the_kop
Модератор
- Член од
- 14 јануари 2011
- Мислења
- 10.432
- Поени од реакции
- 13.558
Честитки до фановите на Новак, заслужена победа и покрај силниот отпор на Енди, и неговиот камбек од -2 сета.
Новак моментално е монструм. Онаква длабочина на удари немам видено, а притоа ретко кога прави некоја ефтина грешка. Патот му е отворен до титулата на РГ, мислам дека го положи тестот со Енди. Утре не очекувам некој поголем отпор од Стен. Време е играч како Новак да се закити со сите четири слема.
Од друга страна пак, нема зошто да жали Енди. Нормално, пораз во 5 сета, и тоа после онакво враќање, е секогаш репер за ред непреспиени ноќи, но кога ќе се сврти наназад, во последниве 2 месеци, и кога ќе погледне што направил на земја (15-1 скор, 2 титули, полуфинале на РГ), треба ите како да е горд. Згора на тоа после овие резултати треба со раширени раце да ја пречека сезоната на трева, а и на бетон после тоа. Да бидам искрен, мислам дека може да го победи Новак на овие 2 подлоги, иако серијата победи на Новак над Енди не зборува за такво нешто.