Натпреварот вс Гофин, е оној во кој Федерер ќе мора многу да го подигне нивото, не дека Гофин е многу силен противник, но мора да влезе во ритам за мечевите што следуваат, ако тоа не го направи и ако игра екстремно пасивно како денес, може да се збогува од RG во следната рунда во случај ако се одлучи повторно да игра пасивно и утре. Ако се случи тоа, нема да влезе спремен на поголем предизвик вс кој треба да игра агресивно, а не е спремен за тоа заради претходната пасивна игра.
Против Бердих со пасивен тенис нема да се снајде добро.....Федерер е тип на играч на кој му требаат неколку мечеви за да влезе во ритам, поготово на земја, често пати имал лоши воведни натпревари на RG, така што мислам дека овој меч е последна шанса за да ја најде својата вистинска игра, во случај ако ова до сега што го гледаме е само тактика. Ако не се работи за тактика, толку од него на овој RG. Иако сум фан морам да признаам дека доколку ваквата тактиката драстично не ја смени на време т.е. задутре, нема што да бара во мечот со Бердих.