Само хејтате, што би рекле младите.
Кога напишав нешто слично на ова во една група на фб, добив гневна пошта.
Во ред е на не ми се допадне некоја книга, истото можам и да го напишам, ама пркосело на нивните "политики". Што друго не смее да се критикува, а притоа гневната толпа да не те стави на клада!? Чим имаш група каде се зборува за книгата, очекувајте и негативни мислења за одредени книги. Башка 90% се таму жени, пласираат мислења само за трилерите од Сакам Книги и некои љубовни романчиња, што не би ги читал. Сепак за мои пари ја купувам, а ќе потрошам и време додека ја прочитам, не гледам зошто некој би се пронашол навреден од некој мој коментар. Притоа не коментирав ни книга од домашен писател.
Сепак постои и генерациска разлика меѓу нас тука. Во последно време читам само автобиографии, стручна литература и по некоја книга за шах, ама сакам и некој добар трилер од време на време. Не е проблем тоа што некој го чита, проблем е да не се прифати туѓата критика и таа книга да се пласира како најдобра врз база само на мислењата кои ја фалат.