Како што веќе реков, Ладлам е мојот омилен писател што само по себе значи дека имам прочитано повеќе книги од него, со кој ги добил моите симпатии.
За почеток би ти препорачал да ја прочиташ Московски Вектор, која е лесна да се најде низ нашите книжарници и библиотеки. Само накратако: се зборува за разоткривањето на една од најголемите тајни низ историјата, креирањето на биолошко оружје. Дејството се одвива низ целиот свет. Првата глава се одвива во Москва. Потоа се префрла во Прага, кон Берлин, Рим, Вашингтон. Се заплет до заплет!
Потоа земи ја Стратегијата Банкрофт. Е овде ќе се инзачиташ пресверти и перипетии. Не ја земај ако планираш утредента да одиш на школо или работа:helou:
Едвај чекам да најдам слободно време заедно со Клучот на Соломон, да ја прочитам и Наследството на Скарлати.
А, незимерно се каам поради тоа што не ја купив неговата најновата книга - Сигма протокол. На саем беше 500 денари, ама некако не знаев дали ќе ми стигнат пари да го завршам денот, па оставив така.
Исто и на мене ми е омилен писател, бидејќи само тој може да напише толку добри политички трилери, со безброј заплети и се останато. Просто уживам кога ги читам неговите книги, а да напоменам дека има напишано повеќе од 30-35 книги во целато негово книжевно творештво. Планирам годинава барем две третини да прочитам.
Мене подеднакво ми се допаѓаат како поновите негови книги, значи во последниве 20 години, кои дел се издадени и по неговата смрт, како Стратегијата Банкрофт, но можете да ги најдете во Градска библиотека старите изданија од 70-80-тите години на минатиот век, претежно на српски, кои исто така се супер. Туку како што кажа, Наследството на Скарлати, но и Пат за Омаха и Пат за Гандолфо се исто така супер. Ептен лесни за читање и ќе приметите малку поразличен стил отколку во останатите негови дела.
Особено ми се допаѓаат неговите книги поврзани со Втората светска војна, или пак настаните по неа, како што се Сигма протокол, која е ремек-дело, понатаму Спогодбата на Холкрофт и Во знакот на близнаците. Но, добри се и неговите преработени дела (пишувани од други писатели) особено Кавер-еден серијата со главниот јунак Џон Смит, како што се Париска опција, Пеколен фактор, меѓудругото и Московски вектор.
Инаку од Саемот оваа година, големо разочарување, јас оваа година отидов само затоа што минатата година не купив едни книги од еден српски издавач, кој доаѓа секоја година, а ми беа во план да ги купам. Да не зборам дека нивните книги се ем поевтини од нашиве издавачи, ем со подобри корици и воопшто обработка на книга. Инаку останатото, бетер од лани, како што кажаа и другите.