку бело - Хавиер Маријас - 200 ден. (р.ц. 420 ден) -52%
- Ја проколнувам реката на времето - Пер Петешон - 200 ден. (р.ц. 350 ден) -43%
- Комунистот Монте Кристо - Ноеми Сечи - 200ден. (р.ц. 480 ден) -58%
- Лебарка - Рави Хаж - 200 ден. (р.ц. 390 ден) -49%
- Илуминации - Валтер Бенјамин - 200ден. (р.ц. 390 ден) -49%
- Сликарски правци на 20 век - Лазар Трифуновиќ - 200ден. (р.ц. 400 ден) -50%

- *Алчност - Елфриде Јелинек - 300 ден. (р.ц. 500 ден) -40%
- *Институт за регулирање на времето - Ахмед Хамди Танпинар - 300 ден. (р.ц. 480 ден) -38%
- Жената на францускиот поручник - Џон Фаулс - 300 ден. (р.ц. 500 ден) - 40%
- Ѓубре - Ирвин Велш - 300 ден. (р.ц. 500 ден) -40%
- Колекционер - Џон Фаулс - 300 ден. (р.ц. 450 ден) -33%
- Свеста на Ѕено - Итало Звево - 300ден. (р.ц. 550ден) -45%
- Без догма - Хенрик Сјенкјевич - 300 ден. (р.ц. 500 ден) -40%

- *Нешто да ти кажам - Ханиф Курејши - 400 ден. (р.ц. 500 ден) -20%

- Волшебникот - Џон Фаулс - 500 ден. (р.ц. 690 ден) -27%
- Истанбул беше сказна - Марио Леви - 500 ден. (р.ц. 690 ден) -27%
 
Ако е до 15ти јануари, дефинитивно ќе зеам книга или две. Внолшебникот ми праи ќеф поради Колекционер, ама некако скуп ми е. Шлинк ќе видам како е, досеа симпатично се покажа.
 
Ако е до 15ти јануари, дефинитивно ќе зеам книга или две. Внолшебникот ми праи ќеф поради Колекционер, ама некако скуп ми е. Шлинк ќе видам како е, досеа симпатично се покажа.
Моја препорака, ако до сега ја немаш прочитано - „Жената на францускиот поручник“ на Фаулс ;) Не знам само каков е македонскиот превод - јас на времето ја читав на српски, во издание на Zepter, мислам дека се уште се продава во Табернакул, ама секако не е 300 денари, како македонскиот превод во Или Или - 100% е поскапа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom