Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Најголем интерес ми е да ја земам Мраз во издание на Бегемот. Ако имаат успех со оваа книга можеби ќе сакаат да ги преведат и делата на Станислав Лем.
 
Само што се вратив од саемот и си ги купив:

ЕЈМИ ЈА НЕМА – Џилијан Флин
ДЕВОЈКАТА ОД ХАРТИЈА - Гијом Мисо
УБИЈЦИ БЕЗ ЛИЦА - Хенинг Минкел
ПОНЕКОГАШ ДОАЃА СРЕЌА - Винка Саздова
МОБИЛЕН – Стивен Кинг
ИСЧЕЗНАТА БЕЗ ТРАГА – Шеви Стивенс
НЕЖНА Е НОЌТА – Скот Фицџералд

Има доста попусти, на српски изданија има ефтини доста книги. Одлично!
 
Бев денеска на саемот си купив тоа што планирав. Позитивно е што овој саем сите издавачки куќи се во една хала. Атмосферата беше супер, изненаден сум што помладиве генерации (средно) купува книги и тоа бираа добри автори а не некој маркетинг лик. Тоа ме радува многу. Си направиви муабет со омилениот лик, господинот од Табернакул. Воодушевен сум од дечкото од Или Или, прекрасен лик, со неверојатно знаење за литература. Супер позитивна фацка е господинот на штандот на Бегемот. Наминете до саем и одберете си нешто за ваш вкус.:)



Mислам дека телевизијата е многу едукатувна. Секогаш кога некој ќе го вклучи телевизорот јас одам во другата соба и читам книга. ~ Гручо Маркс.
 
И јас да се пофалам со уловот годинава.

Антолог.
1 - Оксфордски убиства - Гилјермо Мартинез.
2 - Деликатно злосторство - Сержио Сент' Ана
3 - Емаус - Александро Барико
4 - Врева и бес - Вилијам Фокнер
5 - Мојот живот како куче - Реидар Јонсон
6 - Ритуали - Сеис Нотебом
7 - Тешки љубови - Итало Калвитно
Магор:
1. Дарба - Владимир Набоков
2. Убиство во катедралата - Томас Стернз Елиот
3. Сликата на Доријан Греј - Оскар Вајлд
4. Срцето на темнината / Тајфун - Џозеф Конрад
5. Очи со боја на чевли - Петар Андоновски

Бегемот:

1. Мраз - Јацек Дукај
2. Критичарот како уметник - Оскар Вајлд
3. Смрт во Бреслав - Марек Крајевски

Или - Или
1. Како да се упокои вампир - Борислав Пекиќ
2. Светот - Хуан Хозе Милјас
3. Малку - Хакан Ѓундај

Табернакул

1. Животот е на друго место - Милан Кундера
Македонска реч

1. Синот на слугингата 1 + 2 дел Август Стринберг
2. Естетиката на комуникацијата и литературата за деца - Виолета Димова

ПНВ публикации
1 . Овалниот портрет и други раскази - Едгар Алан По
И ја земав на англиски од Ник Кејв - The Death of Bunny Munro

Темплум
1. Девствено море - Андреј Платонов
2. Збогум, Берлин - Кристофер Ишервуд

Евро Балкан
Грчката хомосексуалност - Џејмс Довер
Слово
Домарот / Љубовникот - Харолд Пинтер
Ману
Сеопшта песна - Пабло Неруда
Виг Зеница - Кнут Хамсун
 
Само што се вратив од саемот и си ги купив:

ЕЈМИ ЈА НЕМА – Џилијан Флин
ДЕВОЈКАТА ОД ХАРТИЈА - Гијом Мисо
УБИЈЦИ БЕЗ ЛИЦА - Хенинг Минкел
ПОНЕКОГАШ ДОАЃА СРЕЌА - Винка Саздова
МОБИЛЕН – Стивен Кинг
ИСЧЕЗНАТА БЕЗ ТРАГА – Шеви Стивенс
НЕЖНА Е НОЌТА – Скот Фицџералд

Има доста попусти, на српски изданија има ефтини доста книги. Одлично!

Оваа Мобилен од Стивен Кинг па 5 години по ред ја гледам на саемов, секогаш 200 денати. Толку немаат други наслови?
--- надополнето: 10 април 2013 во 20:22 ---
Бев денеска на саемот си купив тоа што планирав. Позитивно е што овој саем сите издавачки куќи се во една хала.

Зошто е тоа позитивно? Тоа што ги собрало во една хала значи ваљда дека или има помалце издавачки куќи или е истиот број ама со помалце место за секој.
--- надополнето: 10 април 2013 во 20:24 ---
Имаше и некоја којзнае каква издавачка куќа со полици во форма на шестоаголник уредена ептен фенсерајски, влегов внатре и ваљда глуп сум пошто не сфатив што им е причата, имаа само 10-тина книги а ентериер ко да е се наоѓам во книжарница на Менхетен. Друг некој кој бил ако може нека ми објасни.

Леле оваа многу фенси беше, стварно се потрудиле, браво.
--- надополнето: 10 април 2013 во 20:28 ---
Моите импресии - разочарана сум.
Секако не планирав ништо да купам, затоа што се што ми треба си имам на киндлот. Али и лани го имав киндлот па пак се подновив, сега ептен празна излегов. Купив само една сликовница за едно братучедче.
Од аспект на каталози - катастрофа. Тие каталози што ги има на интернет, тие се. Толку ли кошта еден каталог да се направи? Прашав на еден штанд, ми викаат "Моментално немаме". Моментално? Па за саем ако немате кога ќе имате??
Жената на патникот на времето ја видов, 450 денари, во Матица. Јас ја имам истата книга купено од Матица и не знам колку чинела, ама над 250 денари немам за неа дадено, така да цениве се исто така ужас.
Успеав да излезам за 40тина минути. Првпат толку кратко да седам на саем.
 
Ги има и книгите од едицијата ѕвезди на светската книжевност! :) По сосема коректни цени, а предобри наслови.
 
Од Ернесто Сабато - За Гробовите и Јунаците, да не ја виде некој?
 
Некој го виде ли штандот на издавачката куќа на Ars Lamina? Секоја чест, најдобро направен и навистина одлични книги. Колку што дознав од месецов прв пат започнуваат со белетристика, досега беа само стручна литература но многу добри книги. Ја имаше на македонски „Екстремно гласно и неверојатно блиску“ од новитетите, и книга која ми влезе во око а морам да ја купам понатаки (бидејќи сите можни пари ги истрошив тогаш) книга од CEO директорот на Starbucks „Напред“ се викаше.

Иначе гладен сум за други книги на мак од Стивен Кинг, не знам што чекат, дебили...
 
ЈуријАркадиевич колку пари потроши бе... Сега имаш за читање до следниот саем! :D

И јас да се пофалам со мојот плен од денеска (купував само од Академска Книга и ПНВ Публикации):

1. Henry James - The Wings of the Dove
2. Henry James - The Portrait of a Lady
3. Henry James - Washington Square
4. Henry James - Daisy Miller & Other Stories
5. Henry James - The Turn of the Screw & The Aspern Papers
6. Henry James - The Golden Bowl
7. Henry James - What Maisie Knew

за само 700 денари го имам најзначајното од творечкиот опус на еден од најголемите романсиери на 20тиот век, и со сигурност - мојот омилен писател! :vozbud:

За остатокот на саемот, немам коментар - надувани цени (особено од Икона, Три и Табернакул), неквалитет (особено Матица и Сакам книги), и слаба понуда (сите). За најпристапни, а истовремено и најквалитетни издавачи на овој саем (апстрахирајќи ги гореспоменатите Академска Книга и ПНВ Публикации) ги прогласувам Магор, Или-Или и Темплум (иако одлучив да не ја збогатувам својата библиотека со автори за кои би требало да дадам повеќе пари од книга на маестралниот Хенри Џејмс).

Се на се - лош Саем!
 
Зошто е тоа позитивно? Тоа што ги собрало во една хала значи ваљда дека или има помалце издавачки куќи или е истиот број ама со помалце место за секој.
Позитивно во однос на една хала, некако поогранизирано. Лани ако не се лажам беа измешани некои издавачки куќи со саемот на образование. Од нашиве издавачки куќи скоро сите беа. Од странските некако оваа година како послаб интерес, барем јас така приметив.:)
 
ЈуријАркадиевич колку пари потроши бе... Сега имаш за читање до следниот саем! :D

И јас да се пофалам со мојот плен од денеска (купував само од Академска Книга и ПНВ Публикации):

1. Henry James - The Wings of the Dove
2. Henry James - The Portrait of a Lady
3. Henry James - Washington Square
4. Henry James - Daisy Miller & Other Stories
5. Henry James - The Turn of the Screw & The Aspern Papers
6. Henry James - The Golden Bowl
7. Henry James - What Maisie Knew

за само 700 денари го имам најзначајното од творечкиот опус на еден од најголемите романсиери на 20тиот век, и со сигурност - мојот омилен писател! :vozbud:

За остатокот на саемот, немам коментар - надувани цени (особено од Икона, Три и Табернакул), неквалитет (особено Матица и Сакам книги), и слаба понуда (сите). За најпристапни, а истовремено и најквалитетни издавачи на овој саем (апстрахирајќи ги гореспоменатите Академска Книга и ПНВ Публикации) ги прогласувам Магор, Или-Или и Темплум (иако одлучив да не ја збогатувам својата библиотека со автори за кои би требало да дадам повеќе пари од книга на маестралниот Хенри Џејмс).

Се на се - лош Саем!

Хенри Џејмс е цар! :) А, за прашањето, нека остане мала компаратистичка тајна. хахаха ( мислам дека прочитав некаде дека си компаратист ). Инаку, се сложувам за надуваните цени и за пофалбите што си ги дал. :)
 
Зошто никој не ја спомнува антикварницата ?

Доста ретки дела имаше...
 
Хенри Џејмс е цар! :) А, за прашањето, нека остане мала компаратистичка тајна. хахаха ( мислам дека прочитав некаде дека си компаратист ). Инаку, се сложувам за надуваните цени и за пофалбите што си ги дал. :)
Па зарем постои компаратист (значи точно си прочитал :P) кој не го сака Џејмс??? Мака ми е само што не ја купив Collected Ghost Stories, а не ја купив само затоа што беше од друга едиција, и некако ко да не се вклопуваше во „комплетчето“ кое си го креирав сам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom