







алтернативна реалност еј, што е ова бе
first things first, не сакав А да кажам за мечов пред да се деси, од оправдани причини, тоа што си го имав увртено у глава дека е клучно пред меч се испостави ко точно, а тоа е првиот сет, 99.9% Ноле победуваше ако го освоеше истиот.
Надал го пратам сезонава и сеуште не можев да извлечам со сигурност впечаток дека како тече мечот он тоне и има ( голема ) дигресија во играта, денес едноставно мораше да го добие првиот сет и да се надева на психолошки пад на Ноле, многупати виден низ неговата кариера, поготово на РГ.
Сеа колку и да звучи глупо ( поради оние 4-0 ), првиот сет беше идеален за Ноле, зашто го доби после повеќе од саат игра, преидеално за ваков Надал, од друга страна Надал па како да го режирал сетот, ако го добиеше после дефицит од 4 гејма, Ноле ќе потонеше у некоја црна дупка после губење на таков сет и прашање ќе беше дали психички ќе се вратеше у истиот, т.е. ќе се вратеше ама ќе ризикуваше тоа да го направи со дефицит од 2 сета.
Вака идеална прилика за него, не и за Надал, Ноле и 5 сета е кадарен да ги игра идентично, на високо ниво, Надал прашање е дали повеќе од сет ипол, два ( и ова е многу против Ноле ), може да издржи на некое високо ниво ...
Физички омекнува, нема силина у ударите, форхендот му е лесен залак моментално, и не само за Ноле, сервисите исто, за вториот нема што муабет да се прави веќе, Ноле те силува, кој и да си, кога е у прашање истиот а денес тоа он максимално го искористи во своја полза.
Штета што во оваа фаза се играше мечов, уште 2 противника за Ноле до титула, сеуште ништо не е решено иако успеа да го совлада Надал, ова значи и тргање на бариерата која сите остали ја имаат против Рафа на РГ, па ко што Ноле гледа најидеална пенал прилика за него и РГ, истото важи и за останатите кои ќе одат all in на турниров иако секако шансите им се далеку помали од оние на Новак.
Факт е дека од друга страна па и Ноле у пм им одговара али тоа е друг муабет, сепак Рафа е Рафа за РГ.
Иначе за Надал, ова ко што рече Стеф, е огромен удар за него, па пишав и ја пред некој ден бе, Рафа ризикува, ако не го освои РГ, сезонава да остане без слем, е сеа рачунајте дека поминаа и три мастерси каде он не триумфираше а губеше од Мареј, Вавринка и Ноле, да, ќе звучам лудо ама човеков сезонава може да ја изгура и без титули на слем и без мастерс. Да не рипате одма, станува збор за можно сценарио, фактите се такви и тие велат дека шансите за вакво нешто да се деси се изгледни, постојат, какви и да се, а тоа само по себе е лошо за Надал зашто за тенисер од таков калибар овој муабет не смее да се начнува.